РК Струмица нема голем буџет толку е како што пиша дечкото некаде 180 000-200 000 евра.Али со овој РК Работнички што се најавува полека но сигурно се прави големо скопско трио кое само Пелистер но со солиден буџет ќе може да го разбие.
Хаха,баш го погоди клубот..

Пелистер со овие луѓе шо го водеа покажа дека и со пари и без пари ништо не прај...(како ќе биди понатаму ќе видиме,ама со оглед дека речиси се е исто,горе-долу исти луѓе,исти проблеми во клубот итн, можиме да претпоставиме шо ќе биди)

Една сезона не завршија како треба.15 и кусур години...
Камоли да размислува за нешто плус....
Не се прај ракометен клуб само со буџет и играчи,ако немаш стабилна управа,стабилни спонзори и пред се стабилен стручен штаб џабе е се...
Плус,еве и да има Пелистер спонзор,како Самсоменко,управа шо ќе си ја брка работата и се да биди ко шо треба,се додека не се напрај сала во Битола по сите стандарди џабе е се...
Во Скопје е лесно да никнуваат нови екипи со големи амбиции зошто имаат се на тацна,сала за која треба само да си платат рента за играње утакмица,имаат хотели,имаат аеродром...
Треба само кеш,да се истурка една сезона и еве ти ЛШ...
Во другите градови нема ништо вложено,и не е ни чудо и ЕХФ шо ги крена стандардите и не дозволува да се игра во комунистички сали..
Овде е најмногу крива државата,и индиректно федерацијата...
Овде и да спремиш јака екипа џабе е...Се додека не се направат барем 3,4 сали како треба во Македонија никогаш нема да има солиден спорт во затворен простор...
Единствено чаре е да дојдат некои нормални луѓе во владата и федерацијата,па со некое салам лоби да добиеме едно ЕП,СП во машка конкуренција па се направат од темел неколку нови сали во Битола,Велес како најголеми ракометни центри од внатрешноста

,ете Струмица,покрај за ракомет и за одбојка ќе брка работа,Прилеп веќе имаат нова сала ама ја запустија и тие...
