Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
36 gola primivme od radovis samo 36 nisto poke odbranata ne bila pomizerna nezz od koga ako igrame vakva odbrana nema so da barame so prolet ne so rabotnik primer a po to so go vidov denes milan popovic borjan madzovski i to deteto od crna gora nezz kako se vika drugite katastrofa
aj mozi nekea taktika da pokazvat oti na komsite trenero vo teftero pisese :)
Izgubija? :pos:
 
Јагош Браунович и Пеце Рајатовски биле ослободени од обврските. Едниот заминал во Охрид а другиот уште нема официјално потпишано со друг клуб.
На среден бек префрлен во првиот тим од младинскиот погон бил Бобан Апостоловски мислам , не му го знам точно името. Највероватно тој и Кобетич ќе бидат играчите шо ќе покриват на ова позиција а Ради изглеа нема да да пристигни Битола ради наводно "проблеми" со документацијата.:popce:

Денес немав прилика да скокнам до салата да ги ѕирнам, ама по резултатот претпоставувам дека пак одбраната не била на потребното ниво.
Незнам шо е работата, сеа барем имаме неколку двометраши во екипата шо можат да се искористат во одбрана квалитетно, за разлика од лани ко се р'вавме со Киро назад и не полнеја сите и крстени и некрстени.

Треба да се работи уште МНОГУ со ова екипа за да се поклопи мозаикот, ама се плашам дека Томче не е чоекот шо во моментот му е потребен на Пелистер. Има време, пред нас е цела сезона, ќе покажи времето дали попрајвме нешто од лани или ќе мачиме мака во плејоф.
 
https://www.gol.mk/rakomet/pelister-so-prv-poraz-na-prijatelskite-mechevi-zagubi-od-paok-vo-solun

Не дешнаја ЈУЖНИТЕ:pos:..

п.с.
Се повреди десниот вањски пуцач:shook:, од многу шуткање изглеа, ја преусиса раката..:icon_mrgr:
uste so radovis tuka se povredi imase mnogu dodavanja :)[DOUBLEPOST=1535198019][/DOUBLEPOST]
uste so radovis tuka se povredi imase mnogu dodavanja :)
p.s denes nie go slapnavme 28:31
 
Последно уредено:
Се испокакаја во Солун нашите... :tapp:
Штом третопласираната екипа од Грција во ракомет го мети паркетот со тебе, тогаш сварно работата е утната скроз изглеа со тимот. Можам да замислаам шо ќе ни напрат Работник прво коло.
Се ми се чини дека ако доживеат дебакл прво коло ќе го смент Томче одма после мечот и ќе настани уште поголема калакурница.

Не дека се битни резултатите на вакви пријателски натпревари, ама сепак пораз од ваква екипа е јасен показател дека работата е утната изглеа.
Ќе се види правата слика на клубот за неколку дена на турнирот шо следи, каде во неколку дена ќе треба да изиграт поќе натпревари со квалитетни противници.

И дајте да му се невиди конечно напрајте ја та веб страната. Срамота е веќе година се напрај уште не е напраена, се избламираја тотлно со ова работа. Незнам шо е толку тешко да се скоцка еден обичен веб сајт во денешно време барем...
upload_2018-8-26_16-10-58.png
 
Која лоша организација, оваа се надминаа себеси господнот технички директор Корлевски и останатата багра во клубот. Најавуваат гости деца излегуваат со знамиња никој не знај каде да оди, ги оставија знамињата на земја децата со топките ги газат никој ништо не знај каде и што треба едноставно смешно. За РК ПЕЛИСТЕР ова ќе биде уште една "да тибам сезоната" односно ќе исперат 300К по играчи кој од дома не ги знат дека играат ракомет и на крај 5 место и повторно одново. Од дожд бегавме на град налетавме, ДВОЈЧЕ ВРАТИСЕ СЕ ТИ Е ПРОСТЕНО.
 
Шо да се кажи после она денес шо го просведочивме.:confused:
Организација НУЛА, игра на терен НУЛА, капак на се беа децата со знамињата ко почнаја да ги газат по паркетот...:facepalm:
Добро бе дали има некој нормален таму, или се е избегано од колосек.

Искерно, после она шо го видов денес, нема да ме чуди и во плејоф ако не се пласираме.
Да сме ние "нормален" град или заедница, после натпреварот денес ќе влезевме во соблекувалните и сите наклоци од таму со се управа низ паркот и правец на автобуска со првиот автобус да го напуштат градот и да не се доближат никогаш поќе до салата во радиус од 30км.

Нека му служи на чест и на Злате и на Васко шо профитот од провизиите и личните интереси ги ставијја пред клуббот и дозволија ваква пародија да напрат после скоро една година од ко се наместија во клубот.

Е после оти ве плукат луѓето од трибина... Е ќе ве плукат и никој нема да ви иди на натпревари.
Само така продолжете. Браво!
 
Владимир Зејак..:shook::pos:
Доказ колку лажат клипојте на интернет каде било кој играч можи да си напрај една компилација, можи да е и од пред 3 години, :icon_mrgr: и да прелажи некој клуб, како во нашиот пример.:icon_lol:
Ако стварно зема толкава плата како шо викат секоја чест,:kruna: и една третина од наводната сума да ја зема ваков играч е резил, па вакви играчи ко дотичниот можеа најмалку 3 да донесат од Србија, и кусур да му остани, за овај Павле ПАЈА Павловиќ е Петар Ненадиќ...
Па онај буквално со одење игра ракомет бе:pos:, не можи да трча од шо има прекумерна килажа, настрана шо најпојќе технички грешки прај, добро овде со Борјанчо се јадат, тука се, :backa:ама сума сумарум убедливо најслаП, без конкуренција во цела екипа, каде бе со овај?:shook:
И од овај ние ќе чекаме голој да дава од дистанца...:sramezliv:
Послаб странец не памтам да дошол некогаш во цела лига, камоли во Пелистер.
Вчера јаде 5 банани чисти, денес порезервиран беше иако си јаде пак некое бананче, како да не јади ко секој полупросечен дефанзивец ќе успеј да се постави пред него, ниту знај да напрај лажњак, или да промени правец, не можи и да сака, прекумерна тежина, повреди, не е тој крив, криви се тие шо го донесоа, овај во никој случај не смеј да биди прв избор на лев бек...
Ете денес, во обичен дуел влезе со противнички играч кој му излезе само пред него, овај демек ќе го избегнуваше и сам падна, се откости...
Онај Саздовиќ шо играше пред 15 години за овај беше Карабатиќ:tapp:..
Џабе, се е кажано, да не се повторваме, демек амбиции имаме, сме биле појјаки, можи вака на изглед делува дека Поповиќ, Кобетиќ се засилувања, ама ко ќе видиш дека сме без Темо и Чуриќ кои беа цела екипа во напад лани пак во рикверц возиме,
Пикеро и Лековиќ ветуваат, за Коки кажав, според мене тотално непотребен играч, Плех видеќемо,Перовиќ, кај е бе тој?:pos:
Бетер сме од лани, 4то место е премија да се земи...
А и на кондиција се очај, и вчера и денес, до 30 та минута се носат некако, после ги нема, или Томче ги форсира, пред се Кобетиќ по 60 минути.
Џабе е, играчи ко Зејак, Папата, Петров за појќе од 15 минути по утакмица не се, Зејак ни за 5 минути не е додуша..
Ќе си губиме во Струга, Пролеќе Тинекс Маркет РК, Бутел, Охрид, ехеее,
Одбраната ни е тежок криминал, секој напад гол, ни знат да се постават, ни да преземат играч, ни да чуват пикер, било кој просечен пикер ќе се изнаигра со нас...
То е, без нервози, џабе е...
Аха, да, ќе забораев.:sakasuste:
Денешен статус на проектот РАКОМЕТОТ СЕ ВРАЌА ДОМА..:boksix:
Проект на општина Битола...:pistoldz:
Репката се вратила:tapp:, одете бе скријте се негде, ццц, кој аматеризам, кое безобразие, душмани да беа ќе имаа појќе грижа, ако ништо друго на совест, џабе е,тешки резили...
За во НУЖНИКО ми беше страФ да влезам, ( ноќно време, се бива)да не ме нападни некој сериски убиец, или вампир/врколак.

Можи намерно маќеата не ги прај ходнико и нужнико, можи филм некој е во план да се снима.:vozbud:
Идилично е местото за хорор филмој од холивудска продукција.
Најјако ќе биди со Турција да врни дожд, да турва, :cuc: па да му КИСНИ, да му капи во " ВИП ЛОЖАТА", на партиската елита, кофите на гла да ги клат, па да видат тие господата од РФМ, и од ИХФ и од сегде на кој му дадоја " домаќинлук".:tapp:
Се отепаја од сликање со Живко, небаре нова сала напраја, а една шајка немат закоено.
Абе кое играње овде бе, улај се овие од РФМ сериозно, изгледа уште не знат со кој си имат работа.
Ќе најдат некое" оправдување "сега од мнозинството.
ОВАЈ, ОНАЈ- ОВО-ОНО...:tapp:
Тројче, докторе, врати се бате, ги повлеквам сите лоши зборој за тебе.
Без мајтап.

40454159_310307259548575_4249476067552657408_n.jpg 40489746_2348798555351279_8605273311783419904_n.jpg
40626175_2102806653380321_920492975652339712_n.jpg
 

Attachments

  • 40489746_2348798555351279_8605273311783419904_n.jpg
    40489746_2348798555351279_8605273311783419904_n.jpg
    35,6 KB · Прегледи: 48
Во главно се сложувам со се што напишано во погорниот пост освен со тоа дека со клипче на јутуб Зејак ги излажа нашите во клубот, тие ите како знаеја кој го потпишуваат но ако има добра провизија е добродојден во клубот од страна на клубските работници во РК Пелистер, добрите бекови не даваат провизија да играт во клуб во македонија едноставно за добра провизија можеш да земеш недокажани крила (и да се надеваш да погодиш некое) некој пензионирани бекој или играчи од Мароко, Иран и тн. И можеби случајно но на двапати кога Томче е тренер во РК Пелистер се носат странци кој дома и не ги знаат дека играат ракомет (во првиот пат Молдавци и Украинци) сега срби и црногорци,а да го вратиш по третпат Томче за тренер кој реално е изгубен во тренерските води изгледа знај како и со кој да ја подели провизијата.
 
Настрана тоа шо донесоја петпарачни играчи за масни проценти, за тоа посекако никој никогаш не одговарал, само битно е да се полни магацинот.
Работата е шо, по 40 години имаја Заре, Ќани, Кире... И пак ги добиваја Грците лаганица, ние како накалапивме играчи ми се чинеше дека убедливо ќе го освојат турнирот на крај ќе бидиме последни позади Бутел.

Големо БРАВО за @Tomasino за сликите!
Ете ова е фамозната сала Боро Чурлевски :facepalm:. Дувло на скинхедси, наркомани, бездомници... А не спортски објект на некоја екипа шо играла финале во европски куп. Па барем нека пуштат 4-5 души нека бојадисаат она резилот, нека ги средат радијаторите кои никогаш нема да проработат, нека клат нешто место оние чудата на таванот шо се, кои секој момент можат на некој на гла да му паднат. Онде Паљото кај шо беше преграден тутунќесе го имаја напраено влезот, нека турнат то гипсојте нека ги рашират тие ходниците ко шо треба.
Паркингот т.е дупките ги лапна она ѓубрето ненаситно, место од тоа да се финансира одржувањето на салата тој си ги полни џебојте.
Она е срам, и голем грев! сигурен сум дека Боро се превртва во гробо дека онаква руина го носи неговото име.
:facepalm:

Па и тие Чурлевци сироти шо мораја оној срам да го јадат од општинските хоштаплери. Јас да бев никогаш немаше да се појавам во салата, нека дремеа со тоа платното и нека се сликаја ко мисири.

Нас било кој да дојди да не пороби овде има да излезиме и сами да ги турниме гаќите. Нема новинари, пишат глупости по то порталчињата, те соблекувалните, па технички простории се реновирале, а онде страв да те фати е... нема луѓе кои мислат со стомните на рамења шо им се. Шо и да кажиме овде... Ааа вие плукате вака онака, шо сакате поарно беше со Двојче? И така во круг до недоглед.
Сега ќе се свестат тие шо до вчера 11 години пљачкаја ненаситно... Ќе си ги клат фетвите костими демек да ги жалиме, има да најдат влакно во јајцето во сите тендери, инвестиции, чуда, па ќе почнат да предложват нивни инвестиции па ова па она, дури не клапнат тие во фотељите да ги сиктеросат овие...
Па оваа багра шо е на власт да беа 90тите имаше до сега сто пати да биди крената на клоци. Каков Корле какви бакрачи, ниту тој ниту Пискачо немаше да присмрдат до 10тиот ред од салата ако воопшто некој ги пуштеше внатре да влезат.
А не онде се искурцават тие клуб ќе воделе :facepalm:.
 
Lev bek i piker smo corba drugoto se trpi nekako ... i odbrana ne igrat tuku se vleckat po teren ke ne busat site posebno na piker[DOUBLEPOST=1535798097][/DOUBLEPOST]Osata kaj nas
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom