Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Ветувања,ветувања и пак ветувања ако се живееше од ветувања немаше потреба народот да работи ќе си седеше дома.
 
Читам имало нетрпение помеѓу играчите и во редовите на "стручниот штаб". :confused:

То шо играчите се нетрпеливи и си ги барат платите, алал вера, 100% се во право и треба да бидат исплатени до последен цент.
Ама не ми влегва никако во глата револтот на "стручниот штаб".:confused:
Тие дојдоја со приказната дека носат спонзор и промени во клбуот. На крај играчите шо ги донесоја сами требаше да си ги обештетат со парите од нивниот спонзор.
Кај му е спонзоро ? Кој му е крив сеа шо дојдоја на база на лаги и лажни приказни.... Сеа нетрпеливи биле ради неисплатени плати. Чекајте бе другари, полека. Не одат така работите. Сеа по правило треба општината да му ги дај клоците на Петко и Аљушо и ни плати да му исплати ни ништо.

Ете со ребалансот ќе изгласат ставка за клубот и ќе се исплатат сите актери во сапуницата.
Ама шо прајме после? Пак вака ќе тераме само на грбот на општината ?
Ако продолжиме така, туриму кур и на клуб и на се. Нека не изгласват ни ребаланс ни пари ни ништо.
Клучот онде во салата, дури не земи некоја жртва и мирна глата на сите.
 
Дури не загини некој гледач во спортската сала нема да се напрај тој покривот јасно да ние на сите... За се е така по свадба тапани од ко ќе се деси нешто непосакувано тогаш се поправа се.
Ко ќе падни некоја жртва тогаш ќе му текни да ја напрат ама касно ќе биди.
Да тие страв в сала да одиш еј ќе загиниш страшно нешто 21 век мизерија... :mad:
 
Famozniot sponzor nosese mnogu pari no bidejki idese od sk kombeto so pari tezese se dupna gumata i ostana na pletvar. Za aljus ne samo klocute tuku i da isplati se sho dogovarase so laznata slika za toa deka ke ima sponzor
 
рбаланс, мебаланс, кур се треси, не знам шо очекувате од политичка власт да напрај, истото ќе ни се дешава ко со овие лајнарите досеа, се дури тотално не се одтргни политичката рака од клубот бел ден нема да видиме, па макар и да клубот престани да постој е поарна варијанта од колку да го држи општината.
Можи некој мисли поинаку ама политичка власт никогаш нема да работи како шо треба, СЕ Е ЏАБЕ, единствена опција врти сучи ни е циле да го крени клубо или пак трифун друг спонзор не вервам да се најди за ракомет во Битола.
 
I sakas da kazis poarno da nema klub ? Pa parite od opstinata se nasi pari i neka tera taka i taka e gradski klub pa ko ke se najdi nekoj seriozen (ne kako cile posledniot pat ) bujrum neka go zemi
 
Настрана од муабетите за пари, спонзори, курци палци... Да се вратиме на резултатите на клубот.
Глеам денес на Охрид му заминал Кежич или како год да се викаше, а ликот му беше еден од носителите на играта. Одма се осети пад во играта денес, пошо едвај тепале во Скопје со мочковците на Минчо.
Исто се збора дека со финансиите не биле баш сјајни и тие ко нас, така да проблемите можи да се пренеси на теренот.

Работник го изгуби и Мајнов пред некој ден, го пуштиле и тој Чампар црногорецот пикерот, и сеа се буквално и тие чорба на бековската линија. Само со Дрогата, Крстевски и Чурлето и сеа онај новио шо го зедоја од Грузија. Плус Чаневски му е повреден и ќе носеле нов голман сеа аз Челинџ а да не заборајме дека и тренер сменаја во меѓувреме. :D

Муабетот ми е...
И Работник и Охрид ни гостуват во Битола во наредните две кола после ова коло против Вардар Џ.
Ако предходно беа поквалитетни на играчки кадар, сеа слободно и покрај то шо 7-8 играчи ни заминаја нас, можам да констатирам дека можиме да ги шлакниме и да го завршиме есенскиот дел со убедлива предност на 1то место.

Следи лесен меч со Вардар Џ, па после Работник и на крај Охрид, сите 3 меча во Битола.
Да ги добиеме сите 3 па здравје боже ако се најди спонзор на пролет во плејоф да се појачаме со уште 2-3 странци.
 
Taka e i plus aplaus za todor za ova so go kaza
Во последно време мн е тивок го нема го нема и оп ко печурка ќе изникни само ме интересира дали тодорчо ќе пушти брада и мустак во знак на сожалење за целата ситуација шо ги снајде. Сепак е Movember

Раз два три... 1 2 3
 
Денес рутинска победа против џуниорите.
Паметно беше шо во второ Аљушо ги одмараше грузиецот и Митич, па му даде шанса поќе на останатите исто и Чантурија го одмори.
На лев бек денес играш Ончев ако не се лажам, ама имаше едно дете на среден убо изигра и одбрана и напад, да не знај некој кое то дете? Првпат го глеам јас во екипата.

Сеа следно коло следи интересен меч, дербито со цилевци.
Изнакупија тие кутрите пак странци, донесоја некој ни мој ни твој во последен момент. :icon_lol: И голман ќе носеле во текот на ова недела се збора.
Ако ги шлакниме ние шо сме распад систем, онај ЦИле треба да земи Баге и син му да ги фрли од терасата од Белведере. :icon_mrgr:
Па мајчето му го ебаја бе, вреќи пари му потрошија во нецели две сезони и резултат никаков.
Можи еден контингент странци свртија во година и пол и пак се мачат со екипи како Пролет, Борец....

Ќе биди интересен меч во секој случај, очекувам да има полна сала и навивачите да се во солидна бројка на трибина.
 
Чуриќ е тој средниот бек, единствениот странец шо остана од цела барга :D (тука се разбирам не ги клавам Темо и Митиќ кој си играат од почеток) останатите пикерот, крилото, вториот голман и уште еден, тие уште одма ги спашкаја :D
Се чекаше сертификатот за Чуриќ, изгледа средија се и со него штом почна да игра...
Напад не игра нешто посебно, слаб е во напад, ама игра супер одбрана, барем го одмара вака Папата за одбрана со него ротираја. А на инсертите на јутјуб токму овој е напраен како Карабатиќ да дошол :pos::pos:
Следните 2 кола ни се победа мислам јас и со Еурофарм и со Охрид, Темо има да ги изгази, ретко виден играч во нашата лига секоја чест :cuc:

П.С. За 2 недели негде официјално треба Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) да бидат нови спонзори на клубот, ако напуштат Камчевци од ФК, можно е ЕЛЕМ и таму да финансира....
 
Чуриќ е играчот со број 13 незнам дали прајте муабет за истиот оти Чуриќ игра уште од првото коло одма го регистрираја нема пропуштено утакмица ама 80% од времето игра само одбрана.
 
Се збора дека директор на ЕЛЕМ ќе биди Ковачевски и дека пари од Елем ќе влегват во Пелистер.
Искрено мене не ми се верва, дајбоже да е така ама ќе видиме за брзо.
Да издејатвува Васко барем еден пола милион евра годишно да се слеват во Пелистрр, ќе го воскреснат клубот за многу брзо и плус еурофарм како спонзор ќр се напрај силна екипа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom