Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Какво фалење бе... Катастрофа беа, резил невиден. Оние од Пролет дечиња по 17-18 години сите метро и жилет и плус без првиот голман беа.
Многу лошо делуваме во нападот а денес од почеток богами и одбраната не беше на завидно ниво.
Со ваква игра тешко дека некоја екипа ќе тепаме на гости. Еве чист доказ е победата на Борец денес.
Со ова игра од денес а и минатото коло со Прилеп, богами не сме ништо поарни од лани.

п.с
Браво за салата шо ја дотераја малце, одма подруго делува. Плус интересен момент му беше најавувањето на играчите на почетокот. То е нешто шо треба да се поздрави за почеток.
Уште да монтират столчиња и тој семафорот под итно да се дотера.
Во тој дел сите пофалби за управата.
Браво!(y)
И уште оние пичината шо најавуват на почеток, да научат барем да читат, а не само со клецкање место во општина да фаќат.
Пролетер бе :facepalm:
 
Знаев дека ќе дојди Газето бе,абе не пропушта тој вакво нешто...
Сигурен сум дека и говор имаше спремено,да се испуфка како го спасил ракомето,како ќе не враќа на старите патеки,како само тие се загрижени итн,итн,ама апла ќе беше па изгледа во последен момент се откажа сценариото....
Изгледа мислеа ќе има 5000 луѓе,па ко видоја дека бројката не ни 1000,1500 макс и се разочараја..:icon_mrgr:
Како само се шмугна пред почеток на утакмица,хаха,никој не го виде...:vozbud:
Набрзина со Ѓуро Илиќ влегоја,брзо,брзо двата,баш кај шо седев јас,кај влезот,ејјјј си викам почнав да халуцинирам...:pos:
Ај си викам не е тој,после ги тријам очите,АБЕ ГАЗЕТО БИЛ..
Вцрвенет,со румени обравчиња,со џамаданче плаво,абе кежуал стил....:vozbud:
Никој не го чактиса цело прво полувреме,дури второто го видоја...
И почна :uzi:..
Цела сала едно време му се дереше САКАМЕ СТАДИОН...
Ама нема гајле бе онај,учен е,тренинг има...
Иначе цела ова цереномонија малце љуфната е,уствари тро појќе...

Шо ќар денес шо пееше Димитоар,Солзи и смеа со кифлињата:pos:,и децата од танчерското студио,и она презентерката кажва шо имал постигнато Пелистер..
Шо ќар од ова,ако веќе праеја требаше се да се напрај наеднаш,а не вака во етапи...
Демек прво песни,па по некој месец плакети,па дури после турнири...
Без веза е некако...
Како да не се осеќаше дека се слави нешто,се сосила беше,никаква еуфорија кај луѓето...
Не можи да има еуфорија ко само неуспеси редиме...
П.С.
За играта..
Не ми е јасно како успеваме секогаш во Битола да играме една игра,а во гости да сме тотални џомби..
И сега,во реваншот таму ќе се мачиме цело време,и најверојатно ќе го сркниме...
Не ми е јасно стварно..Па во сите сегменти на ракометната игра сме подобри од овие-освен во уиграност на акции,да не претерам сега дека сме изиграле кузнеј шо,ама пак се мачевме во напад,посебно првите 20ина минути,безидејно,насила,
После се одлепивме и сами се распаднаја Пролет-ер...:pos:
Во сите други елементи ги надигравме,посебно во одбрана...
Арсиќ одчичен на гол,Чалето,Топиќ во напад..
Добра утакмица дадоја и Игорче и Богдан кој изнуди доста седмерци и даде неколку добри топки до Топиќ,Дрогата имаше некои грешки,ама почна да се подобрува во напад,посебно се опушти од ко се одлепивме малце,на почеток многу здрвен беше...
И сега со овие ќе се мачиме во Скопје...
Исто и со речиси сите во лигата..
Шо лига ќе имавме хаха,Борец тепва 1 разлика со Џуниорсите,сега го победва Прилеп 5 разлика..:pos:
Секој можи секој да победи,доказ дека тука се екипите негде,и нема никој да дели со некоја разлика во квалитет,освен Металург...
Значи сегдме можи да се тепа и изгуби...
Сега ќе ги видиме со МРК од шо се напраени...
Прилеп го потврдија моето мислење дека се дупка екипа во гости..
Не ми е јасно како успеват да останат непоразени во школската сала...уште ни е јасно...:icon_mrgr:
 
Прилеп го потврдија моето мислење дека се дупка екипа во гости..
Не ми е јасно како успеват да останат непоразени во школската сала...уште ни е јасно...:icon_mrgr:
Овие нашите талентите ништо чудно да ја имат договорено 3 за 3 :X3:,Инаку друго логичко објаснување за она второ криминално полувреме таму јас немам.
 
Незнаел Чалето, стар бил, ваков бил, дедо бил, џабе го плаќале, дрн дрн Милојко, супер си изигра, заедно со Топиќ најефикасни на мечот по 6 гола двата, од кој на Топиќ 3-4 му беа од пенал, ама какви пенали мава батето секоја чест, бомби под пречка :D
Арсиќ незнам како избрани во Прилеп не ја гледав, ама денес сигурно скина преку 15 одбрани, одличен на голот 3-4 чисти зицери фати, плус пенал, добар голман (y) добар скаутинг на Пискачев со дружината :pos:

И Талевски денес на трибина, незнам како се осмели само да влези во салата, на толку лаги, ветувања, курци палци, срам ќе ми биди курот да си го видам не народот пред очи, лажов, лигуш, лопов, шо уште не можи да се нареди за оваа гнида...
Го баравте двојче еве ви го, тој си дојде си мислеше некоја благодарница ќе лапни за 30 години Чкембари, еве му :kuracc:
Требаше грмење песни цело време против него, тука пред очи да види шо се дешава, не кога не е тој пред нас кога спија во општина и мува не го лази, овде требаше карање жена, деца и да ја напушти салата самостојно или пак одење таму фати го за уши и надвор, ако не сака милум, тогаш силум !
Тотално сум разочаран, шо не реагиравме кога најмногу требаше, џабе пејме во Прилеп против него кога ништо не напрајвме кога беше само на 10 метри пред нас...
 
Двојче иди, одма победваме убедливо :cool:
Како беше заинтересиран пустио, цела утакмица активен а јас мислев дека на полувреме ќе испари. Нови голој, нова мрежа, паркетот го бојадисаја малку... Шо сакате појќе јас не знам :icon_mrgr: Јас да сум ко Двојче онака да ми пеат на толку работа, одма ги пренаменвам средствата за уште појак битфест наредна година :D.

Околу играта, мислам дека не треба да се бара влакно во јајцето на 9 разлика... Првите 20 минути беа конфузни, многу грешки, многу безвезни голој примени. После си дојде си на своето, додуша и Тинекс не даде некаков си отпор наеднаш клапнаја и ние заминавме на +6. Второто полувреме добро влеговме и Пролече си се помирија без никаква галама за разлика од претходните сезони кога праеја циркузи овде...
Се на се, јас сум задоволен... Рано е, има време да се уигра дополнително оваа екипа, само смирено и без притисок.
 
Прилеп го потврдија моето мислење дека се дупка екипа во гости..
Не ми е јасно како успеват да останат непоразени во школската сала...уште ни е јасно...:icon_mrgr:
Салата е магична, зато не ја менуваме за ништо :D:D:D
 
Салата е магична, зато не ја менуваме за ништо :D:D:D
Џабе салата е магична ко сте чорба надвор од неа...:pos:
Цел живот иста песна е Прилеп,екс Тутунски....во Прилеп треба од петни жили да запниш да ги тепаш а на домашен терен лесно ќе си ги ишлакаш...
Не Шаренец,не Раичиќ ако сака и Лазаров да дојди ист стил си имате децении наназад...:icon_mrgr:
 
Друга работа, заборајв да го пофалам голманот Даниловски. Ептен ме бендисва детето, добива мала минутажа ама максимално си ја користи. Скина неколку топки и некни со Прилеп и вчера. Со добра работа од него ќе биди добар голман . Дури и против послабите екипи на домашен терен треба да брани цели утакмици. За разлика од него пикерот Маркудов некако не ми остај добар впечаток. Некако уплашено делуваше, збунето, незнај да се постави да си напрај позиција... Мада малце влезе во игра, ама и то шо го изигра не беше за пофалба.
И доста го играт Маџовски на среден или десен... Незнам дали не гледат Ќани и Кире ама детето ич не се снаоѓа таму. Најубо си игра на лев бек и најпродуктивен е таму.
Најдобра варијаната и најпродуктивна во нападот му е Маџовски , Богдан , Чачич...
Дрогата и Богдан во иста линија го убиват нападот. Двата без мозок се...:icon_mrgr:
 
Јас сум разочаран од целокупната слика вчера искрено многу повеќе очекував. РК Пелистер организација на настанот катастрофа, не го фатив многу ама и од она што го видов среќа што не ојдов порано, ајде бе гости солзи и смеа а овие излегват како на мајтап сите се тама само тој шо ја пеј песната го нема а овие не знат шо да прат па шлукат ужас. Презентерката не знај што збора Пролетер, почнува да збора овие музика пуштат престанва пак почнува пак сопират со еден збор катастрофа, музиката цело време дури и во клучните моменти кога почнува утакмиата одат оние песни кои се снимени за навивање за македонска репрезентација, а има толку многу песни кои се за пелистер не ги слушнав, семафорот лајт шоу цело време свири трепа абе шо да се кажи чиниш нигерија на ракомете си. Столчиња па еве лисја кладоја и замисли во боја бе, зелини и бели нема лабаво, а и некој балон имаше ама ги испукаја или во најмала рака не знаеја шо да прават со нив. Се на се оценка за организација КЕЦ чист како солза.
Чкембарите и тие разочараа првото полувреме малку организирани иако очекував барем во поголем број да дојдат не за ракометот за нив 30 години слават тоа само 100 до 200 души кои до полувреме некако се навиваше второто се раштимаја и кој што сакаше тоа викаше да не речам се избламираа не ја знам причината зошто но не изгледаја како организирани и му го напраја ќефот на клептоманот сега ќе речи група на 20 луге цело време се негативни и провоцират со некултурн извици.
Ракометот исто катастрофа, најповеќе сум разочаран од Кире Поповски, за Ќани знаев дека е дрво и дека не го биваше за играч а не камоли за тренер ама имав надеж во Кире, се изгубија на клупа, Дрогата надвор од форма не можи да скокни ни да шутни, заедно со Маџовски ја ебаја во Прилеп исто и денес арно игравме дома и Пролет немаше голман инаку ќе не решеја дома. Николич се подобар е и можи да влези во форма како лани, голманите просечни ќе фати Арсич контри и пенали и ќе му влези некој некоја меѓу уши или топка која не смее да влези, за пикерот од Металург освен што е млад нема некое оправдување зашто го донесоа, стариот за вакви екипи е користен ама ако иам добар голман како Прилеп и тој е бескорисен .
 
Зошто Кире не е на клупа туку на негово место е Мише?
Нешто проблем со лиценците или?
 
Зошто Кире не е на клупа туку на негово место е Мише?
Нешто проблем со лиценците или?
Како бе не е... Вчера беше на клупа, цело време го пратев запишваше нешто во едно тетратче.
Можи дека беше седнат цело време до играчите не го забележа, ама таму си беше.

Според мене Кире е подобар тренер од Ќани и да не беше замешаноста на партијата во клубот, тешко дека Ќани ќе го остаеја за прв тренер. Двата работат паралелно со екипата, ама сепак мислам дека Кире подобро го водеше клубот со многу послаби играчи на располагање.
Нека терат вака ова сезона, наредна странец тренер а овие двата до него како помошници и да работат со младинците на тренинг.
 
Лесно е да се седи на страна и само да се критикува дека Чкембарите се избламирале и дека двојче му бил во близина и малку се пеело против него. Ајде дојдете и вие застанете до нас и заедно ќе пејме! Ама се плашите и ко ќе се пеј пејте со пола уста скриени во некој ќош. Заради тој двојче на крајот од првото и цело второ полувреме немаше асолно навивање. Зато шо пушти инспектори да прат притисок на воџите дека ќе добијат пријави и ќе ги приведат ако се пеј против него. Па после едни рекоја кој ги еба сите ќе пејме.. други се исплашија се тргнаја.. третите ко се пееше ќутеја и то е то. Многу е лошо кога ти зависи слободата а и работата од нешто. Единство ни треба драги Битолчани! Оти сите не станавте ко пеевме против него и заедно да го избркавме на клоци??? Неколку пати се викаше станете Битолчани и ајде цела сала. Само 2 пати грмеше она сакаме стадион а се друго беше лошо. И после ќе излези двојче ќе речи абе поделби има во групата и тие не знат кај терат... Абе багра дечиња се собрале и не знат шо пејат.. НЕКА НЕ ДУПИ НА ЗДРАВ ПАМЕТ КО СМЕ ТАКВИ!!! Мислите дека се уплаши тој од 50 души шо пееја лажи лажи владе и од ооо го ебав газето?? Не бе.. око не му трепна! Друго ќе беше да станеја сите ии 1500-2000 души да грмеја против него! ама не е друго...
Ај бее на избори ќе се покажиме :zloo: :lolzz::vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom