Поради семејна прослава не можев да одам, жалам што не го гледав мечов во живо, што не бев во салата каде за последен пат им го турија нашиве со се јајца да го паметат за цел живот. Кале била и остана неосвоива тврдина.
Но сепак иако далеку од сала кога сака моментот се погоди на мобилен ми стига порака дека Вардар победил и во тој момент засвирија Ој Вардареее.... да пукнат душманите.
Прво си ги испрочитав коментарите тука и го пуштив натпреварот да се уверам во се што напишавте.
Репризата ја гледав накај 2 по полоноќ и беше вистинско порно.
Комити браќа



за атмосферата на тв од 60 мин само 3 пати се слушнаа Пиративе, останатото доминација на трибина. Браво, само уште вака да грмевме и на фудбал одлично ќе биде.
Доминација на трибина, но и на терен, Горбок како ли лани не те земаа

Шишкарев исто пријатно ме изненади, браво за дечкото,Штербик си ја покажа класата ги отпиша, останатите на висината на задачата, можеше Терзиќ привремено да го замени Душебаев, особено кога веќе се знаеше победникот, Дибиров може на моменти затаи, но пируетата беше како и што секогаш завршува порното

Секако дека не треба да летаме, убаво е кога ќе се победи металург, но ако денот по утрото се познава ќе гледаме моќен Вардар, ме радува дека сфатиле дека и мечевите од СЕХА лигата со нив се важни.
Ѓукиќ школа на Миркуловски за провоцирање, браво го научиле нешто копилето.
И секако да не ги заборавам Видевски и Југо знам дека читате Кајгана олабавте малку со пристрасното коментирање очајни сте!!!