@Goran Bt
Лани официјално, кецот зеде 16.500.000 и двојката 6.300.000= 370к, од општина ти барем ги гледаш седниците, кога Диме директорот имаше пред два месеци излагање кажа дека и за ланска година не се исплатени тие 250к. Замисли во фудбалот да не беа исплатени, ќе не снемаше како клуб. А во ракометот имаме развој и без нив. А шо ако ти кажам дека сме околу 1.5м со трошоци, ќе верваш? Или пак ќе си прајш со умот бајрам поќе пишат за да оправдат средства или не знам која теорија ...дали знајш за кој луѓе то го збораш?? Па тие нема потреба бе овие работи да ги прат за некоја си стотка. Не салите горан, се шо има општината како ресурс треба да им се излези во преерет да се задржат. Спомнуваш фирми добивки загуби, прво не е наше то да го дискутираме нити треба да не интересира, второ брат, реално не разбираш и не знајш книговодство. Си слушнал нешто и збораш, а не е така. Али ај да не навлегвам не е битно то.
Викаш битни се резултатите, да. Ти цениш титула, да исто и јас велам дека таа се брои. НО, за мене побитно е шо се вративме на ракометната мапа повторно после 16/17 години. Битола година и пол е ракометно размрдана, лани беше прва сезона на Еурофарм Пелистер со публика. Аек, Спортнг, Вардар, Кадетен, Нексе...беше пак убо да се види полна сала, да си битен. Скопје, Белград, Кавадарци напрајвме врв гостувања. Е тој резултат јас поќе го ценам, оти за другиот резултат не зависи само од нас, оти не заборавај сепак за ривал имаме двократен европски шампион шо лани имаше без малку 1м поголем буџет од нас. Топки сме немале, молевме кај шамбата за маички за тренинг, исти дресој сме носеле по неколку сезони, дома сме переле опрема, школите не постоеа, со радовиш се мaчевме во гости нерешено да извајме, за разлика од сега...греота е да речиш нема резултат. Барем то шо зависи само од управата.
Пак ќе речам за се за се за се да се коментира и критикува од игра до трансфер политика, но да се исмевам шо некој грдни пари СОПСТВЕНИ дава во клубот шо го сакам е со најблаг збор, нефер.