Абе аман вие шо ги напрајвте,небаре кузнеј шо екипа се.
Дај не му ја кревајте толку цената,не се толку јаки,тука сме со тимојте,за првата утакмица ние бевме појјаки заради подолгата клупа и шо бевме поспремни на кондиција.
Ако се гледа по позиции имаме коњи за трка.
Голмани:Колев и Даниловски статистистички се меѓу најдобрите голмани во лигата,то шо сркнавме по 32 парчиња од екипи ко Прилеп и Металург е друга работа,ама двата имат меѓу најдобрите бројки во лигата,не ми се верва друга екипа да има подобри статистики освен Охрид со Трајкоски и Стојановски,ако има ден барем еден од голманите ќе биди убо,посебно ова се однесува на Колев,искусен,години играл вакви утакмици,ако се мотивира ко на првата утакмица и да има подршка од одбраната,пред се тие на средина шо 4цата ќе биди таман.
Арсич и Чаневски не се лоши,посебно Арсиќ е добар,сеа накурчен ќе биди оти лани неправедно го избркаја,најмалце беше крив тој лан а прв го јаде

.
Сепак се зависи од нашите,ако се игра стабилно,до позиција за шут ко со Охрид таман ќе е,ако се оди без веза на шутој од неизградени позиции и да се влегва во игра со грешки го јадовме.
Одбрана:Овде тие се апсолутно во предност,не дека кузнеј шо играчи имат во дефанзива,ама некако покоординарано делуват,за разлика од кај нас шо нема некој лидер во одбрана ко шо беше Ќани па да ги координира другите,тие денес би требало да играт некоја истурена одбрана,5-1 со Адли или Барос напред,или пак 3-3 со Зверо и Фарук на бекојте,ќе имаме проблеми,посебно ако влезат во серија технички грешки,ваљда ќе има конекција до пикер,и да се префрла топката до Папата,или до Резо,ќе има простор,само треба тој шо ја има топката да издржи дуел и да напрај простор,е сеа заебано е шо неаме такви играчи,освен Борјан и Богдан,другите се
Бекој:Тие го имат Мајнов кој е пред се мекуш играч,иако има каде каде појјака техника и репертоар на удари од Филиќ,не е ко Филиќ на кој му треба залет од 5 метра да шутни,повисок е од него,ќе треба доста јако да се излези на овај,да се задржи,доста добро соработва со пикер и десно крило,ќе мора да се напрај нешто овде.
Сепак повреден беше овај лани цела сезона,и немаше ни тренинзи цело лето,дојде овде октомври,не е спремен целосно,плус и менва нон стоп ќе има простор за некој брз центар.
Чурлето и Стефан Талевски се на плеј,појќе ќе игра Чурлето,овај е опасен,главен играч,посебно во та игра 2на 2 со пикер,тука е маката,сите бекој прво шо барат е игра 2на 2 со Адли,овде ќе мора да се спречи,тие двајца шо ќе бидат на средина ќе мора да го извлечат Ѓупако надвор од 6,ако го остават да игра блиску до линијата го јадовме,поарно некако шуткат од надвор отколку да играт на линијата и секој втор напад да е пенал или гол,и со Охрид така го јадовме куро,вишок или на пикер или по крило и 500 пенали ни свирнаја.
Мите ако не се лажам е повреден и нема да игра,овај Чутура ќе видиме,како и да е,ако игра Вешо на него ќе имаме огромни проблеми,разлика во висина огромна,и да не можи да шутка овај старио ќе му оди 1на 1 и ете ти проблеми на линија,или топка до крилата.
Крила-ко сме кај крилата десно сме апсолутно во предност,дај бе не заебавај,кој Белорусин,кој Козла Трепкачо

,ајде таму,Резо за овие е Абало,најјако десно крило во лигата е,освен од на Вардар крилата.
Лево тие се во предност,Барос е јак играч,опасен,додуша во ваква лига секое нормално крило личи на Геншајмер,ќе мора да се спречи овај,главен стрелец му е,влегва на втор пикер,некогаш и плеј игра,универзалец,не смеј да му се дозволи без чести прекини да играт,ако ги остават без прекин ништо не прајме.
Пикери-И тука сме егал,да беше Тасевски малце поуходан и послободен ќе сме во предност,треба да проработи батето,корисен е доста во двата правци,само му фали самодоверба.
Овај Ѓупако користи доста топки,сепак со овие одбрани шо се играт кај нас не треба и многу,па најде село без кучиња и изиграва некое пикериште,иако е доста подвижен и добар,нема збор овде,не е тромав,долги раце има,знај да се постави,овде треба доста работа со него да се заврши,ако се затвори овај голема работа ќе се заврши,како во второ на првата утакмица.
За кај нас би требало Папата да изигра добра утакмица,го ранат доста со топки,треба да извај доста.
Ако се клат на кантар двата ростери пак имаме шо да понудиме,физички е спремна екипата,за ова нема збор,псхички сме послаби,и одбрана,да ја имавме ланската одбрана добивавме гарант,вака ќе биди тешко.
Ако не примиме појќе од 25 гола ќе имаме огромни шанси да тепаме,сепак и ние играме брз ракомет,ваљда еднаш и ќе имаме среќа на крај,досега два пати губиме тесни завршници,значи тука сме чорба,не смеј да се дозволи ние да бркаме,треба да префрли притисоко кај нив,ако ги запукаме како на првата ние да диктираме до кај средина на второ ќе ги тепаме,сепак крајот е најважен,поспремни сме на кондиција,за ова сум сигурен,само шо неаме сила и знаење да играме под притисок.