Фан клуб - РК Вардар

Треба да ги отпуштат и Диви и Милиќ, да се донесе Ивиќ, а трета опција да биде Кизиќ од младинците на пример :D


За голмани мислам дека му е доста на Диви, а Милич може да го смениме со Ивиќ од Загреб иако тешко тоа. Мислам дека одлично би се надополнувале со Штербик, а и ќе учи од зверов.

У април ова сум го пишал и баш сеа ме потсети.

Колку би коштал бе?

Ем остануе на Балкан ем доаѓа у тим со амбиции до небо па не би требало проблем да е да го убедат.
Башка Штербик му е партнер.
 
У април ова сум го пишал и баш сеа ме потсети.

Колку би коштал бе?

Ем остануе на Балкан ем доаѓа у тим со амбиции до небо па не би требало проблем да е да го убедат.
Башка Штербик му е партнер.

Германија е ветена земја за играчите од РК Загреб ...
 
Ептен сум анти кладилница и ич не ми се прават тие муабети,али ова е чиста местенка.
 
Втора наместена/намерно изгубена утакмица после реваншот со Металург пред 2 сезони...
Мислам дека имаше уште некоја со слични нелогичности, само не можам да се сетам која.
 
Некев да пишам пред некој ден дека нешто не штима со наводниот стомачен вирус и дека нема да патуват тие играчи. Абе луѓе се трујат со хемија па за ден два се кукурек а не стомачен вирус. Како може да знае уште пред 5 -6 дена дека нема "да оздрават".
Џамбо виси во тимот па е лесна мета за стегање за муда и си ги пушташе топките. Да го поставев стапот од закачалката барем 4-5 топки ке го погодеа, а Џ бегаше од топките ко од ѓавол. Дивиот две одбрани и надвор, Македа изгледа не знаеше па се разигра и ја држеше во егал утакмицата. Горбок надвор да не распали па ете и без голман да тепате. Фичо гол и одма надвор.
Сето ова делуваше некако испревртено и надвор од здрав разум, чудни околности и некоја чудна магија што фрла огромен сомнеж.
И пак ке речам сукало да исправевте на голот барем 5 пати ке го погодеа
.
Незнам дали се води статистика ама сигурно не постои екипа со три голмански одбрани, во ниедна лига а најмалце во лига на шамиони и тоа од екипа што брка влез за Ф4
Штета за МК ракомет и за најверните подржувачи што си го сакаат клубот, кој за нив е не е само клуб, туку начин на живеење.
 
Се согласувам дека беше многу сомнително, нооо ... Не знам, не знам ... :nesumjas::nesumjas::nesumjas:
 
Де бе луѓе изгубиле една утакмица и одма местена(типичен македонски муабет) , ова е ЛШ не е заебанција , ја гледав утакмицата и голманите ништо не одбранија денес , ма да и одбраната изигра слабо ..
Знаев дека ке биде тешка без Штербик ,голманот ти е пола екипа во секоја екипа , точно е дека и Раул имаше некои утки денес како на пример тоа што го играше Лацкович , нека си оди во пензија подобро бидејки 5 напади усра а даде само 1-2 гола ..
Нападот беше добар , ама голманите катастрофај јбг
 
Многу нелогичности имаше на утакмицава, не сакам ни да помислам дека е местена. У случај да не е, ова е пораз што иде на душа на Гонзалес. Се изгуби човекот, не знаеше кај тера. Посебно у второ полувреме. Нема логика да го играш цело полувреме со Лацкович напред-назад.Па човекот едвај оди... Нема логика Горбок бар малце да не влезе у игра у второ. Циндрич цела утакмица ја преседе на клупа. Брумен исто. Секоја чест за Македа само, играчиште !! :cuc:
Тоскич сигурно можеше да продолжи да игра, немаше потреба у клучните минути да играме со Абутович на пикер, а после и како десен бек:facepalm:
Страшно, незнам што да кажам. Убеден сум дека ќе ги тепаме и Киелце и Барса дома, ама не смееше да се дозволи овој пораз.
 
Прво, Раул во ракометот не е од вчера ниту е нов во Вардар па да незнае кој играч колку може и колку му фаќа црпката.
Второ, не е Милич толку лош голман да неможе две топки да фати, абе за 50 мин по закон на вероватност барем две ке го погодеа ако се постави како што треба.
Трето, како можеа да ги отпишат играчите 5 дена порано. Токму ова ме наведува на секаква помисла бидеќи прерано се откажаа од нив, дури ни под знак прашалник небеше поставен нивниот настап туку децидно беше објавено. Ама ич ми нема логика.
Првично мислев дека е некоја тактика за одмарање на играчите, само ми беше чудно што нема да има замена за Македа, но јбг.
Што и да е не е ок, ете нека не е пуштена. Која е логиката да се потиш за поени против Барса а од друга страна да се откажиш од сигурни поени, стварно незнам
 
Последно уредено:
Прво, Раул во ракометот не е од вчера ниту е нов во Вардар па да незнае кој играч колку може и колку му фаќа црпката.
Второ, не е Милич толку лош голман да неможе две топки да фати, абе за 50 мин по закон на вероватност барем две ке го погодеа ако се постави како што треба.
Трето, како можеа да ги отпишат играчите 5 дена порано. Токму ова ме наведува на секаква помисла бидеќи прерано се откажаа од нив, дури ни под знак прашалник небеше поставен нивниот настап туку децидно беше објавено. Ама ич ми нема логика.
Првично мислев дека е некоја тактика за одмарање на играчите, само ми беше чудно што нема да има замена за Македа, но јбг.
Што и да е не е ок, ете нека не е пуштена. Која е логиката да се потиш за поени против Барса а од друга страна да се откажиш од сигурни поени, стварно незнам

Зошто со квотите од против Колдинг и утре против Загреб ќе можеш да си покриеш добар дел од буџетот.
 
Каков намерен пораз бре, што ви е? Ова беше класичен пример за несериозен пристап кон една утакмица, веројатно мислеа дека со ноншалантна игра и мало стегање и „вистинска игра“ од 10-15 минути ќе ја добијат утакмицата. Мислам дека сакаа да изиграат нешто како Барселона со Кристијанштад, демек без многу залагање и трошење на сили, посебно во одбрана, да го одржуваат резултатот и со мало „гризење“ во второ полувреме да однесат минимална победа. Така Барса го доби Кристијанштад само 2 разлика, така многу пати изиграле големите тимови против аутсајдери, така изиграл и Вардар неколку пати последниве години само што прв пат денес тоа им се одби од глава, против дисциплираните Данци на кои згора на се и им се погоди денот, за разлика од нашите голмани, и тие мали нијанси се доволни да пропадне планот.
Нема никакви чудни работи ни околу тимот. Во интервју пред мечот Раул кажа дека Хорбок се жалел на повреда, цела недела воопшто не тренирал и не знае колку ќе може да го користи, веројатно осетил некоја болка за време на утакмицата и затоа го оставија на клупа. Филип голот и изнудениот пенал ги имаше кога имавме играч повеќе на теренот, а веќе две години тоа е единствениот период кога он игра. Диви и Милиќ имаа горе-доле слична минутажа и двајцата беа исто ужасни. Единствена грешка е играњето на Абутовиќ на десен бек кога Македа беше исклучен, при подвижен Циндриќ на клупата кој ќе ја проретчеше одбраната ако ништо друго, ептен бевме заглавени тие минути и мислам дека тогаш ја направија клучната предност.
Кривицата за поразот е кај Раул и лошата тактика за дуелот, али не (сакам да) верувам дека имало некакви нечесни игри.
 
Втора наместена/намерно изгубена утакмица после реваншот со Металург пред 2 сезони...

Ама без заебанција. Ми текна веднаш на тој натпревар. Бев во сала тогаш и тврдам дека на полувреме нешто се случи. А инаку не сум човек што верува во такви кладилничарски теории на заговор. За овој денешниов, не знам. Барем топката не им лизгаше од раце како на тој меч пред две години.
 
Според мене(нормално при претпоставка да е наместена утакмицата), не се лажни болестите, туку им светнало на управата дека е ова погоден момент за билдање капитал в кладилница, бидејќи друга шанса за 6 коефициент на гости ќе нема, а дома сигурно нема да се резилат да губат намерно, плус неиграњето им е изговор. Ми чкрипи само како Раул би прифатил такво нешто.

Нелогичности има и во едното и во другото тврдење...нема да е првпат да се мести, јас досега немам ми се чини видено или слушнато за 0 одбрани на голманите во цело полувреме, ама пак Раул, Тимур и остали да прифатат вакви долни работи...?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom