Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Кој јак играч сакате да дојди тука бе, не заебавајте, ко прво и најосновно како шо имат напишано и претходно клубот организациски функционира ко селска задруга. Не се знај ни кој јади ни кој пие. ФК Јени Маало на Пискачо има подобра структура од Пелистер.

Остајте вие Веспрем село, па како ова како она. Од Веспрем ти се јавува Ласло Наџ, или од Алкалоид те бара Киро Лазаров. Од Пелистер Хасбула те контактира во дајрект месиџ на Инстаграм, да не си заинтересиран да играш во Пелистер, колку бараш?
Дај бе не се бламирај, РК ПЕЛИСТЕР е три пати по ред шампион на МК игра ЛШ со 16 најдобри екипи во европа ама за тебе организациски сме зад Јени Маало. Кој клуб во последните 5 години во МК има донесено позвучни имиња, страмота е да пишете вакви небулози. Клубот не е како некои вмро перална функционира на ова ниво исклучиво поради Стерјеви и треба фала да му се речи а не само инает.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom