Се си кажа
@WilliamTell ...
Време е да се престани да се живеј во минатото,ние имаме историја,имаме не е спорно ова,ама од минато не се живеј...
Реалноста е сурова,жална,мизерна....
И наместо да научиме нешто од Скопските екипи ние памет солиме,вештачки биле,вакви биле,па странци имале....
Абе шо сакат нека имат,факт е дека за неполни 15 години Вардар не отепа во секое поле..
Ако беше порано научна фантастика за Вардар да се мери со Пелистер,гледајте тие шо напраја за само 15 години...
Колку титули зедоја?17,18?Ние само 3(и то две по заслуга на Трифун Костовски,чоек кој појќе напрај за Пелистер отколку сите Битолски лопужи заедно)

...ејјј за 15 години....
И се нарекуваме центар на ракометот,најракометен град....неаме право за ова...зошто?
Неаме сала,нема соблекувални,нема купатила,нема вц-а(уствари има ама зборот дезинфекција за овие простории е научна фантастика,кај кучето мое во боксот е почисто)

играчите одат 100 метра секој ден,од ракометно до сала за на тренинг

Цел живот ова,сега да дојдат оние играчи од минатото како Фестиќ,Шопаловиќ,Вуказ,Јовановски и компанија кои го прославиле клубот ќе речат
АБЕ ЛУЃЕ СЕГА Е БЕТЕР ОД НИЕ КО ИГРАВМЕ...
И шо чекаме после ова?30 години само се враќаме назад,и после кажваме за другите вака така..наместо да учиме од нив,ние критикуваме,е па зато не одат работите бе луѓе,како да одат....
Срамота е бе срамота,една сала не можат да ја нашминкаат барем да личи на нешто,да не се срамиме пред луѓето од цела Македонија..
Иста приказна секоја година,Тројче мува не го лази,и така в сала иди еднаш на 3 години,последен пат беше на доделвањето на медалите на младински плеј оф..
Куро го боли за салата,нека пропаѓа,а можат онде да прат на ќумурно да прат дренажи за игралишта со вештачка трева....и на крај шо бидна?го дале под концесија Ќумурно на некој...
И вака ќе развиваме спорт?Со народни пари,наместо за народот тие си тераат бизниси....
Да фрлеа некоја банка тие сркачите од тие пари за целата таа канализација шо ја спроведват до тој елитен комплекс Златен Град,Сончев град(или како и да беше)ќе видеше ќар градот...
Шо ќе има таму?Згради?на некој лопужи?кој ќе купва станој бе алооо?луѓето на питачки стап ги донесоа овие згради прат....
Туку да се вратам на Пелистер...
Ете имале проект за младите...
За сите овие 15 години шо играчи извајвме?Никучо,Пинки,Пецакот од попознатите,Лазе ветуваше нешто,ама тргна по други патишта,Чурлето,и ете Дрогата и Фитилот...
Тие се играчите,за 15 години една постава одвај можиме да напрајме...
Така ги испуштија еден куп деца од младинската школа да одат во Скопје,ете Костено му е главен играч во Вардар,ќе не толчат со наши камења....не е само тој,еден куп се,Рајатоски така го испуштија детето,за да го дојсат она дрвото Ракочевиќ да се шета ко манекен по Широк Сокак

...
Ако веќе мислат да работат со млади деца треба да си почнат со работа...
Ете ги двајцата од Текстилец,левиот и десниот бек,ги имаш на лагер децата,опни му договори,плати му школовање...така се прај екипа...
Или најлесно е да се кажва
АБЕ НИЕ СО БИТОЛЧАНИ ЌЕ СИ ИГРАМЕ,ТИЕ ГО САКАТ КЛУБОТ,точно е тие го сакат клубот,ама до 18 години,после ќе треба да одат на факултет и ќе се јават од Вардар и Металург и кај ќе одат?(јасно е)не се улај појќе децата...помина времето на играчи како Ќани,Кире....
Сега треба да се извај кешот од под перница,ако сакат да напрат нешто сериозно,со инстант решенија како Молдавците и цела сурија слични ко нив не се прај ништо....
Нека заврши сезоната,па да се изват картите на маса,редно време е да излези тој прецедникот Саше ака Мацола

,и да кажи нешто подетално...
Доста со статуси на ФБ,и со кратки изјави во Битолски весник,...време е да се почни да се работи како треба,да не си играт мајтап луѓето со нас,зошто само ракометот ни остана,поевтин спорт е од фудбалот,а видовме со фудбалот до кај сме,за жал го уништија клубот(дај боже да се смени нешто таму и конечно да тргнат работите)со многу помалку вложвања можи да се напрај нешто...ама треба сериозност,вака не можи ништо....