Фан Клуб: РК Пролет

Пролет е засилен со бекот од куманово Ангелевски и голманот Перо Мисовски!!!
 
3. коло Европски Челинџ куп
Денеска 2 декември прв меч 20:00 часот Тинекс Пролет-Вакер Тун (Швајцарија)
Утре 3 декември реванш меч 17:00 часот Вакер Тун-Тинекс Пролет
Двата меча ќе се одиграат во швајцарскиот град Тун, а ќе ги судии ќе бидат Алан Стокс Брајан Бартлет од Шкотска. Делегат ќе биде Стефан Југ од Словенија.
Избраниците на Илија Темелковски ќе се обидат да се претстават во најдобро издание..
„Ние ја имаме аутсајдерската улога, но одиме во Тун да се претставиме во добро издание. Ослабени сме во однос на минатата сезона, но среќа наидовме на разбирање од екипата на Металург која ни го отстапи Јовица Младеновски за овие натпревари, кој пак летово од кај нас мина во нивниот клуб. Не се залетуваме со ветувања дека ќе направиме голем резултат, но не одиме со бело знаме. Имаме квалитет да се вратиме со бел образ“ - вели за „Македонски спорт“, Илија Темелковски.
 
Прв меч вчера 3. коло Челинџ Куп
Тинекс Пролет-Вакер Тун (Швајцарија) 19:27. На полувремето Пролет водел со 9:8.
Реваншот се игра денеска во 17:00 часот.
2011-12-02-WackerThun-ProletSkopje-LucaLinder.jpg
 
Реванш дуел 3. коло Челинџ куп
Вакер Тун-Тинекс Пролет 25:20 (11:8)
 
СТАРАТА СКОПСКА ПРИКАЗНА РК ПРОЛЕТ
Во населбата Пролет во центарот на Скопје која изобилувала со многу маалски спортски дружби изразени преку фудбал, кошарка и пинг-понг, меѓу „пролетовата" младина се родиле и талентирани ракометари и ентузијасти од кои потекнува еден од најстарите македонски ракометни клубови.

http://off.net.mk/offside/rakomet/starata-skopska-prikazna-rk-prolet#21
 
У која сала играат Пролет ? :unsure:
Знам порано играа у Расадник.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom