Многу луди и нереални очекувања има рајата, зато идиме до тие т.н. "разочарувања".
А, треба да се согледа реалноста, ама најголем дел од луѓето овде не ја гледаат таа слика.
Појќето глумат небаре Кил сме ние, а забораваја дека до пред 6 години се боревме за Челинџ куп, во мртва трка со тие шо ги тепавме вчера.
Платформата беше и уште е проектирана да биди со буџет од 1 милион евра.
Ваучери, ситни спонзори, сезонски, фан шоп, ете го тој плафон од 2 до 2.5 мил евра, појќе од ова не можи и да сакаме.
Посебно не во ваква монотона и скржава деловна средина како битолската, со газди шо болеста не си дават, тие фирми тајкунски шо ги имаме овде на вработените не му дават плати ко шо треба, не пак ќе давале за спортот.
Тие ќора банка немат даено за општо добро за градот, на обична реклама штедат за профит
, не за спортот ќе давале.
Цермат
, СН ( во стечај )
, Минт и слични
, Евротип, БВ, и слично
, Шпаркасе шо даваја кредити за сезонски, Мозарт бет
, едни фирми шо да ти кажам,
дај бе не зафркавајте, со овие фирми ние чекаме да се носиме со гиганти од +10 милиони евра буџети ко Сегед, Веспрем и слично.
И то шо го напрајвме овие две сезони е огромен успех, со убедливо најмалиот буџет од цела ЛШ. собравме досега 12 бода шо е екстра успех.
Е сеа, шо дојдовме до ситуација да играме 3 сезони со ред во ЛШ наметна една состојба луѓето нереално и непотребно да очекуваат брда и долини.
Не можи и да сакаш, колку и да си инаетчија, каква сака да имаш публика зад себе, па и 10 000 луди навивачи во аргентинска атмосфера од дерби ала БОКА-РИВЕР, не те вадат да го надокнадиш тој мањак на буџет.
Загреб со +5 милиони евра губат ко магариња од кој стигнат.
Со Сегед ни се потрефи дома оти апла не потценија и му се мана од гла, го умртвивме темпото на игра, со другите тешко дека ќе помини тој недостаток на кеш.
Треба да се гледа реално на работите, и тие изјави пред почеток на сезона дека ќе атакуваме на пласман во ТОП 12 беа малку избрзани и непотребни, не се оди така лесно во 1/8 финале, посебно не со тој шопинг од летото.
И овај ростер шо го имаме, со тој скромен буџет од 2 милиони евра е појќе од премија иако впечаток е дека можеше и сеуште можи составот да е посалам, ако се земи тој долго баран среден бек, по мое и уште еден бек шутер, без разлика дали лев или десен бек. па да биди то шо треба од екипата за на пролет и тој клучен дел.
Загубата на Цехте беше неочекувана, ама не е трагична, и така се знаеше дека ќе бега на крај на сезона, немаше некоја ударна минутажа, иако факт е дечкото беше еден од најзаслужните за тие успеси овие 2 и нешто сезони, првата сезона сам го износи товарот на таа позиција, лани по повредата не можеше и да сакаше да помогни ко шо треба. коректен до максимум, фер, дисциплиниран, камо барем 1/3 од играчите да се ко него.
Сега треба да му се дај шанса на Видомски, засега дечкото многу срамежливо го покажва то шо го знај,а треба да покажи дека е над оваа средина.
Да се земи еден салам среден бек, оти на крај на сезона Тајник бега во Слован, па ќе имаме проблеми овде.
Подобро шо не го зедоја Бомбач. дечкото бараше нереални пари, за наши услови, во моментот ништо појќе не можи да понуди од Тајник. посебно не со тие колена и таа килажа за среден бек, нас ни фали експлозивен играч, нешто ко Малус и слични ликој, за квотербекови ко Тајник па и Мирче веќе ги имаме.
За пикер во овај момент според мене ќе биди избрзано, ете го Самоил полека се враќа и треба да се форсира детето, не можи туку така да го бркат Валид, дечкото е под договор. ќе се плаќат пенали, ко го зеле веќе нека тера дечкото, за одбрана не е лош, за напад е под минимум,
За наредна сезона треба да се дума за пикер, реално времето на Жаре полека поминва и ќе мора да се бара прв пикер.
Подобро за оваа сезона парите од Цехте да се вложат на салам среден, па и уште еден бек.
Бекојте се најважна карика во играта, џабе ти се 5 пикери и 4 јаки крила, ако немаш бекој да дават топки и да отвараат простор, нема фајде од играчите од внатрешната страна од нападот.