Јас мислам дека со Доне куглата Работниците ќе бидам многу посериозни... И со ова трето место треба да се задоволни покрај оној буџет и играчите со кои располагаа. Не можи на тајмаут двајца да зборат итоа обратно, едниот вика одете преку пикер другиот вика бекојте мора да шуткат...
Плус сигурно нема да седат со скрстени раце и тие, еве Стојановиќ го договараат а покрај него сигурно ќе имаат уште некое засилување. Доне можи и не е светска лига тренер, ама одлично ги познава кај нас условите, и мислам дека ќе ја стегни екипата како шо треба.
Заре и Иве нека седат на страна сега и нека шлукат, оти ништо чудно и од младинските категории да ги спашкат, ама само да не се вратат после кај нас со прикаската Пелистер е традиција, љубов...
И мене ми е драго и за Колев и за Маџовски и искрено се надевам дека ќе добијат шанса. Колев уште одамна е репрезентативен материјал, само шо никогаш не доби шанса ни во Вардар ни во Металург, па сега на стари години преку Пелистер (шо е неверојатно) дојде до репрезентација. Во периодот од 99та до 05та најмалце два пати беше само до потпис од Пелистер, во какво само голманиште ќе прераснеше тогаш со оној стручен кадар шо го имавме...
Маџовски и тој сосема заслужено... Заедно со брат му неверојатни борци и работници (не за Тушнико ама

), ораат и во одбрана и во напад, се фрлаат на гла по секоја топка навистина секоја чест за дечките. Можеби не е најтехнички потковано крило, прави грешки некогаш сосема безвезни ама од Златко и Тото овој е првиот навака шо се толку се залагал за тимот.
Околу изборот на Лино... Никако не можам да сфатам дека овие играчи ги повика заради квалитет и заради прикажаното. Одамна кај нас е приватизирана репрезентацијата, и одамна се знај дека мора да си играч на Вардар или на Металург од домашната лига за да добиеш повик.
Овој состав можам да го сфатам како некоја излезна стратегија на Лино во случај да не напрајме ништо, можам да го сфатам и како негово неинтересирање за МК ракометот и последно но и најбитно да го сфатам како реваншизам према Борко.
Да се разбериме, по прв пат гледам некоја промена во составот и сум задоволен.