- Член од
- 5 април 2013
- Мислења
- 3.432
- Поени од реакции
- 7.187
Интересно е дека 3 од 4те најавени странски засилувања за идната сезона, доаѓаат од француската лига.
Од една страна, супер, се работи за проверена лига, ако имале успех таму, дечките секако имаат квалитет. Дел ни се повеќе познати, дел помалку, ама ниту еден од 4цата не е анонимус.
Од друга страна, баш ме интересира што значи ова за кој ќе биде тренер идната сезона. Некако овие трансфери како да ми немаат логика со Жељко Бабиќ. Дали се работи за некои агент/и со француски конекции, необјавен тренер за од идната сезона, со искуство од Франција, или нешто трето, ќе видиме... Реално доста невообичаени трансфери за балканот. Нема некои традиционални конекции овде, барем не на прв поглед.
Знаеме од прилика кои македонски тренери имаат искуство во Франција (тренерско или играчко). Знаеме и кои балканци погенерално терале кариера таму. Дали натаму води приказната? Не знам, но со вакви трансфери не личи дека столицата на Бабиќ е стабилна. Напротив.
Друга страна е што е со странците кои веќе се во екипата. Со 4 нови има само уште 2 слободни места. Во принцип можно е и повеќе да донесат па некој да одмара во домашното првенство (ова е според мене погрешна стратегија, поарно 6 поквалитетни кои можат да играат секогаш отколку квантитет на играчи кои само ќе зема пари, а нема да биде возможно да има голема улога. За 4цата во Татабања е јасно, исто и Табоада. Но што е планот со другите 4, Радович, Мандалинич, Граџан и Божич Павлетич? Се планира ли воопшто друго странско засилување од надвор или останатите 3 места ќе се пополнат со некои од постоечките играчи?