Цитирајќи ја изјавата на Муакетов која гласи - "Многу повеќе би ми значело да создадеме квалитетна база и за одреден период репрезентацијата на Македонија да освои медал, отколку Алкалоид да се најде на Ф4 турнирот во ЛШ"
Со изјавава јасно е дека немаат амбиции за освојување на ЛШ, јас мислам дека Вардар и Пелистер ќе останат главни конкуренти за ЛШ во минимум следни 5 сезони, а во тој период Алкалоид ќе се натпреваруваат во Лига на Европа, реално најдобро решение за нив.
Е сега после 4-5 години никој неможи да предвиди кај ќе се Вардар и Пелистер, јас би бил задоволен барем да се задржи континуитет па нека е и на ова ниво, тажно ќе е доколку и Вардар и Пелистер не опстојат и се вратат назад 15 години, општо и за македонскиот па и за европскиот ракомет.
За освојување на медал на репрезентација зависат еден тон фактори...
Не само во ракомет него и во фудбал кошарка итн..
Прво работа со деца (од ова не влијае изграње во први тимови)
Второ успех со децата на европски и светски.
Трето трансфери на децата на 19-20 години во странство ...
Остај тие муабети ние шо чекаме да не изгореле.. Па Лазаров на 19 замина во Загреб...во други репрезентации со 19 се стандардни во први тимови , кај нас се уште мали..
Зошто е кренат репрезентативен фудбал знаеш? Да не дека играт младинци во клубови ... Значи кренат е дека родителите вложуват во децата сами , а школите се тапа сите ...
Оти родителите бараат чаре за децата за странство оти со кој сакаш шо е подлабоко во фудбалот во мк млади категории разговарај .... Ти викат ако детето сакаш да успее , 15-17 барај му чаре странство...
Има и случаеви и кои успеале и подоцна ама се поретки...
Е сега разликата е ФФМ со РФМ тоа што во ФФМ многу улога игра кешарац и менаџери, додека и во РФМ го имаш тоа ама помалку значително ...
Исто така разликата е шо на запад земват готови играчи , не земват како во фудбалот (нема толку пари во овај спорт)
Дури не сватиме дека ако некој го бива да биди играч од светски калибар треба да е звер уште на 18-19 години , а не млад талент до 25 тогаш ништо ..
И зар мислиш дека со играње во Мак првенство дека ќе можат да парираат на играчи од Бундес Лига или незнам Француска ..
Значи основата е развој на школите од психолог , од исхрана од тренери од странство , од секојдневно следење на напредок на децата ....
Нека не кажва Мукаетов приказни , знаеш зошто е најдобар за деца Динамо , оти има 5 милиони евра буџет само за школата ,кај нас првите 4 екипи во лига фудбал немат толку вкупно ...
Значи знам дека е тешко изводливо ама ако се сака можи да се напрај , незнам јас би вовел задолжително да има мак играч под 21 година на терен минимум 30 минути во тек на една утакмица отколку овие глупи ограничувања ...Па нека акнат уште еден делегат , нека мери тоа , па така ќе мора да има минимум 3-4 играчи под 21 во екипа или не знам нека најдат друго правило .