Синоќешниот меч беше вистински празник за ракометот, најдобрата атмосфера во новата ера ( од 2019 наваму).
Џабе мрчат и паламудат експертите од метрополата, и нивните пријатели и сојузници од Мислешево, и Охридско- Преспанската епархија, во врска со разрешување на прашањето
КОЈ Е РАКОМЕТНИОТ ЦЕНТАР ВО
и каде има најдобра ракометна атмосфера?
Одговор на тие вечни прашања одамна се даени од играчки легенди, тренерски величини, луѓе кои оставија трага во оваа игра, за атмосферата во Битола свои искуства јавно кажуваа такви величини како Златан Сарачевиќ во времето на таа екс ЈУ ЛИГА, во времиња кога многу од денешните ракометни гуру експерти, аналитичари и мрчатори немаа слушнато дека постои спорт со назив- ракомет. таа атмосфера опстојуваше и се пренесуваше од генерација на генерација.
Треба да бидиме горди на ова шо го имаме, зошто ова шо го има Битола во поглед на ракометна култура, страст кон клубот, традиција го имаат само мал дел на клубови во светот, а во поглед на навивачкиот потенцијал и праење атмосфера на ракомет, нема ниту приближно некоја ракометна публика која можи да парира на битолската атмосфера, со секоја чест на ракометните навивачи од Плок, Динамо Букурешт, ПСЖ, Спортинг.
Околу играта вчера.
Изиграа машки, со срце, без респект и преценување на противникот.
Барса е друга галаксија, иако се доста ослабени пак се екстра класа, и со нив колку и да си добар пак ќе ти биди малку за да држиш егал.
Хенигман екстра, уште еднаш ми го потврди високото мислење, злато вреден играч.
Манасков како во најдобрите деној, од Металург и Веспрем, тој свемирски гол шо го даде уште отсеа треба да се прогласи за гол на сезоната, да не се мачат и да чекаат до јуни.
Никучо топ партија даде вчера,
Да имавме малку погуста централна зона, да немаше многу простор за пикерите и пробиви на Макуц на средина ќе беше далеку понеизвесен дуел, немаше да победиме, ама ќе бевме тука некаде, да дишиме во врат, 3,4 разлика, вака ни се одлепија на 6,7 разлика и тешко е да играш на резултат при таква ситуација.
Фалеше и тој очекуван учинок од Фитило и Хосни, ама се виде од почеток дека тешко ќе оди со нив, ги имаа добро анализирано, и паметно беше шо се седнаа на клупа во второ, да се пробаат нови варијанти во напад.
Глата му ја дупнаа ГОГ денес на Загреб, секоја чест, така се игра во гости.
Како распашана банда беа Хрватите денес, село без кучиња.
По победата на ГОГ во Загреб ни се затвораат полека вратите за тоа 6то место, иако има уште некои теоретски надежи.
Ако тепаме на 03.12. во Загреб, а ако игра Загреб како денес зошто да не пробаме да ги тепаме таму.
Па после, ако изненадиме и скиниме некој скалп дома, со ПСЖ, Сегед, зошто да не и со Висла, ако не потценат и немаат ден, па да зависи после пласманот од тоа гостување во Данска.
Ќе видиме, има време, уште 9 кола се игра и спортски е да се надеваме до крај, па шо ќе биди нека биди.
Засега освен тој очекуван пораз од Висла, со никој не се посрамотивме.
П.С.
(
ПРЕ)очајно фали уште еден среден бек во екипата, да биди друг тип на играч од Тајник, засега најслаба карика е средниот бек, тука немаме решенија.
Мислев дека со Мирче и Хаџиќ ќе добиеме нешто оваа сезона,ама јанглаш сум бил, се чини прерано се пуштија децата во прв тим, посебно Мирче.
А, и немаше некои мечеви на кои можат да добијат некоја права шанса да ги видиме од шо материјал се напраени, реално и да сака Гарабаја не можи да ги пушти со појаки екипи ко се крши резултатот.
То се виде денес во Кавадарци, од +7 во прво, плус 4 на почеток на второ, се проба со послаба постава, со Мацанковски на гол, Мирче на среден, Цехте на десен, за 10 минути ни анулира предност Тиквеш и се напрај непотребно тензична утакмицата и мораше пак да влегва Тајник и да се троши за да не се тресиме на крај на утакмица.
Со средните бекој, тука грешката е на Раул, шо ги убедваше дека доволни ни се Мирче и Хаџич, дека не треба нови играчи на среден, ќе тераме со ова шо го имаме и за брзо, со ќутенката
ЈА ПРОДАДЕ КУЧАТА и чекира авион во еден правец, ептен педерски и непрофесионално, не остај со

в раце, со скратена ротација на клучна позиција во ростер, ама то е, нека му служи на чест.
И јас го делам мислењето на @Зелено Бел , во врска со Гарабаја.
Си ја брка чоеко појќе од коректно работата досега.
Треба време, треба трпение, да се издржи овај луд период до декември. кога играме среда- сабота
Од Февруари ќе биди полесно, тогаш до Март ќе имаме само 4 утакмици во ЛШ, полабаво ќе биди, за да се темпира таа форма за плејофот.
Според моето инфо, ќе има нови засилувања.
Добро е да не се чека зима и уште сега ако има нешто салам на лагер да се земи, посебно на среден.
Ваљда има нешто скаутирано Рубен, Асобал лигата е солиден пазар и има доста добри играчи кои можи да се привлечат да дојдат тука.
Ако не се врати навреме Самоил, не само да се врати, туку и да влези во форма, ќе имаме голем проблем и со пикер.
Не треба да си познавач на ракометот да видиш дека офанзивните капацитети на Валид не се сјајни, за одбрана си е ок чоеко.
Ех, сега да го имавме Кушан, кој импакт ќе беше та грамада од пикер за оваа екипа., штета за тој играч, во погрешна епоха и со погрешни соиграчи беше тука, да беше сега со овај тим, ќе беше како шлаг на тортата.