После еден ден, прегледана снимка, можам да заклучам дека ни фалат уште играчи ако сакаме да се носиме со Вардар, вака уште се поквалитетни од нас....
На толку еуфорија, возбудувања, надеж, очекувања, само во Битола испаѓа обратното

Многу недисциплирана екипа, веќе неколку пати кажав, втор пат ни бегат бодови од раце, како само успеа Мандалиниќ така да додава, си чекаше Гаџа од зад грб полн плен....
Прво: Не знам со кој памет го остај Бабиќ еден од најдобрите играчи на последните утакмици и играч со најголем подем во формата да биди на трибина, Табоада, неговото отсуство беше осетливо и тоа многу !!!
Без класичен шутер во екипата, освен Мандалиниќ, ај се погоди ден имаше и Обрадовиќ даде 6 гола и беше одличен, ама со Раинер би биле уште поопасни.
Исто така јак и во одбрана, кради доста топки, крисен, да би размислел Бабиќ, побрзо би требало да го изостави Божик-Павлетиќ место Табоада, се плашеше изгледа да оди со Костески само на крило, одбрана е невидлив тој, а ќе требаше да се чува со Дибиров, кој пак од позиционен напад не даде ниту еден гол....
Второ: За кој го чуваше последниот тајм аут генијалецот Жељко, остана со картончето врака, место да се икористи ние од готово-вересија напрајвме....
После последната грешка на Вардар, мораше да си го остај картончето на маса и последните 20-25 секунди, да си ги изигра смирено екипата, која и таа беше во еуфорија, сега пикни си го вгаз Бабиќу....
Исто беше и со Спортинг кога на +1 Велковски тргна во напад на 10тина секунди и се излизга и примивме гол, чувајј топка алооо, па на 5 секунди исфрли ја во публика нека ја бараат дури да застани време на семафор не се чешат после....
Трето: На толку еуфорија, публика ние наместо да ги толчиме од старт и ние да сме тие шо први ќе се одлепиме резултатски, дозволивме да се шетаат тука и први да се одлепат на +5 разлика, после многу е тешко да бркаш, на 80% од утакмиците во ЕЛ + двете со Вардар стартуваме ептен лошо, после се бркаме резултатски, никогаш први да превземиме водство....
Време му е мислам на Бабиќ да се поздрави со екипата и среќно понатаму, не го вадаат ни 5те добри резултати во европската лига, со подобар тренер мислам можиме уште подобро, ниту една контра немаме напраено со то негово полако, полако. Јовиќ втората екипа ја има средено да играат како бундеслигаш, не е време за Јовиќ да го превземи првиот тим, нека остани таму, ама огромна е разликата во игра на двата тима....
Сега за следната сезона уште полошо ќе е со странците, се намалуваат на 6 мислам, така да ќе треба да се клај акцент и на македонските играчи (малце е глупо ова правило, ама и Мукаетов со Лазаров се за вгаз ебање синкир јаките играчи ги имаме).
Нешто шо вреди на страна се Миркуловски и Лазаров ама и двата се при крај на кариера, Пешевски (постојат реални шанси да се врати тука), Кузмановски (ташко би се вратил), Дарко Димитриевски (исто така реални шанси, не знам кај е сега, последено играше низ Шпанија негде), Манасков (нема сила шо ќе замини од Веспрем) и Ончев каде има одлична сезона и форма во Тримо. Другото не вреди и пак мора да се потпираш на странците или на домашни играчи каде тука сме во предност пред вардар, зошто имаме повеќе македонски играчи во првиот тим и млади ракометари кои одлично се развиваат во втората екипа.
Мора да се бара решение на лево крило, десен бек и пикер. Гаџа како го измота Мараш за последниот пенал


на лево, на десно не знаеше кој пат да го фати, ах како фали времето на екс легендите во ова дерби, каде бе порано вака кај Ќани ќе поминеше некој ? Одма дирек в заби, последен напад, па ако сака и два црвени картони нека дај, овде некој факинг Гаџа со мустак пубертетски лесно си се прошета на 4-5 секунди до крај низ зоната и си изнуди пенал....
Можеше Бабиќ и Кизиќ да го проба на последниот пенал, тренирале заедно со Дибиров на тренинзи, колку толку му знај рака повеќе од Мартон, каде му шутирале, ама БабиќУ освен полако, полако, друго не смислил. То е то.
Ќе треба многу работа за следните 2 утакмици и над човечки напори да се вложат и силна одбрана, за да ги добиеме следните два меча ако сакаме, особено тој во Скопје, со публика од Битола и плус Табоада во состав, постојат какви такви шанси, не смее да падни моралот на екипата, иако тие имаат брејк топка....
А како игра вториот тим, редовно ги пратам, а вардарци треба да гостуваат уште 2 пати Битола, пред полна сала, нема да ме чуди пак да се слизнат со нив, ама сега не знам дали ќе си дозволат да дојдат пак без Дибиров како тогаш, кога се виде дека му е 50% од екипата, знаат кај згрешија, ама се е можно...
П.С. Какво копиле Бутиот, прав ропак, се врти скока на публика, покажва среден прст, со некој нешто се скасаја, не го личи, 4 сезони играше овде, без патики дојде, му го пушеше на Ефто тогаш за да игра за Пелистер и вака бе? Абе се понајмило да ти изнаебам сељак си е сељак, излегол од Избишта ама тоа неговото си останало во него, со Спортинг седеше близу до копот на Чкембари, ќе ја заборајш салата за брзо ушло еден !