Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
#Tomasino, повторно истото пишиш во рамките на шпекулациите, а ти како правник барем треба да знајш дека пред фактите и боговите молчат. Ти како што пиша не си член на новата управа, неси ревизор во УЈП, не знајш кој за колку и дали тужел, ама имаш слушнато (вероватно) дека е блокирана сметката од страна на извршители и според тоа пишиш статии кој е крив и зошто се вакви резултаите на РК Пелистер обвинувајки ја старата управа само на шпекулации, така ве учеа на правниот факултет дека вистината се гледа на основ на шпекулации? Јас не сум правник, ниту економист, едноставно љубител на РК Пелистер, и верував во амбициите на новата управа ( се дрзнаја да најават 800К буџет, секако со шпекулација, се до моментот кога почна зимскиот преоден рок сега вервам дека се неспособни популисти, подеднакво исти како претходните, и барам и ќе барам одговорност само од нив (и никој друг) се додека не излезат јавно со име и презиме ( како би сноселе одговорност за изјавени клевети доколку не се во право ) и го посочат детално кривецот. Што ако сега напиши (или пушти шпекулација) претходната управа дека на сметката на РК Пелистер, имаше 1М евра за трошење ќе веруваш ти во тоа?
Се до моментот на јавно изјаснување на новата управа за проблемите наследени од претходната управа (ако ги има), за сите залудно потрошени пари и лоши резултати ќе бидат криви тие и само тие, тоа се пари општински мој твој на народот.
 
Бел ден да не видат да му се изнасерам во та фирмата скапана, копиљаци сеха лига спонзорират алооооо кај ќе ви оди душата
 
peuisteu.png
Ја имат средено канцеларијата нема збор,први се шо напраја ваков подвиг.
 
Ај некој да пиши збор два за пресот оти малку само фатив и со иста приказна да почекаме да сме биле трпеливи за резултати...[DOUBLEPOST=1524235806][/DOUBLEPOST]https://www.gol.mk/rakomet/saniravm...thodnicite-ne-mu-mislele-dobro-na-rk-pelister
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА Р.К. “ПЕЛИСТЕР” А.Д.– БИТОЛА

(ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ, НАЈАВА ЗА КАНЦЕЛАРИЈА) (ПРЕТСТАВУВАЊ НА ТРЕНЕР)

Почитувани,

Преставници на Медиумите, јавните гласила, спортски работници и вљубеници на ракометната игра, повод за денешната прес конференција е финасискиот извештај за првото тримесечие од работењето на новиот управен одбор на Р.К. Пелистер А.Д. – Битола, како и за завршната сметка од претходната година, претставување на официјално новиот тренер на РК. Пелистер. Најава за официјално отворање на реновираните простории.

За нештата бидат појасни за секого, особено за ракометната јавност и нашата верна публика, што до сега е направено и какво е работењето на оваа управа, како што најавивме претходно ќе ја преставиме состојбата во која го затекнавме клубот и какво беше работењето на претходната управа.

Основен долг на РК. Пелистер 5 086 337 денари или 83 000 евра плати за ноември октомври, септември и половина август, а подоцна и декемвриска плата.
Побарувања од конто кон добавивачи во земјата е 618 332 денари или 10 054 евра.

Поединечни побаруања со извршно решение 53 594 денари кон Ројал Секјурити за неисплатени обврски од 2015 година па наваму
Аванси и позајмици на играчи 130 000 денари.
Неподмирени сметки за купување на мобилни телефони на две сметки една 44 000 денари друга 90 000 денари
Користење на стан во Карпош со бр. 9-3/45 на име на РК. Пелистер кој долг изнесуваше 396 040 денари или 6 500 евра.

Тужба со извршно решение за случајот Игор Арсиќ кој буквално ја блокира сметката во 595 000 + судски трошоци, извршител и административни и судски такси вкупно 11 000 евра.

Дополнителн трошоци за само себе потрошени средства за такси превоз, самонаградување со дневници за организација на натпревар иако според договорот за работен однос во ракометниот клуб имаат постоечка систематизација и работни обврски, лични фактури за тренерки патики, табли, патувања и исплата на мегународни лицнци.
Врв на целата ситуација, ракометниот клуб го заткенавме без сопствени топки за тренинг и натпревар!
Во овај момент управниот одбор на РК. Пелистер покрај санирањето на долговоите од нашите претходници, врши и тековна исплата на побарување од страна на ракометари и стручен штаб.

Обновени се во целост просториите на Ракометниот Клуб Пелистер во целост и ентериерно и екстериерно, со нова дограма, фан зона и нов спрат во кој се направи простор за тв проследување на натпревари на екипата.
Дополнително е купена комплетна опрема за тренинг и комплетно нова опрема за натпревар од брендот "Hummel" од дресови, тренерки, торбици, топки, смола итн... како дополнителни помагала за потребите на екипата.
Se moli severina da ispej dali e ova vistina kako i koki da kazi dali borcovite se podmireni so pari od budzetot ili se i tie donacijaod sponzori odnosno sto e potorseno od budzetot a sto od sponzorstva i dali ke se podnesi krivicna prijava na prethodnata uprava za zadolzuvanje i pozajmitite na steta na klubot
 
Последно уредено:
И бидна и тој фамозен прес и ништо ново само шпекулации Освен за Игор Арсиќ и Ројал секјурити ( а се разбира сите знаевме за платите на играчите дека не се исплатени 3 месеци) и не и ми јасно зошто испуштија да кажа дека во декември од општина му се исплатија повеќе заостанати рати од ланскиот буџет кој беше каснет и заради тоа не се исплаќаја плати, се друго беше на основ на шпекулација без конкретни имиња, само не разбрав Шамбата ќе биде амнестиран од вина за постапките на старата управа или не. Истото пофторно (отворете youtube за пред десетина години ) палчење по телевизија дека дури и топки немат овие исто, ќе плачат по телевизија да дојдел спонзор на клубот.
Ама барем ни стана јасно дека клубот и натаму ќе живее само со парите од општина (што подразбира борба со Пролет и др малски екипи за 4 место) и по 30 пат ќе се обновуваат школите, а ново што оптинските пари ќе ги трошат за коктели секоја утакмица кога ќе бидат домаќини.
 
За првиот дел од пресот односно делот кај шо се објаснува за финансиска состојба и сите малверзации шо се напраени на клубот пред ова раководство да објасни калимеро(писе).
 
Joveko za vo uprava ako e tolku spremen i da vnesi privaten kapital vo klubot !!!
 
Најако беше кога го крена тој листот демек еве Раду е наш играч да не има некој да не верува, само појако ќе биди барем да кажеше кога веќе тој Раду е играч на РК Пелистер со договор дали можеби и зема и плата од РК Пелистер.
Очекував многу од овај Прес, очекував да кажат што и како понатаму кои се амбициите на клубот за наредната година и како планират да го состават буџетот за наредната година дали само општински пари или преседникот ќе пушти некој денар од РЕК, ама пак ништо истата практика како порано, сто пати напишав буквално исти како претходните, излези на ТВ плачи по спонзори и чекајте ќе дојдат резултатите ( што би рекол бившиот спортски директор " кај што течела река пак ќе течи" ), само чекајте.
 
Да бе најчешит е со топките жими најмило ако фатам некој динар ќе купам топки и ќе донирам и за фудбалот и ракометот не можам поќе да слушам немаме топки мрежи опрема како од африка да сме упм
P. S. Ај шо не се спомена за агенда за прокет неколку годишен туку резилот беше шо не го споменуваат поќе ниту трето место а за сеха да не збораме :facepalm:
P. P. S. За шо приватен капитал не ќе го глуми аљушот ќе треба тренер да го клат туку кажете малку се тие 500000 евра шо ги вети васко директорот па требаат уште или доста се !
 
Ова па корлето за жалење излезе на пресот, уште палома да му дајме, добро знајме дека ебиветер беше клубот претходно, низ тешка голгота помина на сите ни е јасно, тој наместо да кажи зошто не се засилија доволно, да си кажи дека знак прашалник му е и 4 место во лигата, тој за долгојте се фати, ќе дојдат пример и другите пак во управата, ќе се смени и тие пак ќе излезат со истото дека овие имале борчој негде и после плачите зошто народот плука и по едните и по другите, епа ќе плукаме....
Овде и Доланд Трамп да застани зад клубот, пак нема да биди на здрави нозе РК Пелистер таков народ сме ние овде лигуши....
 
Ова па корлето за жалење излезе на пресот, уште палома да му дајме, добро знајме дека ебиветер беше клубот претходно, низ тешка голгота помина на сите ни е јасно, тој наместо да кажи зошто не се засилија доволно, да си кажи дека знак прашалник му е и 4 место во лигата, тој за долгојте се фати, ќе дојдат пример и другите пак во управата, ќе се смени и тие пак ќе излезат со истото дека овие имале борчој негде и после плачите зошто народот плука и по едните и по другите, епа ќе плукаме....
Овде и Доланд Трамп да застани зад клубот, пак нема да биди на здрави нозе РК Пелистер таков народ сме ние овде лигуши....
А во ск се оние вистинските,во ск не се лигуши ?Прашвам оти тој клубо нивни ја покори цела Европа,а ние уште мислиме дека е до нас,капитал треба брат па макар и за сеха лига да се работи.
 
https://www.gol.mk/rakomet/kotevski-kje-go-namachime-i-pelister

Денес со Бутел за пласман во Ф4 на купот, натпреварот се игра во Радишани:pos:.
Го тепаја тие Охрид вчера, ако играме ко со Пролет поарно да не излегваме на терен денес, уште овај сТрам да го јадиме, од Бутел да изгубиме, уште то остана.:popce:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom