Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Многу гадна утакмица. Четири гола предност само од контрите од техничките ни ја напраја. Го разбранија онај жучкото, онај до крајо на групна фаза нема да собери вкупно одбрани колку на ова утакмица. Не разбирам, 80% од одбраните му беа од мизерни наши шутој. Или преслабо шутират или в нога му шутира. Онаја Хенигман од 6 метри не разбирам како ја промаши. Овај жучкото 1 минута ја крева ногата, овај имаше толку време да се прилагоди и да го смени шуто и да му ја топни меѓу нозе, овај право в нога му шутира. Генерално многу неорганизирано играја. И педерското судење шлаг на тортата. Можеа комотно да досудат пенал два при оние продирите на Хаџич. Колку пати под фаул го попречваја Пешевски да прими топка. Овие неми. Две пробивања не му досудија, по кој шо примивме два гола. Најгадното при крајот. Хрвато го соборва нашиот, прај пробивање и овие слепците креват рака демек поштоваме предност и другио Хрват фино си се прошетва низ дупката шо настана од пробивањето на 6 метри и зицер добива.

Ништо то е то. Море да гледаме напред кон утакмицата со кираџиите. Сепак дома играме, а ова сезона ден и ноќ ни се утакмиците дома и на гости.
 
Последно уредено:
10 turnovers во 50та мин. Премногу грешки се! Толку слаб Загреб и без публика немам видено, ако изигравме како со Сегед, дома/гости ќе ги товаревме овие салам, штета со толку грешки и голема шанса за бодови. Гарабаја после она некни изгледа е искаран па почна со Видомски, во игра голема минутажа и Хаџиќ, Павле.
Хаџич изгуби милион топки Брат со додавањата кон Пешевски.
Автоматски споено мислење:

Изгледа и глата малку :)))
Тебе гледај да не те боли
 
И последниот напад во првото му изнега од раце топката од Хосни шо ја прими.
Јас го нотирав тој момент како најклучен, само еден голем експерт рече дека немал прочитано ништо по глупо одамна.
 
Хосни со моменталната форма можи само дрвосечачката на бајро да ја вози
Најјакото нешто од денешната утакмица уште се смеам:pos:(y)

Иако за жал работата е за плачење:unsure:
 
И последниот напад во првото му изнега од раце топката од Хосни шо ја прими.
Вистина му бегаа и грешеше на додавање кон Пешевски но како ќе се напрај играч ако не игра ако одма го седнат на клупа мора не само него и на другите да му се дај шанса и да грешат денес беше изгубена утакмицата требаше поќе шанса да добијат децата со тајник се виде и ѓупакот нека пробаат со овие само пак че се вратам не само судењето денес општо си велам за шо служи овај спорт освен за децата од скандинавија да има шо да прат принер еве ние три години шампиони и седум од платформата шо добивме ние освен ќеф на трибина муабето ми шо играч извадивме сите дојда сјојдоа освен хаџиџ еве и тро близнаците малку шо крена и фтиљот многу пари фрлени во бунар ебан е овај ракомето никаков ќар нема освен ако не изиграш нерешено за кладилници како на времето 1961 во секој случај сега е моментот да се бара сала барем таа ќе остани друго не гледам аир од ЛШ
 
Некако како град многу брзо забораваме некој работи. Па истата ситуација и лани беше (дури и полоша) па на крајот ја освојвме најслатката титула. Пред 10 дена овде се пишеше за фаворизирањето на 1961, дека како ГРАД треба да покажиме самопочит, и после 5 дена од то после неуспех со Алкалоид, се дрзнуват поединци буквално да плукат и фрлат по играчите и по тренерот, иту кој поединци? Тие лани шо беа најгласни плукачи и против управа и против играчи, за на крајот шо би рекол еден член да трчат како кучиња пред епинал, по истите тие шо плукаја до пред една недела. Околу утакмицата, да малце се изгубија и тренерот и играчите, добиена утакмица, +7 имаш онака да ја прокоцкаш е неприфатливо, АМА ЕДНО ГОЛЕМО АМА сакам да ги прашам тие стручњаци како неколку утакмици уназад тренерот е смирен, добар, то шо му требало на Пелистер незнам шо, а сега читам ОД ИСТИТЕ ТИЕ, Гарабаја ваков Гарабаја таков. Друга работа некој луѓе тука пишат готово титулата е изгубена, како е изгубена титулата? Со 1961 имаме уште три утакмици да изиграме, со Алкалоид уште две, со Охрид уште три, шомислите дека нема шанси да кикснат негде?
 
Вистина му бегаа и грешеше на додавање кон Пешевски но како ќе се напрај играч ако не игра ако одма го седнат на клупа мора не само него и на другите да му се дај шанса и да грешат денес беше изгубена утакмицата требаше поќе шанса да добијат децата со тајник се виде и ѓупакот нека пробаат со овие само пак че се вратам не само судењето денес општо си велам за шо служи овај спорт освен за децата од скандинавија да има шо да прат принер еве ние три години шампиони и седум од платформата шо добивме ние освен ќеф на трибина муабето ми шо играч извадивме сите дојда сјојдоа освен хаџиџ еве и тро близнаците малку шо крена и фтиљот многу пари фрлени во бунар ебан е овај ракомето никаков ќар нема освен ако не изиграш нерешено за кладилници како на времето 1961 во секој случај сега е моментот да се бара сала барем таа ќе остани друго не гледам аир од ЛШ
Толку и од платформата па после некој ќе ја бара пак назад и така во круг.
 
Значи мајстори сме од некој голман анонимус да направиме "ѕвезда", над 10 аматерски технички грешки кој на секој натпревар се повторват, 11 одбрани на Мештриќ во второто полувреме и си дојде резултатот, а искрено мислев дека можиме да му парираме на Загреб, дури и потајно дека ќе извадиме и најмалце нерешено, требаше да ја искористиме шансата бидејки беа без Кларица и Караџиќ. Единствено шо ме бендиса е дека конечно добија Видомски и Хаџиќ повеќе минутажа и максимално ја искористија. Фокусот сега нека го насочат на двата клучни натпревари против министерството и Охрид, после тие два натпревари во зависност од резултатот ќе имаме јасна слика во кој правец ќе се движи екипата. Околу играта повторно ми се мати една работа, ќе се навратам на одлучувачкиот натпревар во Скопје, натпреварот беше изигран скоро без грешка, максимална посветеност, секој си ја знаеше улогата и си дојде најслатка титула за мене. И наеднаш истите играчи скоро на секој натпревар имат над 10 технички грешки, ко да нејкат да играт, а сигурен сум дека можат да изиграт перфектно кога ќе сакат. По мое искуство досега најчесто кога дел од главните играчи ќе сакат одредени промени, особено во стручниот штаб се случуват вакви работи, е сега не го знам односот на Гарабаја со играчите па да си земам за право да тврдам дека е така. Сметам дека тренерот треба да остани до крајот на сезоната, освен ако потајно одредени играчи го сметат спротивното.
Ќе ви кажам една случка од времето, сезона 94/95 Пелистер веќе ги имаше освоено првите две титули со Цане Крстевски, играме со Борец, есенско коло, јас и неколку другари на стандардна позиција во спортската сала, Борец со Котевски кој направи тогаш трансфер од Пелистер, Шопов, Јовиќ, имаја неколку украинци, најмногу се сеќавам на Косјуг, бекчиште, резултатот цело време егал, заводи Борец, врати ние, па таман напад за водство и оп некоја глупа грешка, ние нервирасје , викај, дечишта, :) позади нас седи еден постар чоек и ни вели "деца џабе се нервирате, ќе ја изгубат ова утакмица" е зошто му велиме и ни враќа старио, треба да го менват тренеро, ајдеее, нема шанси си велиме. Пелистер изгуби шо изгуби, со триста грешки и по неколку дена смена на Цане и доаѓа Драган Нишевиќ.Таа сезона Борец ја зеде титулата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom