Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Босето продолжи договор, Николиќ во Темшвар, Ангеловски е странство, Пинки има нов клуб, Папата нов клуб, Вешо нов клуб, Крис веројатно хепатална цироза...
Лапац не знам кој е...
Нас ни требат уште поефтини играчи од овие... Во превод наместо да се носат црногорци, срби, хрвати... Треба да го запали Шамбата аудито и да го земи Цревото и да ја прошетат цела држава, особено Струга, сигурен сум дека ќе се најди нешто. Не е цел пазар само Велко и брат му.

Од сите овие шо се во управата, единствено за Бени би те испрајл... Човекот е долги години во ракометот, ја разбира играта, еве се нафаќа да ги реновира соблекувалните и канцелариите гратис шо е за поздрав. Другите се горе-долу матни типој, а спортскиот директор е тука за да случајно не се фрлиме на бахато трошење.
Ми се бендиса брат се шо кажа е на место, Пискало е Блажевски во Радовиш шо игра крилото шо си го испуштивме за 400 евра. Можат сите да се вратат вервајме и дека сакат да играт за Пелистер ако примањата му се редовни, не големи туку редовни, ако ни требат уште поевтини играчи можат да се земат од цела Македонија имаш право и има таленти со лопата да ги риниш.
За Бени не дека сакам јас некој да дескридитирам дека не го знај ракомето, секој Битолчанец има познавања за ракомето 5 пати поголеми од просечните луѓе во Европа за то не се сомневам, ама шо ми е зборо, друго е таму во федерација ко ќе оди кај Начевците да му ебам куќата, Злате, Заре, Цревото ко ќе му се испрат, шо знат шо барат за ракомето, да не ни пуштат секоја година помош топки излитени, како шо му пуштат на Пискачо в писки да му влезат тројца црнци, друго е брат.
 
Нема играчи во Македонија,да не се лажиме луѓе....
Пред нос Радовиш ни го чапна пикерот Павловски,таков пикер за ваква боса лига е МВП на сезоната...
Не знам кај му беа очите на нашите?Или уште се тегнеа кој која функција да ја лапни?
Славиша можеа да го земат,ама после циркусот шо му го напраја лани гарант најомразен клуб му се во светот...
Во Радовиш има неколку интересни играчи,посебно тој средниот бек,ама треба да оди некој да го убеди да дојди..
Тинекс исто...
А играч шо игра во клуб каде шо си зема редовно плата,кај шо има ред,и да дојди во Пелистер во кој не се знај шо ќе биди нареден месец тешко се најдува,да не речам невозможно.
Ако сака нека нудат и по 2илјади евра месец(како шо нудеа за тркала ко Мите Караиванов на времето):pos:
Кај ќе најдиме сега играчи?Во Преспа?Од таму земавме,ама и тој извор секна,нема појќе играчи....
Струга одамна е забатален ракометен град,и покрај потенцијалот шо го има,можи имат таленти,ама без добар клуб тешко...
А и тие шо тренират таму ракомет,дремат во школите на Металург,па еве ти кочница...
Од МРК Вардар да ти се вратат нашите играчи се граничи на лудило,нема шанса да ти дојдат овде,плус сигурно имат и договори,па ќе плаќат
Не знам стварно од кај ќе ископат играчи...а мора да земат домашни играчи....
Ако не најдат ништо единствено чаре е да земат 5,6 странци,па со та екипа шо остана од лани Игорче,Дрогата,Фитило,Рајатоски,голманчето да се напрај некој костур...
П.С.
За управата...
Фалат луѓе од фирмите,џабе толку директори,менаџери,секретари ко то шо е најважно го нема....:ban:
 
Денес во Спорт Цревото имаше изјава..
Демек да се стрпи јавноста за брзо ќе имало конкретни работи,пред се за играчите...
Посебно нагласи дека се финализирале преговорите со голман и среден бек мислам дека беше,не ме држете за збор.....
Ај да видиме шо како..
Ги спомна и Дрогата и Фитило,изгледа не е дефинитивно дека ќе останат..
Дрогата имал исписница за Констанца,ама откако крахираја тие изгледа нема кај да бега,посебно ако има активен договор...
 
Абе осеќам тој Цревото дека прв ќе ги запали патиките . Еве му давам рок до Ноември.
Ако издржи до тогаш јас гла сечам .
Од старт сите како него биле ентузијасти , ама ко ќе почнат доцнењата на плати , заврзлами разни внатре во клубот , одма ќе напушти терен Стевица.
Али ај да не бидиме песимисти и само да хејтаме , еве ќе почекаме до полусезона да видиме шо ќе сработат.
Иначе ако ги финализирале преговорите со среден бек и голман , тогаш се работи за црногорците Лазар Пешич и ВЛадимир Станкович. Тие беа на проба тука во Битола.
Иначе како шо разбрав Цревото му дал добра понуда на Никола Марковски али дечкото претерал во барањата , највероватно ради то шо имал и друга понуда подобра од Работнички . Ептен загризале за него овие нашите , ама овај бил ептен нереалн во барањата .
Нека не се замарат со домашни играчи , тие не ти идат во Пелистер . Знат каква ситуацијата кај нас и не си ја клават глата в торба . И за помалце пари ќе одат во друг клуб .
Нека накупат странци , па шта буде нека буде .:D
 
Завчера излегвам... Во арт кафе седнати на маса Цревото и Мац со жените :gjavol:
Има паднато тука некој договор милион посто сум сигурен. :misticen:
 
Завчера излегвам... Во арт кафе седнати на маса Цревото и Мац со жените :gjavol:
Има паднато тука некој договор милион посто сум сигурен. :misticen:


Абе сношти и томче петрески го гледав низ Битола ,нели на прилепчани ќе му биде тренер да не го вратат тука :eek:
 
Абе сношти и томче петрески го гледав низ Битола ,нели на прилепчани ќе му биде тренер да не го вратат тука :eek:

Тука си живеј чоеко, а и со тренинзи почннуваат август посекако.
 
Абе сношти и томче петрески го гледав низ Битола ,нели на прилепчани ќе му биде тренер да не го вратат тука :eek:
И Мац живеј тука..:kruna:
Абе сите тука живеат,а сите сопки ни клават...:pos:
 
ќе се средат соблекувалните за да можи да се слика еден чоек (знајте кој ) а за играчи и јак пелистер ќе си почекаме ко шо ми се гледа мене
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom