Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Zelo 1980 за која професионалност ти збораш бе чоек. Тренер шо се дери на играч после промашен пенал, плукнисе во тренеро. Јошко го напрајвте како да е Бог, дојде и го прероди Пелистер. За тренер да си треба да имаш понашање да имаш култура да имаш речник. Ова копито шо го возвишваш толку многу е многу далеку од тренер. КОЈ СЕ ТИЕ РЕЗУЛТАТИ ШО ГИ НАПРАЈ ТОЈ? Прекинете со овие малограѓански муабети како Еутофарм сака да го растреси Пелистер. Пелистер е растресен 13 години ко не постоеше Еурофарм. Со небулозни прикаски од тип на "КУРЛЕ САКА ДА НИ НАШТЕТИ НЕ НЕЈКАТ" стигнавме тамо кај шо сме. Имав прилика да работам и со Скандинавци и со Французи и Германци и можам да ти кажам дека нашите тренери се вошкари а ваквите како Јошко тамо ни карти неможат да продават. Во ваква ситуација двете страни добиваат санкција.Шо ако се погоди некој со краток фитиљ и го фрли на трибина? Значи овие СССР прикаскитемолам не ги пиши и тренери како ова копитото не ги возвишвај.Прекинете да го гледате Еурпфарм и да ги мерите со Еурофарм. Тие играчки се една деценија понапред од нас моментално. Нас не интересира ПЕЛИСТЕР и Шамбата шо носи тренери од времето на Моцарто. Земи изгледај 50 утакмици на Норвешка и кажими кога Берге му се дери на играчите или се понаша на клупа. Зато е Пелистер кај шо е од такви клошари како Јошко. Под хитно АУТ за Јошко копитото да ги сноси последиците и тој и испраќање на психијатар и психолог.
Да си тренер пред се треба да си Другар, Родител, Психолог па после да имаш ракометно знаење.
ne vozvisvam nikoj... coekot ako ima rezultat so taa metoda togas ne treba da mu zamervame... a nas ne mozis i nemoj da ne sporedvas so Norveska, Germanija i kaj i da si bil oti nasiot mentalitet ne e ist kako nivniot...eve ti primer sho bese drugar Tomce i Borce ne gi slusnavmw da viknat nitu ednas na igrac pa ne napraja nikakov rezultat jadevme od komsivkite po 10 razlika...A i da ti kazam pravo za navivaci vistinski na pelister ne ostanaja mnogu...site se mavat po gradi za Pelister a nigde gi nema po utakmici...i tie so idat edvaj cekat da izgubi Pelister da imat materijal za tracorenje niz grad!!! Od nasite si patime nikoj ne gleda na Pelister uste 200 godini nema da ima uspeh!! Kaj nas izgleda nejkat da go vidat Pelister mokjen!
 
@Zelo1980 пак со прикаската НИКОЈ НЕЈЌИ ДА ГО ВИДИ ПЕЛИСТЕР МОЌЕН И ТО КОМШИСКО ДЕРБИ. Сите сакат да го видат Пелистер МОЌЕН ама во моментот никако не успева. Е сега од која причина сами знајме. Имавме златен тренер го извркаја "АЛУШЕВСКИ". Најди ко сум пишал тука ко дојде во Пелистер шо се не изнапишав и се беше како шо напишав. Работеја без пораз екипата беше топ. И ШО НАПРАЈА? МУ ЃИ ДАДОЈА ПАТИКИТЕ за да дојдат вакви Аматери како Јошко. Е сега кој нејќи да го види Пелистер МОЌЕН? Раководството, Публиката или Комшиите. Публиката не го избрка, комшиите ни малце и значи кој остана? Зато СПОРТСКИО ДИРЕКТОР И ГЛАВНИО МЕНАЏЕР, мора да се најскапо платрни во цела екипа. За да не речат ај шо го ебам не трчам за 500 евра да се замарам. Него му се дава по 2000 евра и доколку"НЕ ГИ ОСТВАРАТ ЗАЦРТАНИТЕ ЦЕЛИ" и умислено наштетат на клунот да платат оштета. Тогаш да видиш како сите тренери ќе одат на едукации во Норвешка, Шведска, Данска, Германија и како ќе има успеси. За да имаш успех мора да напрајш база а за база мора да имаш капацитет и желба. Е сега желба ќе му бидат тие 2 бона месечно да врбоват 10 тренети шо ќе ги обучват максимално. Видиги Цеље итн. То е тој добитен принцип. Доколку сакаш успех мора со ладна гла да влегваш и во пораз и во победа а ние многу срчано го земаме сето ова. Нашата лига е како Бундес 3та со исклучок на 3 екипи. Шо значи голем број на договори да бидат "НЕПРОФЕСИОНАЛНИ" а играчите да работат"НЕ СИТЕ" по 4 саати дневно кај спонзорите и обавезно децата шо идат да се притискат да учат факултет, зошто неможи да бидат добри играчи доколку не се интелегетни а неможи да се интелегентни доколку не учат "ЏБОРАМ ЗА ДЕЦАТА ШО ИДАТ". Во оваја тематика мора да се навлези многу длабоко и да се тргнат и младинци и кадети од сите портали моментално да не летат многу зошто неможат 10 точни паса да дат едно по друго а веќе се ѕвезди и само се сликат. Ракомето, општо спорто е наука и мора да се пристапи научно а не аматерски и срчано.Доста е со овие СССР прикаски дека ќжсе рофи ново дете. Не не се рофи никакво дете него треба да де произведи а за то треба стратегија и правила и да се следат тие правила. Така ќе пораснат и тренерите и играчите и клубо.А во средина лај шо сите се борат како хиени за 300 евра плата и секој ден стотче за кафе од тато и мама, тогаш не барај успех, нема джникогаш да го најдиш и срчаното гледање на утакмици ќе биди се поголемо разочарување. Кај нас ракометарите ги напраја богој а уствари само 3-4 од нив заслужват едно големо бравос. Кога Србите ќе почнат да учат Македонски и сите странци тогаш заслужват д играт за Пелистер. Прво правило и тест за интелегенцика е то.Зошто тие истите играчи да не ги именувам сега тука во Пелистер шо идат како "ФАНТОМСКИ" засилување тие истите во Германија 3 играт и работат како Рецепционери во хотел итн. итн. А многу добро ги познавам појќето. Значи кај нас идат и ние се топиме на то ЈАОО КАКО СИ ВРАТЕ а во Германија "ARBAIT" без брате. Мора да се дај до знаење дека има колектив кој функционира како институција во спротивно ништо не прајме.
 
Ги мешате работите малце сеа и ја однесовте дискусијата во сосема друг правец, шо апсолутно нема благе везе со оваа ситуација со Резо и Јошко.
Никој овде не го возвишва Јошко и смешно е шо се потенцират некакви резултати, кога чоекот уште не ја има завршено сезоната. Само неколку утакмици го води клубот и пробва да си наметни свој стил на игра и начин на тренинг. Дали ќе има успех ќе резимираме на крајот, сеа е рано за такви дискусии.
Џабе споредвате скандинавски тренери со балкански тренери. Неспоредливо е, пошо темпераментот на скандинавците и балканците е дијаметрално спротивен. Ама то не значи дека балканските или екс-ју тренерите се помалце успешни или квалитетни од тие мирни и питоми спортски работници од север.
Сакате да кажите дека Вујо и Червар не ги пцујат играчите ? Не му се дерат на тренинг или на тајм-аут ? Не биле на работ на физички контакт многу пати со нивните играчи ?
Па истите тие се едни од најуспешните тренери во светот бре луѓе. Ама тие ако урлат по играчите, таму чини, ама во Битола ако дојди некој и пробва од ова распашана банда да напрај колектив и да спроведи дисциплина, тогаш тој е психопат, тој треба да се лечи и под итно да биди сменет оти на пар луѓе таму на трибина не му се бендисвал пристапот. Абе и то преку ако на некој од трибина не му се бендисва шо урла тренерот долу на паркет, ако то на крајот од денот носи резултати. И не ми реплицирајте со муабетот шо резултати има Јошко, пошо во почетокот на постот наведив дека чоекот нема никаков успех и е рано да се резимира. За неколку месеци ќе се види колку сработил и дали вреди да се продолжи наредна сезона со него.
И доста со тој муабет на релација Пелистер -> Работник и како едните сакат да му наштетат на другите.
Завршија сите приказни за евентуално спојување на спонзорите во еден клуб и двата клуба си терат своја приказна. Тие на една, ние на друга страна. Тие имат многу поголем буџет моментално и се во предност и највероватно ќе се изборат да се пласират во СЕХА догодина. Ние за жал дури не најдиме покрај ЕЛЕМ и Општината уште еден спонзор шо ќе го помести буџетот над тој лимит од 300К, ќе мораме многу да работиме дури да склопиме добра екипа за да се смешаме во битката за врвот. Ама мубетите дека Работник се светлосни години пред нас или дека се поорганизирани од нас не се сложвам, бидејќи не се ништо подобро организациски од нас иако имат многу поќе пари и настапуват во ЕХФ купот.
Иако имат многу пари, далеку се од стандардите шо ги постави Металург пред многу години кога напраја бум во ракометот кај нас и ја подигнаја летвицата многу високо, од аспект на организација, PR, играчки кадар итн. Ако беа организациски светлосни години пред нас, немаше во период од 2 години да сменат 650 играчи и 15 тренери.
 
Каква војна се води на ФБ, ауууу, до кај е дојден светот, односно до кое дереџе дојде спортот во Македонија, на ФБ профили да се решават проблемите..ГРЕОЈ.:tapp:
Техникото против сите:boksix:...бивши играчи на Пелистер, тренери од Балканот версус техникото, па седнал реплицира, вака така:pos:, па закани за кривични пријави, тужби за клевета и шо уште не.
Настрана се, срамота е бе на ФБ да се решават работите...
21 век дојде алооо....
Па овај вака рекол, тој така, ко некој тинејџерки..
Резо требаше како професионалец пред да се случи ова да му кажи на Папата, па заедно да седнат со управата и да му кажи шо прај Јошко на тренинзи, на утакмици, па после управата да го бара чарето, зошто тие се одговорни за реномето на клубот пред народот, не е ниту Јошко, ниту Резо.
Пелистер како работодавач треба да клај ред шо прат работниците и како се однесуваат кон своите работни обврски.
Пелистер како клуб мораше и беше должен да го седни Јошко на маса, заедно со Резо и да пробат да ја исплеглат работата.
Вака испаѓа дека само Резо е жртвата, а Јошко добива амнестија да си продолжи да ја води екипата како да сме во 1975 година.
Стилот на Јошко е тој, тој сигурно нема да се смени, ама управата пред да почни да преговара со него требаше и мораше да знај шо табиет е стариот, и да му кажи ДРУЖЕ ВАКА ВО ПЕЛИСТЕР НЕ МОЖИШ ДА ПРОДОЛЖИШ, па да му се клај една клаузула на стариот во договорот за то кои се неговите обврски од договорот, па да се придржва кон условите, сите овие глупости можеа да се избегнат, со еден нормален џентлменски договор, паметна управа пред да преговара со тренер, играч прво се распрашва со кој преговара и со каков чоек си има работа, после ги договарват деталите, вака испаѓа дека само управата на РК Пелистер не знаеше со каков тренер си фатиле работа, со конфликтна личност, самобендисан, арогантен итн..
Не можи тебе како управа да ти е изговор АБЕ НИЕ НЕ ЗНАЕВМЕ ДЕКА ЈОШКО ИМА ПРОБЛЕМ СО ИГРАЧИТЕ, дури сега по инцидентот дознавме дека има нетрпеливост на релација тренер-играчи.
Случајот со Рајчич, ете и со Резо, значи дека екипата е без контрола, односно го имаа остаено Јошко да прај шо сака.
Зошто ни се тогаш спортски директор? Управа? 10 секретари, надзорни одбори, вакви одбори?
Зошто земат пари тие во управата? За да клават само на ФБ, Инстаграм клипчиња од тренинзи?За то се платени?
За то не ни треба управа, ќе клајме некое детиште нека постира по цел ден, и така по цел ден со телефоните в раце се децата, нека зема пари барем..
Кога тренерот можи да прај шо сака и да не одговара за своето однесување кој е крив овде? Навивачите? Кој? УПРАВАТА, рибата од глата смрди.
Не можи ти како управа да не знајш дека тренерот ти е искаран со пола екипа, дека се расправа со публика, дека го руши реномето на клубот..
Па кој го плаќа тренерот? НИЕ, граѓаните на Битола( или барем така мислиме ), и мора тука да се понеси одговорност...
Не можи ти да не знајш дека играчите се незадоволни од тренерот, дека има проблеми на тренинзи, на утакмици кои влијаат на резултатите на клубот.
Седнале од ко пукна тиквата, од ко пукна срам по сите портали ќе ја решавале работата, ќе се извинвале.
Шо ќе се извинват, како прво ни Јошко не дошол на состанокот, и шо решение за проблемот ќе бараш?
Демек да се извини играчот оти тренерот му искарал се живо и диво пред сите на пријателски меч со Бутел, за шо? Оти љуфнал пенал на пријателски меч?
А тренерот не е повикан за да понеси одговорност, ниту пак има било каква изјава од него за "случајот".
Од толку специјализирани порталчиња за спорт во државата ниту еден "новинар" не побара изјава од Јошко, а напраја од целиот овај случај сапуница невидена.:tapp:
Каде бе алооо? Вака екипа ќе прат, греој...Не можи ти да му плаќаш на еден тренер и тој да е над екипата.
Никој да не го контролира шо прај, како се однесува?За шо добива пари Јошко?
Шо клуб сме ние ко не знајме ништо шо се прај во екипата?
Се знај која е улогата на тренинзи, водење на екипата на тренинг и на натпревари и то е се, не можи тренерот да прај шо сака, не е ова училишна екипа.
Како шо не можат ни играчите да се над тренерот и над управата, ама кај нас се можи, оти да не можи.
Можи управата да носи играчи без да го праша тренерот, можи тренерот да брка играчи без амин од управата, оти не му се бендисвале, и то на штета на клубот, да се плаќат солени пари за оштета за предвремен раскин на договор оти тој шо ги донесол појма немал шо прај, клубот е оштетен за еден куп пари од нечие неодговорно работење, и никој не одговара за штетата, а треба да одговара зошто наши пари се фрлат, за шо, да се плаќат пари за џабе, да се покријат плати на некојси Зејак, Вук ( тој десниот бек ):icon_mrgr:, Иранецот итн, за да земат пари за работа шо не ја одработиле:tapp:.
Зошто? Зошто некој ги договарал, без да знај шо прај, им понудил плати и сега некој треба тие плати да ги исплати...
Е па у курац нека оди и екипа и се. Со тие пари екипа ќе напраевме, ние во ветер пари исфрливме и никој не одговара за ова. :ban:
После губиме од Бутел, од Пролет, ќе ни прај мајтап Тексот од Охрид, со 5 пати помал буџет не гази секоја година.:pos:
 
Vakvi relacii trener igrac se voobicaena rabota i se prisutni sekade...
Pricinata za publicitetot e to so nema so drugo da pisime za pelister...
Ama i vo vakva letargija pak sme pointeresni od komsivkite...
Tie i hansen da go donesat i da gi ispolnat site kriteriumi na handball master (sluga) pak ke bidat kurtashak...
Go podrzuvam pelister so koja uprava i da e so koj trenjer i da e posto mi e del od srceto...
Rezo majstote ne se luti .... i tvoeto ime e del od pelister...
 
Ако е ова вистина е уште еден доказ колку вие битолчани се мразите самите . Затоа нема да имате успех и да го вратите Пелистер на прав пат . Бидејки се што е однадвор ви е по вредно од домашното . Слатки се процентите но после завршувањето на приказната Пелистер , ке останите во Битола и запрашајтесе дали ќе имате смелост да погледнете некого во очи кога ке излезете на Широк Сокак.
 
Dobar golman e Daniel ama nema da mu zaboram nikogas ko branese za Rabotnicki ko provocirase ovde vo bt publikata ligle skopsko.
 
Има потенцијал во Даниел, ама во овај случај кога веќе е Мартин вратен во екипата, тогаш ќе треба Плех да одпадни за наредна сезона. Со Мартин и Даниел се коректно покриени на голманската позиција. Ако се работи со нив можи да се добие голман на подолг период, ама прашање е колку нашите имат визија за таква стратегија.
Мене ме плаши то шо абер немат да донесат уште еден лев бек. Незнам шо мислат, ама сварно та позиција е најкритична моментално.
Со Дрогата и Маџовски тешко ќе се носиме со останатите екипи во плејоф. И двата се играчи шо можат да понудат квалитетни 10-15 мин и ништо поќе од то. Добри се двата, ама само како бекап за некој пуцач како Станојевич или Оструошко кај комшивките. Ете сеа со заминавањето на Резо а и уште неколку други играчи предходно, сигурно се отвара простор во буџетот да се најди некој бек од овие простори. Ако се знај дека Станојевич е договорен на 4К месечно, тогаш за нешто помалце до кај 3К месечно можи да се најди добар бек за наши услови.
Со уште еден бек во ротација, мислам дека ќе сме комплетни за плејоф. Тогаш ќе остани на Јошко да си го заврши неговиот дел од задачата и да ја скоцка стратегијата.
Се надевам ќе најдат некое спонзорче лево-десно шо ќе покрие трошоците за да се донеси уште еден играч.
 
@barak_obama пријателе. Обие шанкуриња од тренери беа и порано и успешно функионираа во распадот на Пелистер. Мене Пелистер не ми е во срцето туку нешто појќе незнам како да ти објаднам ама нема ни да се трудам. Баш оти го сакам Пелистер вакви шанкуриња неккам да ги видам. Никогаш нема да подржам луѓе шо се чукат во гради а не напрајле ништо. А во Пелистер ги има многу. Кај имаше оглас за тренер ко го бираја? Кои критериуми ги бараја? Која беше главната точка или шо се бараше од тој тренер? Знај некој? Виде негде? Не бе пријателе ништо од сето то. Значи аматерска управа без зацртани цели само да се протурка па ако се погоди ТОП ако не уште еден во низата. Само ќе ти кажам дека во тој Пелистет сакаа да играт играчи баш како Хансен а од була управи стигнавме до Јошко пошто зашто. Јас не го гледам Пелистер од страна денес за утре него Пелистер после 5 години,ама некако неможам да го видам.[DOUBLEPOST=1551195799][/DOUBLEPOST]Даниел е одличен. Даниел не е од Скопје него е од Гостивар. Со Обрен побратимо негов.Беше во Вардар многу одавна.После то напушти од Вардар појде во Ѓорче Петров 64 во втора лига. Текстилец ја намести утакмицата во Штип за Ѓорче Петров да не влези суперлига а готови беа. Ончев, Даниел, Обрен, Неџо супер екипа беше дури и Пелистер2 тогаш со Злате изгубија и Чурлино тогаш играше за Пелистер 2.Али Даниел веше фантом секоја утакмица. За Даниел треба време многу тешко се адаптира таков е.Голем работник без А да кажи работи све. Јас сум ЗА Даниел во Пелистер.
За какви суми овде се збора страшно нешто 3к, 4к месечно то се сериозни цифри ама многу сериозни и мислам дека се наоѓат многу квалитетни играчи. 3к месечно то се страшни пари и се прај екипа рамо до рамо со Металург и Работник.
 
Последно уредено:
Има потенцијал во Даниел, ама во овај случај кога веќе е Мартин вратен во екипата, тогаш ќе треба Плех да одпадни за наредна сезона. Со Мартин и Даниел се коректно покриени на голманската позиција. Ако се работи со нив можи да се добие голман на подолг период, ама прашање е колку нашите имат визија за таква стратегија.
Мене ме плаши то шо абер немат да донесат уште еден лев бек. Незнам шо мислат, ама сварно та позиција е најкритична моментално.
Со Дрогата и Маџовски тешко ќе се носиме со останатите екипи во плејоф. И двата се играчи шо можат да понудат квалитетни 10-15 мин и ништо поќе од то. Добри се двата, ама само како бекап за некој пуцач како Станојевич или Оструошко кај комшивките. Ете сеа со заминавањето на Резо а и уште неколку други играчи предходно, сигурно се отвара простор во буџетот да се најди некој бек од овие простори. Ако се знај дека Станојевич е договорен на 4К месечно, тогаш за нешто помалце до кај 3К месечно можи да се најди добар бек за наши услови.
Со уште еден бек во ротација, мислам дека ќе сме комплетни за плејоф. Тогаш ќе остани на Јошко да си го заврши неговиот дел од задачата и да ја скоцка стратегијата.
Се надевам ќе најдат некое спонзорче лево-десно шо ќе покрие трошоците за да се донеси уште еден играч.

Која би била поентата на фрлање пари за лев бек, еве нека е таков каков што го опишуваш?

За топ 3 секако нема шанси Пелистер. Еурофарм и Металург се за цела класа пред Пелистер во моментот, а за Вардар да не правиме ни муабет. А за освојување на 4то место во битката со Охрид, Пролет и пред се Бутел (по буџет и играчки кадар Бутел е конкуренцијата за излез во Европските купови), која претстои, не е потребно заслување на лев бек воопшто, туку максимизирање на тоа што е на располагање.
 
Со овој ростер надограден со уште еден квалитетен шутер на бековската позиција, ите како ќе му ги замрсииме сметките во Битола на Металург а уште повеќе на Работник а нема да се тресиме со останатите екипи(Бутел, Охрид, Пролет) дали ќе обезбедиме или не излзез во Европа.
Немој да ја подценувате поддршката шо Пелистер ја има од трибини во Битола, каде освен Вардар во Скопје, моментално ниедна друга екипа во мкд нема ни приближно таква навивачка атмосфера.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom