Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Почнаја пак со глупости, од работник портирот да го избркат ќе го соберат.
 
Како бе му се „ставува“? :facepalm: :pos:
:vozbud::vozbud::vozbud:
Барем некој "нов збор " научивНе.:cuc:
И визуелно добро изгледа текстот, без запирки, точки и останати "непотребни интерпукциски додатоци".
 
Абе Битолчани ! До кога ке си го самоуништувате ракометот ? Добро е што избркавте еден куп чкарт играчи , ама па незначи да дпнесите други . Слушам сте преговарале со Евгениј Умовиц бившиот голман на комшиите . Секоја чест.
 
Јас пак имам инфо дека во преговори биле со Филип Ивановски кој моментално е трет голман во Работник. :unsure:
 
Јас пак имам инфо дека во преговори биле со Филип Ивановски кој моментално е трет голман во Работник. :unsure:
Не сум слушнал за ова . Ако е точно и успеете да го вратите Ивановски тогаш тоа ке биде уште еден правилен потег после враќањето на Дрогришки
 
Aleksandar stanojevic nov igrac.. desenbek solidno cv ama star e nekako .. kako i da e klasicen desen bek iame toe najbitno
 
Си ја повлекоја објавата за Станојевич и на инста и на фб... :D
Да не се премисли момакот во последен момент ? :noze:
Иначе ако го потпишаја, ќе биди добро засилување за плејоф. За наша лига е екстра играч... Е сеа во каква форма е и дали влечи некоја повреда, ќе кажи времето.
Во секој случај, играч од негов калибар одамна сме немале во Пелистер (ако се нема премислено во меѓувреме :giggle:)
 
Овај Станојевииќ КИРКАТА го има донесено....:pos:
BTW, кај е бе КИРКАТА?
Се изгуби од форумот легендава....кој цар..:kruna:
КИРКА врати се брате...:cujte:
 
Покрај голман, убо ќе биди да донесат уште еден лев бек, некој шутер како овај Станојевич, пошо само со Дрогата и Маџовски мав ни е планот. На останатите позиции сме ОК, освен ако не ни замини Попович како шо се пиши по медиумите. Него не смеат да го пуштат по никоја цена, пошо таков играч тешко дека ќе ископаме на лето. Среќа шо бил повреден лани, па немал клуб и го собраја некако.

Ако се донеси добар голман и уште еден лев бек, би требало да сме поквалитетни од есенскиот дел.
 
Имат план голман да носат или така ќе си помниме, да не знај некој, дојава да има??
 
Само да не ги лажи умот да го довлечкат онај Даниловски назад. То ќе биди многу, МНОГУ лош потег!
Нека го одврзат ќесето и нека пробат да го донесат Даскаловски или Митревски.
Ако неможат да најдат адекватна замена за Милош, поарно нека ја истерат сезоната со Плех па на лето нека барат некое подобро решение, одколку да довлечкат некој србин ни мој ни твој и џабе да се фрлат пари за сертификати и глупости а да биди на исто ниво со Плех.
Незнам како е трансфер периодот во мак ракометот, ама ако е уште отворен до крајот на регуларниот дел од сезоната, можи и попаметно е да се почека и да се види кои екипи ќе се пласираат во плејоф, па да се прибери некој играч од некоја од екипите шо ќе оди во плејаут.
Пример во плејоф ако се пласираме ние, да пробат да чапнат некој играч од Охрид или Пролет во зависност кој од тие екипи ќе замини во плејаут. Сигурно со некоја добра понуда, било кој домашен играч не би се двоумел многу ако треба да бира да дојди во Битола и да игра плејоф, или да остани да се влечка во плејаут ради чиста формалност. Полесно би се продал на лето ако има прилика да игра против Металург, Вардар итн. одколку да разигрува со Радовиш и Вардар џуниорс.
Има интересни играчи во првенството шо можи да завршат голема работа на пролет во битката за подобар пласман.
 
До крај на февруари е преодниот рок, после то не можи да се земат играчи.
Играчи има(ше), ама трсба пари да се изват.
На пример ко комшите, си го зедоја Острушко, за наша лига бог и батина.
Ние шанкурињата исфрливме тешка пара на сертификати, плати, раскини на договори со играчи ко Зејак, Перовиќ, Иранецо.
Со тие пари комотно се зема играч ко Острушко, без проблем, шо во ваква боса лига ќе си гази, да се носиме со Металург, ама не, нашите курнази, квантитет пред квалитет.
 
Тие играчи беа избор на Томче,така изјавија од клубо, а истата информација можам да ја потврдам, добиена ми е од поверлив извор. Мислам дека Јошко би избрал подобро.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom