Мене се ова шо се случва денојве ми е одбивно и веќе видено...
Томасо потенцираше претходно можи и уште некој друг спомна, секоја година различен приоритет имаат, односно само пумпаат некоја си возбуда и на крај се завршва неславно. Лани беше фудбалот, па тука и за стадион и за ЛШ имаше некои влажни сништа. Не бидна ништо зато шо се беше врз база на лага, и на крај ги снема нигде за да по неколку месеци еве ги ракометот да го 'креваат'.
Па и оваа цела еуфорија со 30 години Чкембари е претерана. Океј крводарителска акција и утакмица со ветераните... Ама плоштад, бакљи, огномети?

Шо славиме бе другари? Последна титула во градот дојде во 2005та. Од тогаш навака една полусезона нема поминато да е се во ред во некој од клубовите. Фудбалот е машина за перење пари, кошарката е замрена, ракометот е некаков си проект во најава (vol. 390138097157)...
Kога сме кај навивачите... То се оние истите кои се повеќе трошок за клубовите отколку ќар. На претходната прослава за 25 години се фрлија пари на бина, бендој, пиротехника, пиво... А за тоа време играчите немаа XX плати земено. И да не заборајме дека и на Двојче ќељајцата му беше доделена благодарница, за 10 годишно континуирано крадење и праење будали 100 000 народ.
Да не ги спомнувам годините кај шо се бојкотираше ракометот и кога в сала имаше едвај 200 души, ама важно немаше некакви си напалени дечки туку имаше луѓе кои го сакаа(т) Пелистер и ракометот.
Се прај дебата на која е потенцирано да не се збора зошто сме на ова тереџе... Него да се најдат решенија, и одма Зоки со статија дека се дискутирале конкретни чекори.

Зошто да не се збора кој е крив? Ваљда за да работите тргнат во позитивен правец прво треба да се прочисти клубот, да се напрај дератизација од сите крлежи и паразити па после да се најди решение како понатаму. Зошто да не се дискутира на пример кој го избрка Циле и кој го донесе па го избрка после тоа Спире? Зошто да не се дискутира како клубот работеше со Ефто? Зошто Циле не успева во 5 години 50 пати да влези во клубот?
Или пупу не важи ова, нов почеток сега... Само до кога? Со овие луѓе кои гравитираат околу клубовите се пократки и пократки се периодите дури е ренесанса и цветат ружи во клубовите.
Кај има на светот екс воџа на навивачи спортски директор? Кај има на светот интервју по повод јубилеј на навивачи да се прај во канцелариите на клубот?
И цела оваа фарса е уствари прослава на континуирано тонење на спортот во градот потпомогнато со оние шо се нарекуваат навивачи, 30 годишно вандалско уништување на клубот за да некои се обогатат преку ноќ, секоја чест на тие неколку кои си го зачуваа достоинството и си се тргнаја настрана.
А шо прајме со тие претходни 30 години од историјата на РК Пелистер? Или се започна од овие хоштаплерите во 85та? На која годишнина ќе се реши некој да го рехабилитира ликот и делото на Мате Шундовски како најпознат навивач во Југославија?
Можам јас да пишам вака до задутре... Ама е џабе кога по некој месец нема никој да се сеќава ни на 30 години, ни на ова фамозно враќање на старите патеки по 100ти пат...
Во право си за некои работи,посебно за та постара гарда на Чкембари,ама за помладата гарда,за ова водство шо е овие последни неколку години не си апсолутно во право,гарантирам.
Групата функционира доста добро,почнаја да се поштоват навивачки кодекси,нов стил на навивање,кореографии,кодекс на облеквање и се шо на времето беше научна фантастика за старите,со секоја чест на исклучоците,посебно сега шо е најважно,како никогаш досега групата опстојува без мешање на партии,а и без помош од клубојте,чисто од самофинансирање се напраја многу работи овие години(освен превозот за гостувањата во фудбал последните неколку сезони,ко ќе се одеше со воз,автобус,не со коли)....
За порано сите знат како беше,не е некоја тајна ова,сите шо пратат спорт знат...
Заради нивните грешки(на старите) и партиските влијаниа доста претрпе групата...
Башка то шо се мешаја во управите,и менваја луѓе,прво беа со Циле,ја прошетаја цела Европа,па после се вмеша партијата па ај Циле не чини ќе го клајме Спиро..
Ете шо напраја со Спиро,па после на Спиро му караја...
Па после го молеа пак тушнико да даел пари,па тушнико му кршеше клечки,од типот го земвам не го земвам,а јасно како ден е дека ни сака(ше)да го земи клубо ни ништо,се беше игра за тендери и парцели...
За то со Газето,и се,знајме...

Плакетата шо му ја дадоја на 25 години,неам коментар,најголема грешка во историјата,и не можам уште да си простам шо и јас се скапав од трчање тие години за џабе,после то се тргнав на дистанца..

Зато си еба мајката се,оти навивачи глумеа политичари...
И години групата трпеше заради нив...
Многу работи се ебаја баш ради тие грешки од порано,ама новата гарда деца сериозно работи,стварно децата шо ја прат организацијата заслужват пофалби..
А има и доста млади деца,малолетни, шо уште отсега имат поголема навивачка култура од тие тн"
ВЕТЕРАНИ"...
Јас само во Македонија можам да видам навивачи ко кај нас,Ветерани,Стара Гарда дрн,дрн...каде бе во други нормални навивачки земји ваков тип на навивачи?;шо се активират само на прослави,дерби утакмици...
Со секоја чест на исклучоците,има и такви,ама грото идат само на важни утакмици...
А за на ФБ сите глумат хард кор навивачи,фрчат селфи на сите страни...
Исто ко случајот со ТЕРА ТВ(На страна на гледачите)

..
Нигде ги нема,и ко некој ајкули,а намирисат крв почнаја невидена кампања за РК Пелистер,небаре за титула ќе се бориме ова сезона,а лани клубот беше доведен на работ на опстанок,не се знаеше дали котизацијата ќе се плати нигде ги немаше..
Абе упм....

Зато пропадна се во Битола,не само спорто....се шо вредеше ебаја...

За мене вистински навивачи се тие кои одат секогаш со клубот,не мора кај Чкембарите,оди на трибина,било каде,без разлика кој бил во управа,а не ко кај нас"
AБЕ КОЈ ГИ ЕБА,ОВАЈ Е ВО УПРАВАТА НЕ ОДАМ,ИЛИ ТОЈ НЕ Е ПА НЕ ОДАМ"....
Мора да се разграничат овие работи,иначе ништо не бива....
Културата да се врати кај луѓето,да идат в сала,на стадион за Пелистер,а не дека немат шо да прат тој ден,или Вардар дошол...
Еве шо ќар имаме денес ако дојдат 5000 на некоја си прослава,ако со Работнички дојдат само 500...
П.С.
За Мате...
Нема врска Мате со Чкембари,тој беше појќе атракција за публиката,иако важеше како неофицијален "диригент"на навивањето..
Ама не можи да се споредват во навивачкиот свет вакви работи,се знај шо е навивање,кој се навивачи,кој се симпатизери итн...