Јас сум 36 години, па сум брз и полетен...

Не е ништо официјално, ама и да е не сваќам оти сте се запнале за тие годините постојано. Памтите Вугринец колку години имаше Червар ко го донесе и какви партии даваше во ЛШ ?
Млади и полетни се барат совреме со добар скаутинг а на сред сезона. Вакви играчи се носат за да ти донесат титула во дерби утакмиците.
Немаме среден бек бе луѓе, неможи само со Тајник. Гарабаја очигледно не рачуна на Хаџич и Мирче, па ќе мора да се носи бекап за Тајник.
Ова е екипа склопена од Раул. Тој си ги побарал Мирче и Хаџич од двојката ама ете си замина педерски и останавме без салам среден бек.
Играч со бекграунд како Бомбач, шо играл 15 години во најјаките клубој во ЛШ и стандарден во репката на Словенија, да речиш дека не ти треба во екипа со 1.5М еур е сварно смешно. Недајбоже да се повреди Тајник, ќе се простиме од титулата уште во јануари.
Исто и Богдан го хејтаја лани ама на крај се крстевме во него ко се повреди дечкото шо педерски потпиша за Алкалоид, дури беше на рехабилитација и сите го чекавме. На крај краева, се бројат титулите и успесите а не старосната граница на екипата.
Јас ите како би бил задоволен од ваков трансфер, па макар бил и само за до крајот на сезоната. Имаме пеколен распоред во плејоф, конкурентите купват секој ден по еден играч нов а ние хејтаме играч како Бомбач. Алкалоид тројца странци носи во јануари, Вардар такоџе, Охрид секое коло нов играч објавува. Ќе мора среден бек и пикер да се донеси и да се расчисти со египјанецот час поскоро.
Французинот од двојката, исто така покажа одлична игра и треба да се префрли во прв тим како замена за Цехте. Посекако плејоф нема да фатат тие а се безбедни околу опстанокот во плејаут. Радовиш ќе испадни и Куманово. Поќе би се нашол во прв, отколку во вториот моментално.
***Уште нема ништо официјално за словенецот, ама мое мислење е дека играчи со такво искуство секогаш се добредојдени во екипа со анонимуси како Пелистер.