Реално за тие пари шо ги имаме дури и добри испаднаја странците. И оние така наречени анонимуси кои Лино ги собира шо ние толку ги посакуваме се плаќат увелико, и шо е најважно се привлекват со ЛШ, Сеха, средени сали... Со 300К буџет еве ќе си бидиме 4ти пак и ќе се радваме Струмица ко ќе ја тепаме дома и то е то треба да се помириме.
10 години уназад овде збораме дека треба да се тргни со млада екипа и без никаков притисок да се игра 3-4 сезони... Ние овде се радваме дека Хрват, Црногорец ќе носеле, па добар бил, па ваков таков а никој ни го видел ни го слушнал. Ги креваме до небо а тие од сегде се избркани на клоци... И после ко ќе видиме дека ни за овде не го бива е не чини...
И настрана играчите, се сложвам дека со ваков смешен буџет е тешко да се напрај екипа и да се биди конкурентен на Вардар и Металург... Сите оние ситни превирања внатре во клубот најмногу ме нервират. Клубот функционира единствено на Фејсбук и чичко Драги или некој сличен на него ако пушти некое инфо. За Крис се разбра дека ќе се врати во зимата од ко напраја селфи в кола сосе него

Зоки ако му капнат нешто ќе напиши 2 реда, ако не ништо... Славчо заљубен е во "сеоски фудбал"... Она со плакатите беше веќе жива мизерија.
Ко дојдоја странците, одма кадро манаја пред голо и до нив директоро за да се видело спрема него колкави мажишта донесле

Се расправат со нас овде преку фејсбук како ние против клубот сме биле и шо ти знам друго...
Не дека во 90тите бевме некоја институција, али луѓето импровизираја нешто, имаше по некој ентузијаст важевме за сериозен клуб... Денес сме дефинитивно распашана банда само и ништо поќе.
Јас не сум паметен за да видам чаре за клубот. И да нагази федерацијата да мора да е А.Д. то значи дека ќе треба Двојче да го земи, пошто Циле е заинтересиран колку јас шо сум за овците во Перу... А Двојче ко шо го дал Госпо ќе го испадни клубо и од оваа лига и ќе чекаме МТВ или Тера секој викенд да дават по една утакмица од бивша Југославија шо сме играле...
