Беше интересно да се види утакмицата, каков бил ракометот и какви сме биле ние. Јас лично сум ја гледал утакмицата со татко ми, но сум бил прваче и не се сеќавам ништо
Што може да се забележи 32 години потоа...
Металопластика, тогаш најдобриот тим во светот, не воодушевува воопшто.
Прво тогашните тимови користеле 7-8 играчи, без многу измени. Пелистер нема салам десно крило, некој тип полу пикер со десна рака покрива цела утакмица отсечен таму.
Тоа е време пред Барса и пред бумот на Германското првенство.
Главна конкуренција се Советските тимови. Впрочем Вујович и Тучкин ке бидат носители на новата Барса подоцна.
Како и да е, европските прваци на оваа утакмица се буквално изгубени цело време. Вујович прав лидер, дрзок, конфликтен, со голови во право време, не се ни испоти цела утакмица, дава впечаток дека можи и дупло повеќе.
Тоа што ме изненади и што ме натера да го нашишам текстот е Манасков. Кој ракомет е тоа човече? Сме заборавиле изгледа. Кој Лазаров кој бакрачи. На Лазаров му го знам секој потег уште од дете и никогаш не бил на ова ниво. Лазаров 10 години градеше кариера. Овој на 20 години го буши европскиот првак кога сака и како сака цела утакмица.
Лазаров е типичен производ на "горната гимназија" со памет 20 години направи чуда, ама Манасков на оваа утакмица е од друга планета.
Малце за амбиентот. Судијата, савезни судија од Београд, со мустаци и стомак од муфте кафани.
Пелистер во бели дресови, уште една "варијација на тема".
Нема ни еден транспарент Чкембари, колку што гледам Чкембари што ги знам се над клупата на Пелистер, кон ѕидот.
Мате Шундовски уште тука е алфа и омега. Се секавам како влегуваше на утакмици во сала облечен во фрак, со плех оркестар, диригенска палка, и кога ке стигнеше до трибина пушташе гулаб кон навивачите. Истите оние кои го плукаа после.
И на крајот тепачката. Ја навести независноста. Вика Исаковиќ тепаја сите од полиција, до играчи и публика.
После тоа Битола беше независна од Југославија. Кога си бегаше ЈНА цел магацин димни бомби му остави на Чкембарите.
За година две почнавме друга борба против Скопје, за Битола да си го добие заслуженото место во нашата држава.
Тие беа "златни времиња" на Битола.