@razbirashh
Никаде не реков дека е погрешно да се честита, баш напротив, спортски е да се поздрави, постот беше ироничен и пред се (само)критичен.
Но историјата не се заборава, барем не на оние кои паметат, а јас сум од тоа време, не од оваа нова модердна фенси ера на ракометот, Пелистер 96 та година направи успех за тоа време несвојствен за Македонскиот клубски спорт, цела држава се поклонуваше и доаѓа меч со Вардар во Расадник, првенствен меч и Пелистер добива пречек небаре најголем душман е. без никаква потреба.
Зошто? Зошто тоа ривалство од фудбалот вештачки се пренесе во ракометот, а тие години како што е случајот сега ( во обратни улоги) Пелистер беше светлосни години пред Вардар.
2002 година, Пелистер се пласира во Финале на Челинџ, прва машка екипа во било кој спорт да игра финале на евро-куп, тоа време беше јак Челинџ купот, не како сега, и од Михајло ( кој дрмаше во РФМ) добива третман небаре третокласен клуб е, немаше ниту одлагања на мечеви како сега, па сам да си бираш термини како сега шо си прај Вардар, се случуваше во една недела по 4 утакмици да има Пелистер, зошто?
Зошто таа сезона Пелистер беше прв во регуларен дел, и сериозен противник на Вардар за титула, па мораше некако да се успори тој раст.
Нема врска, други времиња, други луѓе, тој Вардар на Михајло тие години нема никакви допирни точки со денешниот, како шо нема ништо зачувано од обележјата на Пелистер до 2005 и денес.
Шо е погрешно од вчерашниот
евент?
Шо целиот овај " настан" вчера го изрекламираа по портали, како небаре големите ривали,
кој ривали жити се?
Нема ни Р од ривалство во последните 13 години, срам тежок е да се наречиме ние ривал на Вардар, светлосни години се заминати пред нас,и сега фрчат наслови
ДОАЃААТ ЧЕСТИТКИ ОД НАЈЛУТИТЕ РИВАЛИ, сосема непотребно, и пред се нелогично.
Честитај, не ти брани никој, ама не мора да е главна тема на денот ова, ние нашите проблеми не си ги решаваме се замараме со другите, тука е маката.
Се дефокусира вниманието на рајата со неважни ( за Пелистер и Битола ) работи.
Никој не спомна вчера шо изгуби Пелистер 150 разлика, сите се замараа со то шо сме му дале икона на Вардар, порано 1 разлика ќе изгубевме од Вардар дома па пола сала се демолираше, сега ти идат на мајтап онде со 15 та постава и ти не се ни трудиш да играш, како изгубени ликој беа вчера, не се ни трудеа, настрана шо се 10 класи послаби.
Ај Вардар, ок, оти никој не спомна шо Металург ни прај серија од 11-1 во саботата.?
Ја претставија вчерашната утакмица небаре победа на Пелистер е, токму во ова е целата пародија, шо со ситни работи се замајава рајата а не се гледа реалната слика.
Ете поминаа неколку недели од мечот со Пролеќе, никој ниту сноси одговорност за ова, ниту се потруди да објасни
ЗОШТО СЕ СЛУЧИ ТОА ШО СЕ СЛУЧИ? Пролет да не гази, ејјј Пролет.
Пелистер во моментот е клуб шо ( непотребно ) е насочен само на некоја си самопромоција на ФБ, портал кампања, шо се замара само за собирање на лајкови и не се ни труди да ги реши важните проблеми кои му висат
над ГЛА, а многу се на број, би ги набројал само поважните.
- Играта на Пелистер, резултатите, на никој не му текнува, ниту се замара да образложи зошто Пелистер губи од Пролет , од Пролет, и то како губи
, губи 10 разлика од Металург за само 10 минути,зошто во една сезона се сменија 3 тренери, зошто се сменија 10 стилови на игра и ниту еден не ни одговара, освен на почеток на сезона( ама пу, пу не важи беше ова).Зошто Пелистер дојде до дереџе да не е фаворит со никој во плеј оф, а се фрлија 5 пати појќе пари од буџетот на еден Охрид и Тинекс.
- Зошто никој не сноси одговорност за изборот на играчи, за нивниот учинок, кој одговара за ова?Митичи и компанија, речиси 2 К плата сркаат, од нашите пари, кој ќе одговара за ова?
- Шо прајме со условите за игра, салата, паркингот?Ете во управа ги имат директорите на сите јавни претпријатија, на никој од НОВИНАРСКАТА ФЕЛА и било кој не му текна да побара одговорност од директорот на ЈП Комуналец под чија надлежност е салата и да го прашат ШО ПРАЈМЕ БЕ ПАШЕ СО САЛАТА?Оти е на ова дереџе?Едно кило мрсна боја немат потрошено за салата од ко се дојдени, а пред то мрчеа ли мрчеа, арно ама за друго се отепаја од фалење,е то е маката, ние елементарни услови неаме за ништо, а пуфки продаваме онде пред народот, големиот клуб, да се ангажираја макар и со пола од тој "ентузијазам" шо го трошат за ФБ Кампања досега ќе имаше нешто конкретно напраено, е па сами нема да се решат проблемите.Толку е тешко едно ВЦ да реновираш, да клат горе по тие таваните по една даска обична, да не зјаат и да падни на некој да отепа некој.
- Изиграват вчера, копират поточно од другите со гаснење на светла претставување на играчи, ајде ок, АМА ШО ПРАЈМЕ СО РЕФЛЕКТОРИТЕ?1 сат му треба да се запалат пак ( и тие шо останаја да светат, а појќе од пола не светат), абе греој,
од едната страна светат само 2 рефлектори, ќе оќореа играчите
, колку пари се бе да се сменат со нови? 5 К? за толку нема да се сменат? Да не се резилиме, да ни се смеат сите, нема за рефлектори, има за МитиЌи, БрауновиЌи, се е кажано.
- Ко сме кај париња, кажаја шо кажаја на тој пресот, за извршните одлуки кои мора да се плаќаат, ги разбирам, ама не само да излезиш и да кажиш АБЕ ГЛА НЕ МОЖИМЕ ДА КРЕНИМЕ ОД БОРЧОЈ.Одговорна и пред се сериозна управа ќе земи и ќе бара начин во проблемот да најди решение, кажав како се решава ( ако се сака), не еба Арсиќ?, ДА,другите трошеле на сметка на Пелистер? ДА.
- Е па внучиња,ако сакате да ги решите проблемите нема само да ја наведните глата и да плаќате и да ќутите, барајте виновници, кој го потпиша Арсиќ? Кој го договараше? Кој не се придржваше кон договореното? Лоцирај ги проблемите и барај начин да ги вратиш парите назад, има начини, ама треба да се насочи прстот кон некој, виновниците ги знајме кој се. Арно ама кај нас само за пред камера е се, се гушкат, се бодрат ко небаре Битола ја ослободиле, а проблемите ниту сакат ниту се способни да ги решат.
- Заклучок, НЕ СЕ РАБОТИ ВАКА, куќата од темел се гради, не обратно.