Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Ако има промена на тренер во првата екипа, Јович е сериозен кандидат за негов наследник.
Каков брз ракомет форсира со дечките од втората екипа, да ти е мерак да ги гледаш на терен. За разлика од него Бабич форсира далеку побавен ракомет на терен.
Супер игра првото... Се надевам ќе ги чукнат и овие Бутел и ќе фатат приклучок за Европа.
Охрид се провлекоја на среќа минатото коло ама овие мислам дека ќе го примат словото.
 
Атанасијевиќ и крилото растураат:vozbud:
Штета, на полувреме според прикажаното требаше лагано 2-3 гола разлика да водат. Ај нека ги растурат во второво на старциве од Бутел, кои ништо не играат.
 
Mnogu ne seriozni vo poslednite dva napadi se gleda neiskustvoto brzopletosta i pregolemata zelba no sepak ne smeese taka da ja propustat sansata barem za nereseno pamet za drug pat jbg

Sent from my CLT-L29 using Tapatalk
 
Претпоследен напад Талевски фрла додавање со финта од зад грб на крило. Штета голема, изгледа отиде возот за Европа. А играат многу добар и модерен ракомет, како во одбрана, така и напред.
 
Еурофарм Пелистер 2 – Бутел 25-26 (14-14) Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола Судии: Димитар и Дејан Георгиевски (Скопје)
Еурофарм Пелистер 2: Ивановски, Бардакоски, Петковски, Пав. Атанасијевиќ 6, В. Димитровски 1, Митревски, Петровиќ 3, И. Димитровски, С. Талевски 7, Стоилевски 3, Пет. Атанасијевиќ 1, Дрогришки 3, Блажевски, Арсеновски 1
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 10 минути
Бутел: Даскаловски, Блажески, Младеновски 1, Ѓорѓиевски 3, Божиновски 2, Митев, Спасовски 6, Мојсоски, Милошески, Стојчевиќ, Печенковски 4, Трифковиќ 2, Јефтиќ 1, Василевски 2, Мајиќ 5
Седмерци: 7/6
Исклучувања: 12 минути
Можно е да е слика од 4 луѓе, people playing sports и внатре

 
Овие браќава Атанасијевиќ се дечките што до лани играа тимот на Аљушот?
 
Последно уредено:
@viliam5 Ти си бе Ванчо Димовски ? :D :pos:

Чефо ја еба утакмицата денес и сам е свесен, последните тајм аути бегаше, не ги слушаше од шо знаеше дека е виновен, прво со давања од зад грб, не знам кој ги учи вака или кој му е идол шо ги гледаат, после удар под блокот (ама ај за тој немаше време) ама можеја да изиграат многу подобро последните два напади, игравме и со два пикери можевме да искористиме, имавме најмалку бод во рака, подалеку беше победата зошто се враќавме од -5, ама лесно можевме да скиниме бод и на овие. Добро е шо докажавме дека нема лабаво со оваа екипа и можи да игра со секој, инаку далеку е овој тим од Европа, ама добро ги намачивме сите противници до сеа, освен високиот пораз кај Металург....

П.С. Доста пак со истите муабети битолски деца та битолски деца, во градот нема 5 асолни играчи кој би можеле да играат прва постава и да се надеваме на успех без разлика дали во ФК,РК или КК.
Сите во сите спортови добија шанса, кој повеќе, кој помалце, кој до максимум, и се виде кој колку вреди, тие шо вредеја се надвор. Ракометари ги спомнавте кои двајца вредат, во фудбалот немаме извадено играч времиња од последната генерација на фудбалери 91/92,и тие веќе играат надвор ама начукаја по скоро 30 години, кошаркари за иљач нема.
Побрзо би донесол 5 ѓупци во сите спортој и да играат за титула, отколку да се тешиме и кукаме битолски деца, а знајме каков му е квалитетот.
 
@Пеце
Nein, tut mir leid :D
Заборавив дека постои Димовски во ракометниот свет:place:
 
да, во рк алушевски, 2002 година се, има перспективна иднина во нив.
Како бе 2002? Нели по 21 година имале?
Ако се 2002 и двајцата заслужуваат повик во младинска репрезентација (2002 генерација), овај Атанасијевиќ 8кава за Тодески од Металург е Блаженко Лацковиќ и Паскал Хенс во едно, а и братму крилото не е лош, игра во одбрана на позиција 2, во иднина ваквите играчи ќе се итекако корисни и најмногу барани во модерниот ракомет.
 
Ако имаат по 19 години сериозни потенцијали се, а посебно 8-ката. Онакво шетање низ противничката одбрана и репертоар на шутеви ретко кој бек го има во лигава(надвор од Пелистер и Вардар нормално), а е дете од само 19 години.
 
Најинтересно од се е шо Атанасијевиќ близнаците се 2003, уште немат ни 18 години, а се издвојуваат во екипата.
Од друга страна интересна информација за нив е дека имат и БИТОЛСКО потекло, живееле во Скопје цел живот, додека нивните баба и дедо се од Битола и сеуште живееле во Битола.
Навистина се надевам премногу во нив, а летото ко ги дојсоа од Алушовски, бев најголем противник на нивнотот идење и се чудев зошто млади деца носат од Скопје, ко да нема во Битола, но дефинитивно згрешив, навистина имало нешто специјално во нив.

За крај Јовиќ со втората екипа прави невидени нешта и шо е најбитно веќе има извадено играчи шо можи да конкурират за во првата екипа.
 
Последно уредено:
Добро дај кажете колку точно имаат, еден 2000 се, друг 2002, трет 2003 :D
 
Да не ги повлечеа цветан и дарио, и да му ги даеја трајковски голманот, и танковски кој потполно ја има изгубено самодовербата, ќе беа нагазна мина за сите.... па и за 1961(оптимистички ова кажано). Танковски таман ќе можеше да докажи дека првите 6 месеци се само криза. Со овај потег сигурно ќе помогнеа и на првиот тим, како шо реков ако не напреа беља со 1961,барем ќе го умореа, а со другите ќе беа и поќе од рамноправни. Место да го засилат во плеј офот тие го ослабнаја вториот тим. Ама океј то е мое мислење, можеби не сум во право
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom