Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Овие старите патеки на кои ќе враќаме... Ептен стари ќе бидат ко ќе сме на нив (n)
 
Не е спортски директор, капитен е и најистурен напаѓач во шпицот. :ROFLMAO:
Кај е најистурен во мадињата ???
И штом имаме доказ дека читат на форумов да прашам нешто можи ќе ми одговорат преку Facebook страната ...
1. Зошто годинава не се појавија на пресконференција, за да објаснат кои се планојте на новото клубско раководство ?
2. Зошто го сменаја Кире Поповски од тренер, ко не беше виновен за слабите резултати ?
3. Зошто го сменаја Томче Петрески од тренер без да се доискажи, без да видиме шо сака да ни кажи писатело на новото сценарио (неговио стил на игра) ?
4. Зошто на Кире Поповски не му дозволија да си одбери играчи од кај сака, ами му донесоја инвалиди како Печенио и Игњов ?
5. Колкав ќе биди буџетот за в година ?
6. Шо ќе прајме ако умри Моцарто, кој ќе ја брка работата ?
7. Дали Циле знај дека Пискачо се мота во клубо ?
8. Кој го кладе Пискачо да биди директор ?
9. Дали за в година се планира нешто посериозно ?
10. Дали воопшто некој примети на Младинското Ф4 дека нема голмани и пикери во ниту една екипа ?
11. Дали мислите да средите нешто во врска со Чкембарите и картите од по 100 ден. ?
12. Дали децата шо немат право за младинци ќе му ги пуштиме на Преспа, Прилеп и Охрид, за да можат да не победват по 2-3 години ?
13. Дали тие Цревото, Иве и Багето тинкачите, барат низ државата некој играч шо ќе биди поевтин од Србин или Хрват, а поарен од Молдавец или Украинец ?
Ако ме почестите со одговор на овие прашања, јас за возврат ќе ви поставам нови !!! :D
 
Последно уредено:
Ете во ток шоу гостуваја па спомнаја некои работи како и шо би се подобрило во спортот,конкретно на ракометот.Ќе го потенцирам Пискачев ко рече :имаме млади бисери и идни носители на клубот - дрогата и кузмановски.Точно,ама да не не се идни!Да не заминат догодина некаде,се само заради шо имат потенцијал,а тука не му се нудат никакви услови.Еднаш го спомнав сега пак ќе го повторам тоа шо еден мој пријател замина да игра за вардар во младата школа.Значи детето зема плата околу 250 евра,плус други работи скоро све платено,плус запишан на колеџ или спортска академија шо беше и стипендија...Кај нас во Бт една основна плата не ја добиват а не пак да збораме за други работи,плакат немаме за најголемото дерби...И нормално е да од секаде низ Мк децата одат кај шо ќе градат успех и кариера,ние тука треба да ги задржиме кога веќе ги имаме,да не дозволиме да одат.Така се гради силен спорт во МК и јака лига!И друго рече,дека верувате во силен РК Пелистер и дека сигурно почнал да се гради клубот?!Ај само потенцирајте како се гради?И еве и јас сакам на погорниот пост да ги одговорите прашањата поставени оти и мене ме интересират истите,и не си давајте време како се шо се прај во градот,тука дајте формула како ќе го решите проблемот!Со ќутење и пуштање по некоја информација низ чаршија дека ќе биди поарно ништо не прајме!
 
Јас сум убеден дека Циле врска нема кој е тој Пискачот ќе се изнасмеј да му речи некој Пискачот ако не праша кој е тој да не ве чуди.
 
Најјако беше шо како членој на управата рекоа дека не требало да се носат странски играчи,дека тие му го земат местото на нашите играчи(за ова во право се)(y)
Ама како дел од управата не смееја ова во никој случај јавно да го кажат,самите жолт картон си дадоја,и на цела управа,зошто цела сурија странци довлечкаја во Битола....:icon_mrgr:
И ај сега барај логика овде...
И ништо не искористија да кажат за РК Пелистер(освен дека ќе се врати на стари патеки)ај шо на Паљото не му текнува да праша и него толку му е силата,точно дека емисијата беше за навивачи ама требаше да кажат нешто појќе за Пелистер,за трансформацијата(ако има таква),кажват за ФК Пелистер а не се надлежни за таму,за овде кај шо имаат ингеренции ништо не кажаја,освен на жими мајка ќе биди бате......
Порано барем имаше од кај да разберат луѓето нешто за клубот,имаше емисии на Радио Битола,сер Славчо редовно викаше гости во своите емисии кои одеа секоја недела,сто пати појќе свест за спорт имаше тогаш,сега ништо..
Мишевски освен на ФБ,и на тој блогот нигде го нема,освен да изиграва спикер на утакмиците,да си пиши колумни,да пиши некои најави за подобро утре(видовме шо бидна од сето ова)...
Сер Славчо освен снимките ништо посебно,и тој изгледа нема појќе ингеренции во Орбис...
И шо чекаме појќе?Како да се врати публиката во салата?
Со статуси на ФБ?
За жал така функционира клубот...страната потполно замре...
Ниедна прес конференција немаат одржано цела година,ниедна,освен ко ги собраја на ручек легендите на клубот пред Нова Година ако можи да се наречи нешто такво,јас немам видено ваков случај во спортот...
И како ќе го враќат Пелистер на старите патеки?
 
Да се развиел спортот , ќе кренел и градот економски... Кафаните ќе биле полни , ќе се јадело ќе се пиело:facepalm:
И сеа јасно вие со кој луѓе си имаме работа . Од овие очекувате да напрат нешто паметно?
Дури ги глеав сам се усрамив во себе.

Зошто бе не дојди некој и да сруши се со земјата да срамни и стадион и сала и се.
Единствен спортски настан нека биди одењето во кладилница за викенди...
 
Од она шо го видов вчера јасно ми е дека уште долго време ништо нема да се смени.
Прво, на Паљото емисијата е емисија преку која секој можи да излези да го видат на телевизија и е главен репер за изгледот на моменталното мртвило во градот. Нема никаква критична, интелектуална основа, па така не ја сфаќам потребата да спортскиот директор се појави таму. За Паљото лично е кажано се и не планирам да ја отворам таа тема.
Прво и основно, кај нас сеуште се збора зихерашки. Се е од око, се е како било, шо било, зошто било... Уште сме ние заглавени назад во времето. Јас не слушнав ниедна конкретна работа шо ќе се превземи или план со кој клубот да речиме за 4-5 години го стигни нивото на Вардар или Металург. Уште тие истите приказни дека ние сме голем клуб, дека не сме вештачки, бла бла бла приказни за добра ноќ.
Точно е то, сме биле некогаш... Ама то време помина. Шо сме сега? Сега сме испод просек клуб во потпросечна лига.
И сето то ќе биди така, дури проблемите се пикаат под тепих, луѓето кои нешто постигнале се избришани и заборавени, а се величат некои шо немаат или немале никаква врска со настаните, али го собрале кајмакот.
Никаде во светот навивач не поставиле за спортски директор, никаде официјален профил не прозива група на луѓе јавно заради искажано мислење, никаде професионален играч не оди да игра во некоја бетон лига и клубот уште па да се гордеј со то.
Колку и да ми е криво, Вардар и Металург се светлосни години пред нас во секое ниво и за тоа треба да му се честита. Наместо да се извадат некои поуки, да се препиши нешто од работата на клубовите ние си се тешиме дека вештачки биле, немале публика... А ние божем имаме, ако се читат на Зоки колумните, а инаку тие се луѓето кои одат в сала просечна посетеност последните 10 години е 500 гледачи по утакмица некаде максимум. Шо дека се наполнала салата со Вардар, кога најголемиот дел ошле Вардар да го гледаат наместо Пелистер?
Ние цела една деценија се вртиме во круг. На една дланка се бројат играчите шо ги имаме извадено во цел тој период, успех ни е да не не товарат со 50 гола, и да излезиме во европа некако. И тоа е така затоа што не се знај ни колку пари доаѓаат во клубот, ни каде одат тие пари. Во рок од 10 месеца дури трај сезоната, кај нас се вртат тие неколку стандард приказни... Прво е нема пари, па ќе капнат нешто или ќе се пушти мува дека некој ќе "влези" па брзо-брзо ќе се натрупат полуиграчи на кои им се нудат договори ко небаре управата на злато лежи... Па тие ќе заминат, па пак ќе дојди дека нема пари, и ај еве со домашни сили ќе пробаме нешто...

И голема е кривицата и на медиумите. Шо ги користат луѓето шо се компетентни да збораат за ситуацијата во спортот само кога немаат гости во емисиите. Шо не се ни трудат да превземат нешто, да постават од оние 'забранетите' прашања до одговорните... 60 минути неделно не можат да одвојат за некоја емисија која ќе се занимава со спортот во градот. Или еве Орбис на толку години шо даваат снимки да префрлат во живо, со некое интервју пред, после утакмица... Кај не плаќаат никакви ТВ права на клубот па и со прст не мрдаат да личат на нешто тие преносите. Само толку им фаќа црпката и на едните и на другите, и клубот и телевизиите можат да имат солиден ќар.
Ама шо да се ризикува, еве... Паљото нека има емисија и нека се кљавти еден сат неделно.

И после тонел градот, епа ќе тони шо да прај? :unsure:
 
Се си кажа @WilliamTell ...
Време е да се престани да се живеј во минатото,ние имаме историја,имаме не е спорно ова,ама од минато не се живеј...
Реалноста е сурова,жална,мизерна....
И наместо да научиме нешто од Скопските екипи ние памет солиме,вештачки биле,вакви биле,па странци имале....
Абе шо сакат нека имат,факт е дека за неполни 15 години Вардар не отепа во секое поле..
Ако беше порано научна фантастика за Вардар да се мери со Пелистер,гледајте тие шо напраја за само 15 години...
Колку титули зедоја?17,18?Ние само 3(и то две по заслуга на Трифун Костовски,чоек кој појќе напрај за Пелистер отколку сите Битолски лопужи заедно):facepalm:...ејјј за 15 години....
И се нарекуваме центар на ракометот,најракометен град....неаме право за ова...зошто?
Неаме сала,нема соблекувални,нема купатила,нема вц-а(уствари има ама зборот дезинфекција за овие простории е научна фантастика,кај кучето мое во боксот е почисто):facepalm:играчите одат 100 метра секој ден,од ракометно до сала за на тренинг:tapp:
Цел живот ова,сега да дојдат оние играчи од минатото како Фестиќ,Шопаловиќ,Вуказ,Јовановски и компанија кои го прославиле клубот ќе речат АБЕ ЛУЃЕ СЕГА Е БЕТЕР ОД НИЕ КО ИГРАВМЕ...
И шо чекаме после ова?30 години само се враќаме назад,и после кажваме за другите вака така..наместо да учиме од нив,ние критикуваме,е па зато не одат работите бе луѓе,како да одат....
Срамота е бе срамота,една сала не можат да ја нашминкаат барем да личи на нешто,да не се срамиме пред луѓето од цела Македонија..
Иста приказна секоја година,Тројче мува не го лази,и така в сала иди еднаш на 3 години,последен пат беше на доделвањето на медалите на младински плеј оф..
Куро го боли за салата,нека пропаѓа,а можат онде да прат на ќумурно да прат дренажи за игралишта со вештачка трева....и на крај шо бидна?го дале под концесија Ќумурно на некој...
И вака ќе развиваме спорт?Со народни пари,наместо за народот тие си тераат бизниси....
Да фрлеа некоја банка тие сркачите од тие пари за целата таа канализација шо ја спроведват до тој елитен комплекс Златен Град,Сончев град(или како и да беше)ќе видеше ќар градот...
Шо ќе има таму?Згради?на некој лопужи?кој ќе купва станој бе алооо?луѓето на питачки стап ги донесоа овие згради прат....
Туку да се вратам на Пелистер...
Ете имале проект за младите...
За сите овие 15 години шо играчи извајвме?Никучо,Пинки,Пецакот од попознатите,Лазе ветуваше нешто,ама тргна по други патишта,Чурлето,и ете Дрогата и Фитилот...
Тие се играчите,за 15 години една постава одвај можиме да напрајме...
Така ги испуштија еден куп деца од младинската школа да одат во Скопје,ете Костено му е главен играч во Вардар,ќе не толчат со наши камења....не е само тој,еден куп се,Рајатоски така го испуштија детето,за да го дојсат она дрвото Ракочевиќ да се шета ко манекен по Широк Сокак:facepalm:...
Ако веќе мислат да работат со млади деца треба да си почнат со работа...
Ете ги двајцата од Текстилец,левиот и десниот бек,ги имаш на лагер децата,опни му договори,плати му школовање...така се прај екипа...
Или најлесно е да се кажва АБЕ НИЕ СО БИТОЛЧАНИ ЌЕ СИ ИГРАМЕ,ТИЕ ГО САКАТ КЛУБОТ,точно е тие го сакат клубот,ама до 18 години,после ќе треба да одат на факултет и ќе се јават од Вардар и Металург и кај ќе одат?(јасно е)не се улај појќе децата...помина времето на играчи како Ќани,Кире....
Сега треба да се извај кешот од под перница,ако сакат да напрат нешто сериозно,со инстант решенија како Молдавците и цела сурија слични ко нив не се прај ништо....
Нека заврши сезоната,па да се изват картите на маса,редно време е да излези тој прецедникот Саше ака Мацола:icon_lol:,и да кажи нешто подетално...
Доста со статуси на ФБ,и со кратки изјави во Битолски весник,...време е да се почни да се работи како треба,да не си играт мајтап луѓето со нас,зошто само ракометот ни остана,поевтин спорт е од фудбалот,а видовме со фудбалот до кај сме,за жал го уништија клубот(дај боже да се смени нешто таму и конечно да тргнат работите)со многу помалку вложвања можи да се напрај нешто...ама треба сериозност,вака не можи ништо....
 
Последно уредено:
Technical staff
  • President: Nikola Piskačev
  • Director: Antonio Baltov
  • Sports Director: Goce Grozdanovski
  • Financial Director: Blagojče Petrevski
  • Head Coach: Igor Nikolovski
  • Assistant Coach: Kire Popovski
  • Youth Coach: Mihajlo Siljanov
  • Doctor: Vlade Nikolovski

Еве како стојат работите на Wiki, колку е ова релевантно не знам... Ништо чудно и да се имаат скроз повлечено тие кои беа луѓе на Циле.
 
Еве како стојат работите на Wiki, колку е ова релевантно не знам... Ништо чудно и да се имаат скроз повлечено тие кои беа луѓе на Циле.
Не ми се верва, на натпреварот со Струмица беше присутен со играчите овај новио претседател Сашо Павловски мислам се викаше ако не грешам.
 
gresno e ova nema vrska balto ne e nisto ... bese pavlovski i cile bese i kamenica (kamenica neznam so barase :D )
 
Еве како стојат работите на Wiki, колку е ова релевантно не знам... Ништо чудно и да се имаат скроз повлечено тие кои беа луѓе на Циле.
Нема врска то шо го пишат на Вики,џабе не пишете,тие страни ги прат некој дечишта шо немат шо да прат со слободното време(ко ќе одмарат дома од гледање порничи):),па ќе му текни да напишат нешто за РК Пелистер,дали има врска или не не е важно,важно е да се биди актуелен...:гик:
Управата е:
Сашо Павловски-претседател
Во управата се:
Гинко Огненов(делегат на РФМ долги години)
Сашо Јанакиевски-сопственик на фирмата Еко-Клуб
Зоран Соклевски-директор на Комуналец
Горан Петровски од ГП Пелистер
Покрај спортскио директор,не знам шо улога има неговиот колега(можно е да е секретар на место на Моцарто)...
Неофицијално Моцарто се мота уште во клубот....
На младинскиот Ф-4 Цревото го најавија како претседател на Надзорниот одбор на клубот....значи и надзорен одбор имат....:icon_mrgr:
Доктор е на Мацата татко му....
Физиотерапевт Владе Николовски....
Плус го менаја и економот шо се грижи за паркетот и за други работи ко ќе имат тренинг играчите....:icon_mrgr:
 
Моцарто, Цревото,Свежио,Дрогата...:cuc::pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom