Илузорно е да очекувате дека некаде ќе победите на гости. Некаква мининална шанса имате за бодови кај Загреб. Истото ќе важеше и за нас ако игравме во ЛШ. Далеку сме во квалитет од екипите од ова натпреварување. Единствена шанса за бодови се домашните натпревари, каде гостите се губат од притисок од публика. Дури и во таквите утакмици, пак не сте фаворити (освен со Загреб). Тоа со Сегед беше поклопување коцки.
Баш ќе цитирав некого кога пиша демек овој Гарабаја ја кренал играта, што ти ја знам. Ништо подобар не е од претходниците, а во моментов има посилен состав од сите претходници. Не успевате никако да убодете некој тренер кој стварно ќе направи разлика. Нормално и за тоа си требаат пари.
Не ни можиш да убедиш некој да дојди во Битола освен некој неженет, балканец, африканец или некој шо е на почеток на кариера (без разлика дали тренер или играч) пошто немаме никакви услови за да донесиме поарен. Едино Скопје можи од цела држава то да си го дозволи пошто цела држава е таму, а за то се криви политичарите.
Дел од условите шо ги немаме:
- Приватно училиште -- да можат играчите кој се дојдени од странство да си ги школуват децата
- Јавен превоз
- Автопати/Аеродром -- да можи чоек да се врати на ден два да се види со фамилијата ако е дојден без неа
- Занимација/евенти/трговски центри за време на деној кај шо нема утакмици
Дел од условите шо ги нудиме:
- Песој по улица -- пошто не даваме коли туку тротинети за да движат играчите, шансата да ги јади некој пес се 80%
- Сивило/Мртвило во зимскиот период
- Сала градена од граѓаните на Битола пред 50 години
- Искршени/Крпени патишта
- Велосипедска патека само на партизанска
- Некултурни возачи
Е сеа, ова е само дел има и други работи шо можам да ги допишам ама проблемот е тој. Африканец иди пошто во Европа е поубо од било каде во африка. Балканец пошто го знај јазикот и горе долу блиску е до фамилијата колку толку, а и да дојди со се фамилија барем детето ќе можи да му збора на мајчин јазик и да оди на училиште колку толку, и за некој шо е на почеток на кариера мислам дека сум јасен, отскочна даска пробва да му биди Пелистер.
И ова е само мал дел од неубајте работи зошто не можи да дојди некој поквалитетен странец во Битола, а вервам дека било кој шо потпишва барем малце од малце се распрашва лево-десно за да знај кај иди. Ние остај шо си прајме филмој дека Битола е најуба и дека не знам си шо, реалната слика е друга.