- Член од
- 5 април 2013
- Мислења
- 3.432
- Поени од реакции
- 7.187
Само да не ги лажи умот да го довлечкат онај Даниловски назад. То ќе биди многу, МНОГУ лош потег!
Нека го одврзат ќесето и нека пробат да го донесат Даскаловски или Митревски.
Ако неможат да најдат адекватна замена за Милош, поарно нека ја истерат сезоната со Плех па на лето нека барат некое подобро решение, одколку да довлечкат некој србин ни мој ни твој и џабе да се фрлат пари за сертификати и глупости а да биди на исто ниво со Плех.
Незнам како е трансфер периодот во мак ракометот, ама ако е уште отворен до крајот на регуларниот дел од сезоната, можи и попаметно е да се почека и да се види кои екипи ќе се пласираат во плејоф, па да се прибери некој играч од некоја од екипите шо ќе оди во плејаут.
Пример во плејоф ако се пласираме ние, да пробат да чапнат некој играч од Охрид или Пролет во зависност кој од тие екипи ќе замини во плејаут. Сигурно со некоја добра понуда, било кој домашен играч не би се двоумел многу ако треба да бира да дојди во Битола и да игра плејоф, или да остани да се влечка во плејаут ради чиста формалност. Полесно би се продал на лето ако има прилика да игра против Металург, Вардар итн. одколку да разигрува со Радовиш и Вардар џуниорс.
Има интересни играчи во првенството шо можи да завршат голема работа на пролет во битката за подобар пласман.
Не е така лошо решение Даниловски. Одлична полусезона имаше во Металург, дури и му ја зеде минутажата на Томовски (далеку ги надмина моите очекувања за него искрено). Со оглед дека е млад за голман, можеби и вреди да се инвестира во него иако нема баш висина.
Митревски е нормално да биде прва опција за Пелистер, ама после него Даниловски можеби е меѓу најдобрите идеи.



