Фан клуб - РК Вардар

Не може од иста земја два тима да има во иста група,освен од Германија али каде прво ќе бидат распоредени Киел и РНЛ па после ќе се види со кој ќе иде Фленсбург.Некој парови се веќе дефинитивни:

Барса-Рнл
Киел-Загреб
Веспрем-Висла
Киелце-Сцегед
ПСЖ-Фленсбург
Вардар-Монпеље.

Уште после прво и второ влечење цела група ќе се знае на вардар.За сега е Вардар во група со Монпеље ,зависно од Веспрем/Киелце ќе се игра со Висла/Сцегед и зависно од Барселона/Киел со Загреб/РНЛ.Остануваат само Колдинг/Цеље и Кристиандс/Бешикташ за влечење.

Јас би ги одбрал Киел,Киелце,Вардар,Колдинг,Сцегед,Загреб,Бешикташ и Монпеље.Искрено на Вардар многу му се погоди делењето по шешири,каква било група да се извлече нема да биде потешка од оваа сезона.Веспрем е единствениот тим кој не би сакал да се падне.
 
Последно уредено:
Да во овој случај по второ влечење ја знаеме скоро цела група. Ако го извлечат Кил значи играме и со Загреб ако го извлечат и Киелце значи играме со Сегед.
 
Абе ја реков нешто ново направил. :kuracc: Вакви видеа моеш да им пушташ на Металург за Јана Војводиќ. :гик: За Карабатиќ не е потребно, го знаеме. :D
Шала на страна за животно се работи. Кога пратев случувањава околу Балиќ и неговото пензионирање, колку фама се крена и кога ќе направам споредба што има овој постигнато и како (ова е најбитно заеби талент како Балиќ ако не си прав спортиста и знаеш да го искористиш), после неговото пензионирање водечките лица во ракометот треба да имаат третман према него како Џордан во кошарката.
 
За ждрепкава вечер очекувам дека ке ни се паднат Барселона, Киелце, Целје, Пик Сегед, РНЛ, Бешикташ, Флензбург.
 
Шала на страна за животно се работи. Кога пратев случувањава околу Балиќ и неговото пензионирање, колку фама се крена и кога ќе направам споредба што има овој постигнато и како (ова е најбитно заеби талент како Балиќ ако не си прав спортиста и знаеш да го искористиш), после неговото пензионирање водечките лица во ракометот треба да имаат третман према него како Џордан во кошарката.

Добро, со фудбалски термини милсам дека идеална е споредбата:

Роналдињо/Меси/рандом-јужноамерички-играч (Балиќ) vs. Роналдо (Карабатиќ)

Дефинитивно е животиња, максимално го користи тоа што го знае. Најголемит проблем му е мизерниот карактер и тоа што е пичка кога губи. Кошаркарскиот Леброн Џејмс, со него би го споредил не со Џордан. :D

Лично не ми се допаѓа и ради тоа што многу игра на сила. Пола од головите, доколку биле постиганти од друг играч би ги свирнале за фаул у напад. Ама е животиња, не моеш да го додржиш и иде ко тенк у одбраната. Не можеш да го изолираш со фластер затоа што 1на1 нема да го издрибла ама ќе го изгњави кој било дефанзивец и ќе го влече сосве него. Ми текнува како ги тегнеше Хрватите на последното ЕП, живи се јадеа. :D

За неговата полуконтра па да не збориме, тоа му е можда и главниот адут.

Како и да ја вртиш не може никој да го негира тоа дека е играчиште, може да му се наоѓаат замерки и лично да не ти се допаѓа неговиот стил, ама постигнатото во кариерата говори доволно.

Така, мене ми е одбивен, ама не го прави тоа слаб играч.

За ждрепкава вечер очекувам дека ке ни се паднат Барселона, Киелце, Целје, Пик Сегед, РНЛ, Бешикташ, Флензбург.

Џабе го посакувате Фленсбург. Не може да се падне ради тоа што ПСЖ е во ист барабан со Вардар, а Фленсбург во ист со Монпеље. Така да ради тоа што не може два тима од иста земја во група (освен трите Швабски) ПСЖ не може да се падне со Монпеље, ќе мора да игра со другиот од тој барабан - Фленсбург, апропо Вардар со Монпеље. :)
 
Не го знаев ова последново затоа така и прогнозирав. Моја грешка.
 
Не ми се верува Металург колку се среќи дури и во Ц и Д успеаа некако да ја добијат најциганската можна група.
 
2015-06-26-20.33.16-640x360.png

Отприлика изедначени групи вака по "имиња" ќе видиме дали истото ќе биде на терен.
Колдинг за нијанса подобар е од Целје, ама па Колдинг сега без Ким Андерсон е друга екипа.
Кај нас е РНЛ како потежок противник од Загреб ама затоа па во другата група е Фленсбург кој што прави сериозна екипа со одлични засилувања за идната сезона.

Борба за место тешко е да се предвиди. Ќе идеме меч по меч а клучот е во утакмиците на гости.

Во споредба со минатата сезона сега ќе имаме каде каде повозбудлива групна фаза и борба за места.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom