Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе прошета директорот ова година низ Европа.
Ајде , ајде , нечини управата ама убо ќе му дојди една екскурзија ко ќе напрај надвор од Македонија.
Сигурно се моли да не ни паднат некој од балканците , колку да прошета негде подалеку. :vozbud:



Прегледај го приврзокот 97673
Абе аман,допрва иди нивното време!Школа на Ефто се ,се гледа..Има да ја видат Европа,можи и ќе скаутират некој играч шо се секирате?!
 
Ќе почни сезоната ние уште играч немаме донесено... срамота.
 
се чекаше претседателот сашо да се врати од одмор и до понеделник се ќе се знај шо како ... под услов да се има вратено денес ко шо требаше
 
Изгледа Циле чека да помини ждрепката во вторник,ако ни падни екипа како Азоти Пулави,па и Одореи изгледа ништо нема да се земи:гик:,ако ни паднат Косоварите и Бугарите ќе се донеси нешто....:pos:
Па после по ланското сценарио ќе дошлепат 5,6 странци во февруар,таман за 3 месеци...
Економичен клуб сме,да можеше(да не беше преодниот рок до февруар)ќе ги земеа играчите само за утакмиците со Пролет и Јуниор(таман да се земи 4то место)..:свиркам:
 
се чекаше претседателот сашо да се врати од одмор и до понеделник се ќе се знај шо како ... под услов да се има вратено денес ко шо требаше
Ti izgleda potparol mu si ili platen detektiv na cile da mu sledish sekoj cekor... majtap nastrana dobra rabota vrshite so informaciite samo de ve cue gorniot barem crevoto trener da go klat
 
Абе и тој Сашо појма нема од спорт... Тотален анти-спортист е чоекот и незнам оти Циле го остај него за претседател. Сите овие околу него се матрапаси и пак ќе прат матни работи со трансферите.
Едноставно незнај ништо за ракомет и спорт воопшто и зато се случи то шо се случи минатата сезона .
Не е крив чоекот , шо да прај кога никогаш не бил во спортот.
Да беше било кој друг , кој барем има најосоновно познавање од ракомет , немаше лани да му ги потпиши оние играчи на Томче Петрески. Ќе ги вратеа уште првиот ден.
Се плашам дека пак ќе го искористат неискуството на Сашо и ќе се потрошат така парите а резултат нема да имаме и некој повоторно ќе си профитира од моменталната ситуација во клубот.
крк.png
 
Реално за тие пари шо ги имаме дури и добри испаднаја странците. И оние така наречени анонимуси кои Лино ги собира шо ние толку ги посакуваме се плаќат увелико, и шо е најважно се привлекват со ЛШ, Сеха, средени сали... Со 300К буџет еве ќе си бидиме 4ти пак и ќе се радваме Струмица ко ќе ја тепаме дома и то е то треба да се помириме.
10 години уназад овде збораме дека треба да се тргни со млада екипа и без никаков притисок да се игра 3-4 сезони... Ние овде се радваме дека Хрват, Црногорец ќе носеле, па добар бил, па ваков таков а никој ни го видел ни го слушнал. Ги креваме до небо а тие од сегде се избркани на клоци... И после ко ќе видиме дека ни за овде не го бива е не чини...
И настрана играчите, се сложвам дека со ваков смешен буџет е тешко да се напрај екипа и да се биди конкурентен на Вардар и Металург... Сите оние ситни превирања внатре во клубот најмногу ме нервират. Клубот функционира единствено на Фејсбук и чичко Драги или некој сличен на него ако пушти некое инфо. За Крис се разбра дека ќе се врати во зимата од ко напраја селфи в кола сосе него :facepalm: Зоки ако му капнат нешто ќе напиши 2 реда, ако не ништо... Славчо заљубен е во "сеоски фудбал"... Она со плакатите беше веќе жива мизерија.
Ко дојдоја странците, одма кадро манаја пред голо и до нив директоро за да се видело спрема него колкави мажишта донесле :D Се расправат со нас овде преку фејсбук како ние против клубот сме биле и шо ти знам друго...
Не дека во 90тите бевме некоја институција, али луѓето импровизираја нешто, имаше по некој ентузијаст важевме за сериозен клуб... Денес сме дефинитивно распашана банда само и ништо поќе.
Јас не сум паметен за да видам чаре за клубот. И да нагази федерацијата да мора да е А.Д. то значи дека ќе треба Двојче да го земи, пошто Циле е заинтересиран колку јас шо сум за овците во Перу... А Двојче ко шо го дал Госпо ќе го испадни клубо и од оваа лига и ќе чекаме МТВ или Тера секој викенд да дават по една утакмица од бивша Југославија шо сме играле... :notworthy:
 
Ајде утре да не посака фортуната и да ни паднат Косоварите или Бугарчињата....:icon_mrgr:
И ние да поминиме едно коло во Европа,заборајвме како е упм....:гик:
 
i posle to ili pred to da kazat definitivno so kako zasiluvanja i red drugi raboti - kris e isplaten so mu se borcese
 
Свежио цело лето остана Битола,да не излези на крај ко ќе е најпотребен да му "истечи работната виза".
 
Го исплатија , сеа можи да си оди во друг клуб...:noze:
Многу ја истинкаја работата со засилувањата . Очекував досега барем да ги продолжат договорите со Вукичевиќ и Бесараб , ама ете и то не го дочекавме. А за две недели почнуват на припреми...

За утре , како шо сме ние огромни малери , сигурни ќе ни падни некој од романците или пољаците.:X3:
Ваљда ја чекат ждрепката утре , па да видат дали од сега да земат играчи или таман во Февруари таму за плеј-оф.:noze:
крк.png
 
redno e i nas da ne posaka srekata barem jas taka mislam :D inaku kolku pretkola se za da se vlezi vo grupite ? 2 ili 3 ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom