Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Дали утре Украинците ке бидат на тренинг?
 
Сега незнам јас толку многу не сум по тренинзите да одам и да ги гледам ама од еден ракометар (не сакам да спомнам име кој е) Украинците биле многу добри. Е сега колку добри незнам само онака на кратко праевме муабет и ми кажа дека утре во 12 одат за ЦГ без Нахас оти имал мали проблеми со документите не смеел да ја напушта државата во овој момент.
Како и да е и тоа ќе се среди важно е дека ќе имаме солидна постава со мн добри замени.
 
За пикерот и така и така ама бекот како внук на Пелешенко, ист стил на игра во напад се надеваме дека барем за во одбрана ке го биде.
 
Како сто ги гледав вчера за одбрана се супер. Посебно пикеро дур го играше одбрана чоек не помина кај него. Како и да е вчера им беше прв тренинг и неможе којзнае колку да се процени од прв тренинг. ;)
 
Значи не се нешто најнај за во напад претежно одбранбени играчи се !
 
После првиот тренинг мене ми делуваа како одбрамбени и тоа за одбрана се добри...Ама сепак им е прв тренинг и ако се земи обзир дека патувале од Украина до Битола на ден пред тренингот сепак мислам дека се солидни за прв тренинг.
 
Додека го чекаме другиот пикер(Балински)да видиме шо има тој да покажи....
Мала исправка...:D
Ептен сум изненаден од Јакимовиќ...
Ги повлеквам лошите зборој за него во претходните постој...
Ако ништо друго,барем е една класа најмалце над Папата...:D
Знај да напрај блок,гледам отвора голем простор за бекојте...
Којзнај,можно е да бидни нешто од Жељко....:X3:
Плус,некако сјачан е,ко поголем изгледа сега...изгледа се навикна на климата,а и воздухот изгледа му одговара...
И звер се напрај...:pos:
Па и ќе нема потреба од Балински...:cautious:
Да видиме,можи пак Балински е некој касап во одбрана:vozbud:
Таков бараме:drk:

Јас воопшто не сум изненаден од Јакимович....
На се личи само на пикер не личи :D
Овај можи вода да му носи на Заре, две класи е зад него....
Гледам се труди нешто се турка незнам шо ќе бидо понатаму со него....
Ете сега стигна тој од Украјна пикерот па ќе видиме со него шо ќе биди ( се надевам да е подобар од овај)

Другите играчи се супер !!!
Гледам Ратко ги напрајл за во одбрана ТОП !!! Тешко се врви низ одбраната, тешко да најдиш агол за шут, некни ги гледав на тренинг ќе се отепаја меѓу себе, замислете шо ќе биди со другите екипи...
Ако се потпиши со тој левиот бек Пољак од Украјна, највероватно од екипата ќе биди отпуштен Кире Митревски, голема штета за Кире, одличен играч за во одбрана а и за напад не беше лош, често знаеше сам да влези и да ја заврши акцијата храбро момче :)
 
Зошто да се отпушта Кире?
Ќе има место и за него...
Играме 18 утакмици со многу послаби екипи....
Ќе има шанса да изигра и да се избори за место во екипата..
А за Јакимовиќ...
Не е ко Заре точно ...(и да сакаме не можиме да најдиме играч како него)....
Ама батето има висина,тежина,движење.....
И можи да брка голема работа на линијата....
Не се очекува од пикер да биди прв стрелец на екипата....
Најаважно е да отвора простор за бекојте....
Ќе видиме...има време за двата пикери да се докажат....
 
Физичките предизпозиции точно се битни воглавно за пикер и воглавно пресудни ЗАЕДНО СО ТЕХНИКАТА (читај акалот за ракомет;)). Да не заборајме на Ристе Калајџиоски, со релативно оскудни пикерски карактеристики ама супер техника и санодливост, Маковеј напрај ПИКЕРИШТЕ од него. :cuc:. Да се надеваме дека и со Јакимовиќ ке биди слично. Во секој случај појке од солиден пикер ите како ни е неопходен. Битно на добро тргна работата. Од лани сме светлосни години понапред:D. Ете и клубот заличи на КЛУБ(y). Се постави рекламно пано со логото на клубот, се напиша супер графит-табла - Чкембари.Оди на подобро:cuc: Мислам дека управата обавезно мора да потпишува договори на по 2 години (особено за оние стварно шо вредат, па и појке), а за оние шо не се сигурни на 1 + 1 евентуално. Да не се прават грешки како со Вујовик (погоре коментирано, се сложвам). ајде па нека се набават мајци/дресови па нека се продаваат, да се запни малку појке на промоција на клубот, маркетинг. Фан шоп. Мислам дека то ни е потребно за оваа гладна армија навивачи (за ова и погоре пишев)
 
Ете и клубот заличи на КЛУБ(y). Се постави рекламно пано со логото на клубот, се напиша супер графит-табла - Чкембари.Оди на подобро:cuc: Aјде па нека се набават мајци/дресови па нека се продаваат, да се запни малку појке на промоција на клубот, маркетинг. Фан шоп. Мислам дека то ни е потребно за оваа гладна армија навивачи (за ова и погоре пишев)

Прв болд, каде ова?
Втор болд, треба професионалци да почнат да го развиват маркетингот... Одејќи од реклами, промоции, сезонски карти, едно друго... Да се надеваме дека ќе мрднат работите на ова поле :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom