Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Кој систем? кога од сезонава под Валтер имаш тотално нов систем за разлика од тој на Бабиќ.

На начинот на работа...
Сакаше да каже дека не се технички потковани и не можат да се вклопат во тој систем а младите успехот кој го имаа прошлата сезона се осврнуваат на индивидуалноста, на кодициската припрема и моралот (страв) кој им го наложува тренерот.
Затоа ќе мора малку подолго време да се прилагодат.
 
На начинот на работа...
Сакаше да каже дека не се технички потковани и не можат да се вклопат во тој систем а младите успехот кој го имаа прошлата сезона се осврнуваат на индивидуалноста, на кодициската припрема и моралот (страв) кој им го наложува тренерот.
Затоа ќе мора малку подолго време да се прилагодат.
Не се слагам дека толку технички не се потковани, физички повеќе би рекол (снага најмн).
 
(y) :kruna:


:uzi:
 
Последно уредено:
ДО 15 СЕПТЕМВРИ ПРОДОЛЖЕН РОКОТ ЗА ИЗРАБОТКА НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА МОДЕРЕН СПОРТСКО РЕКРЕАТИВЕН ЦЕНТАР ВО БИТОЛА

На први јули годинава, општина Битола, објави јавен конкурс за избор на идејно решение за спортско рекреативен центар, кое ќе биде во согласност со сите параметри зададени во Деталниот Урбанистички план ДУП за АРМ, Четврт 2. По писмено барање на заинтересираните субјекти, доставено преку електронскиот систем за јавни набавки, имајќи предвид дека траењето на конкурсот е во период кога се користат и годишни одмори, истиот е продолжен за 15 дена и крајниот рок за доставување на понудите или пријавите за учество е: 15.09.2022 во 13:00.

Условите во конкурсот остануваат исти, а целата документација поврзана со истиот е достапна на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/konkurs_dokumentacija_idejno/.

Според условите во конкурсот, идејното решение да треба да се изработи со најоптимално искористување на просторот предвиден за градба и ориентацијата на објектот како и најблизок пристап од влезот во парцелата.

Позиционирањето да биде така што ќе обезбедува најповолно непречено одвивање на сообраќајот предвиден според потребите на спортско-рекреативниот центар и најблиска и најлесна комуникација за пристап на возила како надвор така и внатре во објектот.

Функционалното решение да се проектира за капацитет од 5000 гледачи, да овозможи најдобар и најбрз влез и излез на гледачите, односно да има посебен службен влез (за ВИП личности, за спортисти и спортски работници, делегати, судии и др.) и јавни влезови за гледачи.

Сместувањето на гледачите во објектот да биде задоволено со пропратни секундарни содржини.
Објектот да биде проектиран според потребите на намената Д3 спорт и рекреација со имплементација на:

1. примарни функции - содржини
- сместување со капацитет од 5000 гледачи со ВИП ложа во затворено гледалиште (кое ќе има трибини од сите 4 страни)
- место предвидено за ТВ екипи, спортски работници (новинари, коментатори и др.)
-ракометно игралиште (кое во основа е со димензии 40 х 20 метри)
- кошаркарско игралиште
- одбојкарско игралиште
- фудбалско игралиште за мал фудбал

2. секундарни функции - содржини
- сувенирница
- ресторан и кафетерија
- една одвоена соба за судии (мин 15 м²) и сопствен санитарен чвор, чајна кујна
- простории за администрација и сала за состаноци
- гардероби за екипите со минимум 30 м² со соодветни санитарии јазли за секоја екипа поединечно
- две простории за масажа (за секоја екипа посебно)
- простор за репортери и новинари
- санитарни јазли за посетители
- посебни влезови за посетители и за персонал како и службен влез во објектот

3. пратечки функции
- простории за електро, машинска, телекомуникациска и друга опрема и инсталации

4. помошни функции:
- простор за персонал
- паркинг простор надворешен и внатрешен сообраќај (димензиониран согласно Правилникот за урбанистичко планирање)
5.сервисни функции
- комуникација - физичка врска помеѓу просториите

Примарните содржини - игралишта да бидат дизајнирани во повеќенаменски мултифункционален простор - сала во која што на еден простор ќе се изведуваат повеќе активности.

Vaka ako bidi po pisanoto ima nadez samo da ne se prijavi nikoj togas go ebavme ezot

Sent from my CLT-L29 using Tapatalk
 
5000 gledaci sala e mala...
uste prviot den pishman ke se prat!
abe vo ova sala imame nad 5000 sobrano
prvata pobitna utakmica pak ke nema karti i ke cekate redoj za karta od sabajle i ke se zalite na forumot...
abe ednas sala se praj za navek, naprajte ja kako so treba...
ako nemate proekt, kupete go proektot od jane sandanski salata na vardar...
ni poveke, ni pomalku...
 
Таман е 5 илјади капацитет за салата,исто како шо е доволна новата трибина со реновирана стара за стадионот, дури и стадионот е со претерано голем капацитет. За два викенда годишно вреди да се купи стан во Охрид? Нека си го напрат саличето до крај на мандат и да си свиркаме, таман ќе биди.
 
Таман е 5 илјади капацитет за салата,исто како шо е доволна новата трибина со реновирана стара за стадионот, дури и стадионот е со претерано голем капацитет. За два викенда годишно вреди да се купи стан во Охрид? Нека си го напрат саличето до крај на мандат и да си свиркаме, таман ќе биди.
Споредбата не ти е на место. Фудбалот е 2ра лига, нека се борат за први 3 места во ПМФЛ ќе видиш дали е претерано голем, гарантирам дека цел ќе се полни секој втор натпревар.
И нема да ја користиме салата една година па ај доволно се 5к, ќе си седи години и години, генерации ќе се сменат, шо значи ќе се искористи. Нема да е баш 2 викенди :)
 
Ете и Мзт во конзервата се претураја луѓе секоја утакмица(потенцијал до плафон, на максимум 15 минути одалеченост од салата 100 илјади жители шо го идолизират клубот) , па дојде нов Јане Сандански и продолжија со доминација во кошарката, па незнам ни дали досега ја имат наполнато новата сала. Пак ќе речам за 2 пати годишно нема потреба од мегаломански барања. Слободно прозивајте ме ко ќе се бара карта плус за стадионот и се надевам новата сала, јас лично ќе му ги дам мојте карти.
 
Ако има услови за репрезентацијата да игра во Битола, и стадионот и салата секако ќе се распродаени. За такви утакмици не го рачунајте само капацитетот на Битола, тукани Прилеп се, Крушево, Охрид, Ресен, ДХ...Не се само на Пелистер утакмиците, концерти..
 
За полнење еднаш до два пати годишно, не вреди поголема сала, шо фајде ко на секоја утакмива ќе зјаи празна, е се ќе се погоди од време на време фул. Оваа сала сега шо ја имаме, последен пат кај шо имала публика 5000 души било пред 20 год. Моменталниот капацитет е измеѓу 2500 и 3000, така да поќе од 3000 души не сме ја наполниле. Стадионот наш нема никогаш да го наполниме, чабе толку голем, треба конццерт од светски размери да се одржи, Павароти од гроб да стани за да го наполни, а инаку ќе биди вечно празен. Ни под разно да не се прај истата грешка ко со стадионо.
 
Ako mu e cel na upravata ls sala pomala od barem 6-6.5 e samoubistvo . Ako se igra ls , seha ne ke da e 2-3 pati godisno polna
 
Абе и за Л.Ш. нема картата да е 200, па ко ќе се соберат Л.Ш. Сеха, домашна лига, не сезонска ништо не спасва, немаме толку богато население за да се има континуитет при полнење на сала. Сосема доволно е сала за 5000, вистина некогаш ќе галат карти, ама поголем дел од времето ќе седи празна. Дополнително колку е поголема, толку повеќе пари за одржување повлеква, ние една Младост не можиме да ја стопанисуваме ко шо треба, не па чудо од сала. Има мн аспекти за разгледвање и можи жирока дискусија да се поведи за истот, ама вервајте дека 5000 седошта е сосема доволна бројка.
 
Нека ја направат како "Борис Трајковски" и не треба ни повеќе ни помалку, имаат готов проект земи преадаптирај го и толку. Сум бил многу пати делува огромна а нема толку седишта како шо делува. Битно да е комфорна и да исполнува услови за ЛШ, репрезентација и првенства европски/светски....
 
5000 седишта со сите стандарди и трибини позади головите е сосема доволно.
Денес е спонзорот утре не е... Ако недј боже се повлечи Стерјев, едвај 1000 луѓе ќе се вртат на трибини.
Да не си прајме бајрам со умот џабе, да се надеваме дека било какво решение ќе се прифати и ќе се бајда средства да се изгради.
Врвам навечер покрај стадионот, колку само убаво изглеа трибината, го урбанизира цел простор а бее грдосија, темници, џанкери се мотаја таму само... Дајбоже да се најдат средства да се дозаврши стадионот и да се почни салата, градот ќе добие два објекти од витално значење.
Како стојат работите сњ повеќе мириса на превара ова со салата и калкулирање со тајмингот пред избори. Дајбоже да ме демантираат ама самото продолжување на рокот за идејното решение е лош показател.
 
5000 седишта со сите стандарди и трибини позади головите е сосема доволно.
Денес е спонзорот утре не е... Ако недј боже се повлечи Стерјев, едвај 1000 луѓе ќе се вртат на трибини.
Да не си прајме бајрам со умот џабе, да се надеваме дека било какво решение ќе се прифати и ќе се бајда средства да се изгради.
Врвам навечер покрај стадионот, колку само убаво изглеа трибината, го урбанизира цел простор а бее грдосија, темници, џанкери се мотаја таму само... Дајбоже да се најдат средства да се дозаврши стадионот и да се почни салата, градот ќе добие два објекти од витално значење.
Како стојат работите сњ повеќе мириса на превара ова со салата и калкулирање со тајмингот пред избори. Дајбоже да ме демантираат ама самото продолжување на рокот за идејното решение е лош показател.
A ako dojdi nekoj pojak od sterjev ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom