Имаме доста солидна екипа, ако евентуално Ордев се вратил тогаш одлично. Да успејме да ги задржиме овие играчи барем 2 сезони ќе биди друга приказна натаму... Само шо кај нас, амбициите се менват секој месец
Ордев се вратил во Куманово,не кај нас...

Иначе за шо ти е Ордев,подобро на Дрогришки нека му дават минутажа отколку на некој од страна....
Дечкото полека почнува да се делка,гледам Кире доста работи со него,одамна го неам гледано,доста напреднат е последните месеци.....
Има движење,не се плаши да влези во дуел,знај да извај шут и во пад.....можи да биди нешто од детото..
Но,пак како шо кажа-кај нас проблем е управата,амбициите...
Играчи имало и ќе има,само шо не знајме да ги задржиме,односно не можиме да ги задржиме....
Таман ќе пркни некое пилиштарче од школата и ќе го испуштат лесно....
Ќе го излажат во Металург за некоја стипендија,и пак ние со таквото в раце.....
Дури не се напрај еден салам проект,да се знај на чисто во кој правец ќе се движи клубот џабе е се....се ќе остани на некоја победа над тимови како Пролет,Куманово,Струмица....
Само криво е за децата,и за публиката,шо малку фали да напрајме екипа,а никако да ја напрајме....
Се поради то шо неаме луѓе(спонзори)да напрат еден амбициозен проект....