Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Јас мислам дека сите треба организирано во подолг процес да напрајме собир,и ко ќе треба да се игра дерби со ваддар и метлаург да ги бојкотираме утакмиците и да не пуштиме никој всала!!!се да биди на коректен начин без инциденти!Ова започна после заминвањето на спиро па црните години наваму,а подолу од дното го достигнавме лани...ееееј да не играм е во евро куп некој кога бе!:?!??!?шопрај тој претседателот дали има мозок со тие внатре во управата дека Пелистер е за нигде!?Јас него освен кај онај во тера шо свикуват емисии шо прат,на друго место го немам видено да излези да кажи шо се ,кој се (иако ги знаме) проблемите,зошто не чини-како да се поправи и тн...Затоа овај потег треба д асе почни од поорганизраните стари ветерани чкембари,треба да ни бидат поттик и да не упатат малку-сепак нивната помош е битна!Баш за нив ми е најкриво,поготово за оние најверните шо живееа за Пелистер кога беше алфа и омега уште во југославија,па ги разбирам и нив дека ден денес сакаат силен Пелисетр како некогаш!ФАКТ е дека од негде мора да се почни,поминаа уште 2-3 год,барем последниве за нигде шо било и како шо гледаме си течат годините а резултати нема,баш напротив дури и неправедно водење и однесување према клубот:mad:.Мора промена,па макар и да згасни клубот мене лично нема да ми смени,ионака сме за нигде -резил:facepalm:!
 
Tomas немој брат со вакви грешки ќе те карам па ти да не заборај дека михајло и начевци се во федерацијата па тие буљашите ако видат пример ние на зима се сјачваме и имаме накакви шанси под итно ќе го сменат форматот на натпреварување и ќ е сменат бодовите да се префрлаат во плејофот
Со овие од рфм се можно така да срмота е што Рк.Пелистер е паднат на ова ниво и не се знае кој јаде кој пие и кој плаќа во клубот(никој) подбро да се откажеме и да не постоиме некоја сеозна и после да се вратиме акко што треба од колку вака да се паѓа реномето ан клубот секоја година и да се резилиме оти цезар не смее да го остави клубот на двојче поради нивните политички интреси и закани дека ќе се вадат валканите работи и за крај се да му ебам на сите што дозволија Пелистер да биде за потсмев поради политиката и ситните финасиски интереси !
Абе се ок,ама ова со начевци важеше до пред некоја година...
Сега ко ќе ги видам како се гушкаат на утакмица со тие гнасите паѓаат сите маски....
Со луѓето шо толку му наштетија на битолскиот ракомет сега се најдобри другарчиња.....нема шо да се прај муабет појќе...:cenzura:
И после имаат лице да бараат публика на утакмиците со Вардар,Металург...абе каква публика,какви бакрачи....
Околу падот на Пелистер сите имаат вина,и Циле,Спире,Цезар...Двојче(овај во последно време најпојќе).......сите заедно не доведоа до ова дереџе...
Сите работат/работеа тајно,двосмислено,без план,без визија,и БЕЗ ЈАВЕН ОТЧЕТ...се се замачка,се така си помина,кучињата си џавкаат.....Пелистер си еба мајката....
То е,на здравје бричењето сега....
 
Официјално: РК СТРУМИЦА (14)32 : 28(16) РК ПЕЛИСТЕР
Интересено беше, на кратко само ке кажам браво за вашиот голман имаше доста добри одбрани. Во првото полувреме голманот ви го исклучија 4 минути и од тогаш чудо, направивте 8-1. Полувремето заврши 14:16 за Пелистер.
Во второто нашите се свестија и за на крај да го свртат резултатот.
 
Официјално: РК СТРУМИЦА (14)32 : 28(16) РК ПЕЛИСТЕР
Интересено беше, на кратко само ке кажам браво за вашиот голман имаше доста добри одбрани. Во првото полувреме голманот ви го исклучија 4 минути и од тогаш чудо, направивте 8-1. Полувремето заврши 14:16 за Пелистер.
Во второто нашите се свестија и за на крај да го свртат резултатот.
Како бе голмано ни го исклучија? Шо глупости праеше тосето?
 
Како бе голмано ни го исклучија? Шо глупости праеше тосето?
Па беше досуден пенал и ги пцуеше судиите, и потоа од кога го исклучија повторно им говореше и го исклучија двапати по 2 минути и од тогаш се повампиривте. хаха.
 
Па беше досуден пенал и ги пцуеше судиите, и потоа од кога го исклучија повторно им говореше и го исклучија двапати по 2 минути и од тогаш се повампиривте. хаха.
Kaj нас најубо кој изигра од играчите ???
 
Официјално: РК СТРУМИЦА (14)32 : 28(16) РК ПЕЛИСТЕР
Интересено беше, на кратко само ке кажам браво за вашиот голман имаше доста добри одбрани. Во првото полувреме голманот ви го исклучија 4 минути и од тогаш чудо, направивте 8-1. Полувремето заврши 14:16 за Пелистер.
Во второто нашите се свестија и за на крај да го свртат резултатот.

Дај ако даваш репорт, не се заебавај :)
 
Kaj нас најубо кој изигра од играчите ???
Па играа сите, шознам. пикерот се бореше многу, голманот секако, и овај со број 3 што е трчаа повеќе од останатите. 27цава доби црвен во 45 мин и така, и тој беше добар.
 
Па играа сите, шознам. пикерот се бореше многу, голманот секако, и овај со број 3 што е трчаа повеќе од останатите. 27цава доби црвен во 45 мин и така, и тој беше добар.
xaxaxaxaxaxax фарук црвен :pos:
 
Ако ништо друго барем манавме некој Струмичанец,нема лабаво со Фарук,Битолскиот Оливер Рогиш...:pos: ,и Тосето му искара на судиите...да не биди за џабе патот до Струмица...:D
 
А кој носи 3ка кај нас? o_O Знам дека ги менват, ама досега оваа сезона никој не носел колку шо памтам...
 
А кој носи 3ка кај нас? o_O Знам дека ги менват, ама досега оваа сезона никој не носел колку шо памтам...
Штом некој јал црвен,изгледа Фарук ќе да носи дрес со број 3...:D
 
Штом некој јал црвен,изгледа Фарук ќе да носи дрес со број 3...:D

Не не, вика 3ката одиграл добро, а 27ката црвен, Фарук си ја носи 27ката стандард :cool:


Зомимак М - Пелистер 32:28 (14:16)
Иако дербито со новиот суперлигаш Зомимак М требаше да се игра во Битола, по договорот на двете управи истиот се одигра во спортскиот центар „Парк„ во Струмица. Во многу изедначен натпревар домашната екипа во последните 10 минути успеа да го добие мечот. Пелистерци одлично отворија, имаа 2-3 гола предност во раната фаза. Тоскоски одлично бранеше, Васко Димитровски без грешка погодуваше од линијата и на одмор битолчани отидоа со +2. И на стартот на вториот дел Чурлевски, Ордев и другарите одржуваат 1-2 гола предност. Сепак серијата на седмерци на Пецаковски, головите од крилна позиција на Реваз Чантурија во 44 минута го најавија пресвртот. Струмичани повторно дојдоа во водство и не го испуштија до самиот крај. Зомимак М постојано имаше човек повеќе и често тоа максимално го користеше. Со 20 гола од 32 на домашната екипа на споменатиот тандем Чантурија-Пецаковски, победата на струмичани не можеше да изостане. Добар настап на младата екипа на Кире Поповски, во која пак одскокна Васко Димитровски со 7 гола. Во наредното 8 коло битолчани му гостуваат на Куманово кој во првото коло одигра нерешено во Битола.
 
45 минути се мачеле струмичаните за да дојдат до водство против нас , да се играше Битола (како и шо си беше регуларно по распоред) мислам дека и ќе можевме да ги победиме , подршката од публиката игра мн голем фактор . Како и да е респект за дечките , во вакви услови со ваков тим да имат вакви резултати стварно сум пријатно изненаден ,очекував дебакл оваа сезона ама изгледа ќе треба многу да се испотат другите екипи (освен металург и вардар) за да ни земат бодој . Та сме биле 1ви или 4ти исти курац , на крај во плеј-оф никој не носи бодој сите со 0 почнуваме .
 
РИСОВИТЕ ГИ ПРЕСЛУШАА БИТОЛЧАНИ СО 32:28
Ракометарите на Струмица Зомимак М го преслушаа и битолски Пелистер со 32:28. Типичен првенствен дерби натпревар во кој ,, рисовите,, го покажаа вистинското лице во второто полувреме откако по првит
е 30 минути имаа негатива од 2 гола (14:16). Откако добро почнаа и создадоа предност од пет гола, струмичани со играч повеке на паркетот си дозволија ,,луксуз,, по што целосно потфрлија во финишто од првото полувреме. Имено иако цели 4 минти беа со играч повеке, дозволија битолчани не само резултатски да се приближат туку и на полувреме да заминат со два гола предност.Но во второто полувреме се разиграа стрелците и со далеку подобра игра во одбраната го притиснаа Пелистер на крајот да се предаде. Пецаковски повторно беше најефикасен кај струмичани, овојпат со 12 гола од кои 6 од линијата за 7 метри, брзоногиот Чантурија постигна 9 а Везенковски 5. Во овој дуел стратегот Леонид Танчев играше со најсилниот состав на Зомимак М така што ,, струмичките ракометари,, не заиграа во овој дерби натпревар кој за публиката доста интересен по резултатските пресврти, акциите и индивидуалната игра на одредени поедници. По ова победа струмичани го осигураа првото место во есенскито дел од шампионатот. Следното коло го ,,рисовите ,,ке ги угостат кумановчани престојниот викенд.

530591_550777911614953_762771482_n.jpg


Значи вкрај има надеж во децата и со две засилувања ќе ги толачат сите овие во лигата па шо се вика само пецакот да беше кај нас доста ќе беше за прво место пред плејофот штета што управата е незаинтресеирана
Мислев да не одам на ракомет дури не се смени управата ама децата со сила ме викаат да одам да ги гледам и од тоа што до сега го гледав на орбис баш сум пријатно изненаден како се борат Браво !
ps.@Xfire случајно некоја локална тв пример вис да не дава снимки од ракометните натпревари на вашиот клуб ?и ако даваат кое време и дали сите исклучвања беа заслужени или судиите не дупеја ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom