Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Ти Томас мислиш дека Ќани има во црпката капацитет да го разбери ова ? :icon_lol:
Па тој ако разбираше, досега ќе ги анализираше нашите слабости и слабостите на противниците и немаше ваков срам да доживејме.
Јас сум сигурен дека во глата негова сите противници му се исти и се "спрема" исто без разлика дали играме со МРК или со Охрид или Работнички. Нема тој капацитет ова да го увиди а уште помалце да го корегира.
То ти е исто како да седниш со почетник да играш шах.:icon_mrgr: Тој знај само како да ги мрда фигурите а нема појма како изглеа движењето на играта во моментот и можиш со неколку прости потези да го решиш и да го остајш да се чуди поласат како се деси то.:boksix:

Не е ова реална слика на ова екипа. Неможи да ме убеди никој дека сме послаби од лани. Едноставно не знај да ја постави играта Ќани и зато ни се дешава ова моментално.
Незнам до кога ќе го толерират и ќе го остават да се глупира со тимот, али то е нивна политика и на крајот од денот ќе видат какви резултати ќе постигнат.
Можам да речам само дека ако изгубиме во Радовиш, а богами големи се шансите то да се деси, тогаш сериозно ќе биди доведен во прашање опстанокот во лигата.
Ја уништи психички екипата Ќани. Му наметна лузерски менталитет и неможат да се совземат. Уште овај пораз со Радовиш и после со Металург следно коло ќе значи убиство во глата на играчите. Па толку порази ни Преспа лани немаше врзано .:backa:
Не си во право за ова..апсолутно....
Доста ги прати другите,точно знај шо играчи имат и како играт..
И пред секоја утакмица му кажваше како на мали деца шо играчи имат противниците,какви движења имат,како на час му кажва,детално се,за ова нема замерка..
Ама на кој му кажва?:tapp:
Посебно добри анализи имаше за утакмиците со Прилеп и МРК каде најмногу потфрливме,секако и со Работнички....
Убо го слушав на тренинг,заедно со Кире по 10 и кусур минути му објансуваја шо играт и Шаренац и како брани Рајчиќ за Прилеп,шо игра МРК,и кои движења ги има Чурлето,и дека треба да се прат чести прекини,и фалој,и да се умртви играта и да се стегни одбраната..
Доста коректно одработено беше то барем,од анализа на противник..за ова неам замерка никаква..
Е сега шо не се спроведва на терен,и шо играчи ко Дрогата си се клават над екипата и си терат СВОЈА ИГРА нема тука шо да се бранат и самите си се насадија и арно му прај детето,шо си се прај шанкуре,ко виде село без кучиња..
Барем за одбраната неам замерки,односно за советите шо му се дават на играчите,е сега за нападот е друга приказна..
Шо неаме акции неаме,то го знат и врапчињата,не е ништо ова ова...
Самите се криви за ова,шо не кладоја ред,и шо дозволија самоволност во напад и недисциплина,посебно кога губиме се распаѓаме како политиката на СДСМ:pos:..
Не можи бе ти со брзи екипи да играш брзо,да завршваш напади по само едно вртење на топка..
И мора тука да пресечат и да кажат кој е кој во тимот,не можи нека да биди мангуп во тимот,на сметка на цела екипа...
Го гледам некни Дрогата на тренинг и не можев да се изначудам шо гледам..
Оди во дуел со Николиќ,овај му ојде малце појака и го падна,и се изнервира Дрогата,нешто му рече и се налути и си излезе,и после до крај на тренинг си седеше крај аут линијата и нејќеше да влези да тренира..:facepalm:
Каде бе така?
Па ова да се случеше во времето на Цане,на Зечевиќ на Гужва,па имаше да го избркат ко партал од екипата и немаше ни да ја види салата,камоли капитен да е..
Цане го партал го избрка Иве од тренинг пред 8 години,и то за обична кавга,а не вака да напрај,и то на времето Иве беше капитен на репрезентација,а овај кој е?:гик:
Премногу слобода му имат даено,и од гла му се мава сето ова..
Овде треба да пресечат,се знај бе кој кажва во екипата,не можи некој 20 годишник да се прај мангуп овде...Па и да е некој играч е не смеј така да се понаша,камоли со игрите шо ги даде,најслаб е од сите...
Не треба да не чуди шо од сите губиме,нема единство во екипата,сите си терат свој филм,на кланој се поделени..
Битолчаните на една страна,Дрогата меѓу нив глуми фраер и си мисли дека е над екипата,странците нормално кур ги боли си терат своја страна и си гледат само едно,да му се плати,а засега освен Богдан кој не дава максимум сите други доста коректно си ја бркат работата и тие не крепат,ако не беа тие ќе бевме последни убедливо...
После се чудиме оти не знајме кај тераме,па нема да знајме ко нема ред во екипата..
И пак ќе речам,според мене ако не успеат да го вратат Звонко од странство ќе биди погубно да носат друг тренер,најмалку некој странец,поарно да напалкат некој Македонец кој колку толку разбира ракомет и ги следи случувањата,ако донесат странец џабе ќе биди,посебно ако донесат странец кој е од МАРС паднат и не ги знај приликите овде...
И јас стојам на мислење дека не сме толку слаби како шо кажва табелата,дека екипата има потенцијал,ама фали многу дисциплина и акции во напад....
Овде треба да се корегират Ќани и Кире,ако сакат да ја задржат контролата,да клат авторитет во тимот,не можи бе ти ко другар да си со играчите,посебно по мекиот однос со Дрогата, сам не можам да повервам колку доверба му дадоја на онај,ај од почето можи беше логично шо беше така,ама на терен ко видовме како се понаша батето се дела дека не заслужва толкаво поверење...:facepalm:
Абе на времето Гужва на Лазаров му се корнеше од дерење и се да напраеше арно,овие му дале слобода невидена..
Никаква работа на тренинг да се немало,е па не можи бе така,не е само позициониот тренинг работата..
Ќе свртат десетина акции,ќе љуфнат некоја па ќе АНАЛИЗИРАТ кај згрешиле и то е то..
Абе за тренинг се знај како се тренира,има да го спрегниш в сала,индивидуални тренинзи,да рока по 2 сати шутој,игра на крило,пикер..
Овие ќе изиграт 20тина минути позиционен тренинг,и то е тренингот,после слободен шут и тегнење,ни 1 сат и 20 минути не е тренингот,од то 30 мин ефективен тренинг,се друго е драпање ташаци,е па не е ни чудо шо сме дупка во напад...
На времето Маковеј тренинзите ги држеше шо 2 сати,плус теретана,плус индивидуален тренинг,настрана исхрана и се останато..
Абе колку треба за ракомет,ехееее.,ама џабе збораме,не можиме ние овде како лаици да му кажваме шо да прат,сами треба да знат ако сакат да напредват како тренери,да не останат цел живот во младинци и кадети,сега му е шансата на двата да се докажат..
Срамота е Доне Куглата мајмуни да ги прај,резили невидени,не само нас цела лига мајмуни ги прај...:tapp:
Ама ете си прати батето како се работи во Европа и вади максимум од екипата,за разлика од нас...:гик:
 
Ќе треба изглеа да го зашлапат малце тој Дрогата и да го спуштат на земја изглеа... Имав пишано дека треба да му се одземи капитенската улога и да му се дај на Папата, кој мислам дека и лани беше капитен пред да замини во Прилеп.
За доброто на детето, ќе треба некој да му објасни изглеа неколку работи оти не е во ред да лета во облаци уште одсега.
 
Можи Ќани и Кире до танчина да знат како ќе игра противникот, па дури и на ливче да му ги дат сите акции напишани... Пак е џабе кога одбраната ни е чорба ито телешка.
Не знај Кире ни пикер да превземи ни играчи да брои, ни да напрај фаул кога треба... А Кире се рачуна нешто како дефанзивец, овие другите 'офанзивци' се уште по изгубени. Да бара Ќани да играат 4-2 или 3-3 одбрана па ајде не можат да се снајдат... Ама 6-0 е најпростата одбрана шо се игра и пак кај нас дува промаја, и пак не можиме солиден блок да напрајме.
Можам да замислам само шо ќе биди ако му текни на Ќани да пушти 5-1... Има да не бушат на сите страни.

Да не продолжвам понатаму за то дека 3ца бека играат во напад цела утакмица... Џабе е...
Играчите се тие, за жал за ниеден не можиме да кажиме дека кузнај колку напреднал во однос на ланската сезона. Ќани и Кире се делумни кривци, со оние тренинзи ништо не бива од нас па макар уште 10 години остани истата екипа.
Најмногу сум разочаран од Цревото. Зошто? Зато шо е најголемото ракометно име во моменталната управа, и (ваљда) прв човек на клубот. Ова шо го сработи до сега е катастрофа. Нека си ја држи функцијата во катастарот и нека си прај анализи со Зоки на Тера и доста му е. Дојде тука, ги довлечка од Орбис да снимат каква е ситуацијата и кажа дека бил на линија со 30 играчи и толку од него...
Проблемот е шо нема никаков план во клубот ни за оваа сезона ни за другата ни за 5 ни за 10 години понатаму. А и како да има ко се чекат пари од она ѓубрето...
Прво се враќаме на старите патеки... Па ајде со млади сили... Па чекај Чачиќ да го собериме оти немаме ниеден левак...
Да напраеа екипа (2 постави) само со млади играчи, тогаш ќе разберев шо јадиме ќотек сегде и ќе ги рискиравме 2-3 сезони за да од таа екипа излезат класа играчи.
Ние имаме 6 играчи сосе голманот, немаме замена скоро никаде... Собираат се шо ќе се најди на пат односно ќе се врати во клубот (Николиќ, Папата, Рајатоски...) и се надеваме дека со Радовиш ќе ни тргни. :facepalm:
Немаме пари за десно крило и за 3 бека, имаме за двајца екс џуниори да се шлаат со младинците, до душа голманот ни крив ни должен го турнаја во младинци. Па ако не се рачуна на овие појќе ајт назад во Скопје, за шо му плаќат стан, сметки, плата, јадење? :facepalm:
Сега уште Крис фали (шо бидна со него?) па да биди весело во Буре :angel:
 
Немаме пари за десно крило и за 3 бека, имаме за двајца екс џуниори да се шлаат со младинците, до душа голманот ни крив ни должен го турнаја во младинци. Па ако не се рачуна на овие појќе ајт назад во Скопје, за шо му плаќат стан, сметки, плата, јадење? :facepalm:
Сега уште Крис фали (шо бидна со него?) па да биди весело во Буре :angel:
Во прв тим тренират и Маркудов и Даниловски и тој средниот Христијан.....
И ќе играт за младинци паралелно зошто ако не префрлеа нешто ќе бевме последни и во та возрасна конкуренција..:pipi:
А за кам-бекот на Свежио,то беше патка на @Игнориран член
Нема да се врати за жал(а и да се врати ќе оди сигурно кај неговиот ментор Иве):kuracc:(Мичо-газдата на Буре dislike this):icon_mrgr:
 
Свежио е во Франција и настапва за некој клуб таму ... Не се враќа овде ни кај нас ни кај другарчето Иве. Виде колку е сато и тој ѓуптино и ги запали патичињата уште при крајот на минатата сезона иако му нуделе убав договор другарчињата за да остани во Работник.
Иначе и Цревото го контактирал прво него во jуни уште, али добил од старт негативен одговор и го донесоја Арсич кој бил предлог на Писето, верувале или не.:pipi:
 
Свежио е во Франција и настапва за некој клуб таму ... Не се враќа овде ни кај нас ни кај другарчето Иве. Виде колку е сато и тој ѓуптино и ги запали патичињата уште при крајот на минатата сезона иако му нуделе убав договор другарчињата за да остани во Работник.
Иначе и Цревото го контактирал прво него во jуни уште, али добил од старт негативен одговор и го донесоја Арсич кој бил предлог на Писето, верувале или не.:pipi:
LIKE за Писето,знај да одбери играч...:vozbud:[DOUBLEPOST=1445460662][/DOUBLEPOST]
Свежио е во Стразбур,прва лига ми се чини играт.
12045736_1026922954004904_5266592087312740942_o.jpg

Врати се СвежиО...:pos:
 
Среда во 6 со Античките...
Дрогата 15 гола ќе му клај на онај Чевларо:kuracc:,и одма ќе го побарат во Скопје...:pos:
Ќе можиме да напраме трампа некоја...:zloo:
 
Читам Чавор во Унгарија растур прај, дечкото прв стрелец е во првенството.:pipi:
Ах каков играч донесовме а го испуштивме ради глупостите на онај клептоманот и на тој дебелиот .
Каква екипа ќе склопевме само та сезона ако не си заминеше дебелиот. :facepalm:

Дрогата,Фитило, Вукичевич, Оса, Бесараб, Чурлето, Чавор на бековската линија.:lut:
Пикери Јанев и Папата... Десно крило Пискало и Козла лево Игорче и уште некој ќе се донесеше.
Голман Свежио и ете евентуално уште некој за втор голман.
Со стабилно работење и по некој паметен трансфер, сега после две сезони ќе имавме комотно тим за второ место и СЕХА лига.

Ама тое ко ќе имаш работа со криминалци и хоштаплери, епилогот е овај. Зато сеа ќе бидиме закопани на дното на табелата.
 
Леле,леле каков очај од екипа сме,нема послаба екипа во цела лига,дефинитивно...:aplauz:..
По,по,тотално НЕЗНАЕЊЕ Е ОВА,ТОТАЛНО:ban:

Со играч појќе на 6-0 вишок ни прат,во напад основен вишок не знајме да напрајме....:pos:леле,леле..
Добро бе,како не му е срам овие играчи пари да земат,не ми е јасно стварно..
Ко пола град работа нема...:ban:
Па ко ќе ми текни колкај пари земат,леле,леле..:shok2:
Овие срамота е да се нарекват-вработени лица:ban:..јас да сум на нивно место сам ќе се откажам од ракомет,нема да се резилам пред цела Македонија..
Петрушевски мајмуни ги прај во одбрана,Паунов го напраја небаре Омејер е....:pos:
Резили невидени,срам за ракометот е вакви играчи да се мислат дека се "професионалци"...:shook:
Овие се срам шо го газат паркетот во салата Младост,а камоли пари да земат од нас,од граѓаните на Битола..:facepalm:
 
Ќани господе тренер, евего епилогот. Ич око не му трепнува не размислува за оставка па нормално дебил нема чуства.
 
Па ко ќе ми текни изјавите на Цревото пред 2-3 години,дека не кревал раце од Пелистер дур не го видел на Ф4 во ЛШ. Мамицата хоштаплерска, испаднете го веќе клубот, да се знај кој го еба ракомето во Битола. Тодор Александров Да ги еби сите шо го ебаја клубо.
 
Ех уште двајца да имаме со пристап и залагање како Папата кај ќе ни биди крајо, ништо поќе нетреба.
Едно 3 класи е подобар од другите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom