Конечно победа, срамота ќе беше овие да не се прегазат.
Тримо одигра исто како во Словенија, но за разлика од таа утакмица овде не грешевме.
Нивниот голман не фати зицери, имаше доста лесни голови од контра и ги решивме.
Навремено, без нервози.
Без можност да се врати противникот, како шо беше случајот со Кадетен.
На таа утакмица место да ги дотепаме во второ ние ги вративме од умрените.
Во вакви утакмици, кога имаш голема предност на полувреме, најважно е во второ полувреме повторно со една мала мини серија да ја одржиш разиката, после сам душманот ќе се предај.
Добро е, за самодоверба, за морал.
А, уште подобро е шо групата е изедначена на тие долни позиции, па со една победа со Татабања во гости, и дома да се тепат Гудме и Татабања еве не во игра и за втора фаза.
Но, за ова не треба многу да се замарат, има време, утакмица по утакмица.
Мандалиниќ топ утакмица, Кушан стандард.
Велковски конечно дочека 5 минути, најде село без кучиња и удри.
Додуша, против ваков противник срамота е да изиграш лошо.
За мене, позитив на денот е враќањето на Кукоски

, со него и без него не е иста одбраната.
Ги искрши од ќотече на средина, така се игра, да знај противникот дека нема лесно да помини пас на пикер или да има отворен шут, како шо беше во Тиволи прошлата недела.
Доста фалеше и на мечот со Кадетен, клучен играч во одбрана. Да играше тој макар и со оние голмани тешко дека ќе примевме 15 гола за едно полувреме, појќето од средина, на непоставен централен блок..