Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Ај да соберам по некој лајк :D

каков состав само :cuc::cuc:
според снимкава ( 240 П ) ми личи тоа на Диви како фал да беше :)

Имате ли некакви најави пред избори за било каква помош на тимот или бар реновирање на салата ??
 
Oва е та атмосфера и притисок шо вие неможите да го напрајте :D
Инаку слабо помош, а салата ја реновираја бе, пред да падни првио снег :D
 
Каква помош какви избори нема ништо .
Рк Пелистер е на маргините , без никаков интерес нити најава за помош или пак недајбоже спонзор.
Се работи само со млади деца од школата и ништо повеќе.
 
Ангеловски наводно бил сигурен,ако дојди дечково ќе биди добро...
Само да не биди за некој месец...да се задржи барем една сезона....
Го барале и пикерот од Куманово,изгледа вториот пикер,не ми се верва да е Јанев,зошто тој е играч на Вардар.....
 
Ангеловски е веке играч на Пелистер, стасан е во Битола уште пред 2 недели и тренира со екипата
 
Во екипата е приклучен и Игор Илиевски,лево крило...
Играше на времето и во Металург,Тинекс...
Добар играч..имаше пех со повреди....ќе се најди,со оглед дека бевме чорба на лево крило...
Не е лоша екипата,ете сега со Ангеловски добиваме салам бек...
Најголем проблем се амбициите на клубот,односно шо немаме утврдено шо се плановите...ни сами не знајме шо ни е целта....
Екипата се менва нон-стоп,амбициите исто...де најдуваме некои фантомски спонзори,се враќаме на старите патеки,па ништо нема да бидни,па кукаме нема пари...
И ги менваме играчите како чорапи..уствари сами си одат ко ќе видат дека нема пари...
Ако мислат да ја држат екипата,да прат млада екипа треба договори со сите,и да се работи...а не вака....
 
Игор конечно ќе добие шанса да игра во Пелистер. Го зедоја претходно ко имавме 2-3 леви крила и играше десно крило последните 5 минути само :oops:
За оваа екипа е одлично засилување како шо немаме крило...

Ангеловски мислам дека уште е играч на Вардар и цело време се шеташе на позајмици (Куманово, Борец...) Ако го имаме него со договор... Тогаш одлично, мада во секој случај кај нас ќе созреј и ќе си замини како топ играч.
 
Абе тие Ангеловски, Георгиевски, Јанев па мислам дека и Блажевски) сите се сметаат како играчи на Вардар. Тука Михајло си игра со нив, и ептен ме курчи за тоа.
Не му се во план, и само ги дава на позајмици, а во исто време не им дава раскин на договор за да си одат целосно :mad:
Ангеловски лани беше само просек во Вардар, во Сеха добиваше шанса но и во домашната лига. Само повеќе го играа како лево крило отколку како лев бек...
 
И Миле Ордев е мислам со ист статус, или барем беше до пред некоја година па сега евентуално ако има добиено чисти документи.
 
Повторно Пелистер се напушта на големо.Во првата недела веќе тројца играчи го напуштија Пелистер.Митревски Кире, Ордев Миле и играчот од младинскиот погон на Пелистер Јосифовски Виктор, заминаа во непознат правец надвор од клубот.Искусниот голаман Игор Тосковски разгледува неколку понуди за надвор од државата, што можи уште повеќе да го ослаби младиот тим на Кире Поповски. Дали се прави простор за нови засилувања или повторно кризата го зафаќа Битолскиот ракомет ќе покажи времето и официјалната изјава на раководството.
На почетокот Пелистерци се пофалија со засилувањето на левата крилна позиција со повратникот Игор Илиевски,чие доаѓање сеуште е неизвесно, засилувањето од Куманово Александар Ангеловски веќе тренира со екипата, а уште еден играч на Куманово треба да оди во истиот правец,се шпекулира на големо за Дарко Јанев, во кое Пелистерци би добиле уште еден добар играч на пивотменската позиција покрај искусниот Васко Димитровски.
Во пролетниот дел амбициите на Пелистер се обезбедување пласман во некој од евро куповите и да се избегне уште една година надвор од европа.
www.rakomet24.com.mk
 
хахахах сам си ја праеше веста
 
Аман па тој Тосето само си измислува самиот понуди демек ќе бегал ... размислувал помеѓу неколку понуди , дрн дрн е работата .
Нема кај да оди тука ќе остани , кој го зема сега и него на стари години .
А за овај Митревски дајбоже да е вистина пошо од ко се врати од косово катастрофа е дечкото...
блам невиден е. Нека оди кај сака отворени му се вратите !!! :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom