Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Реален е поразот со Висла, никој не се ни надеваше на друг епилог освен висок пораз.
Не треба и не смеј да се сфаќа трагично овај резултат и пораз од една ваква екстра екипа.
Висла оваа сезона има екстра јака екипа, добија многу со Мелвин на десен бек, плус Косоротов е тука, почнаа многу појќе да го користат Митја Јанц, за разлика од ланска сезона, тука се Фазекаш, Зарабец, Жита, Илич. ова е страшна бековска линија, според мене Висла е во ТОП 8 екипи во ЛШ и треба далеку да стигнат, тешко дека некој фаворит лесно ќе ги добие, то се покажа пред 2 недели во Магдебург.
Тепаа со одлична игра, на жежок терен во Сегедин, со Магдебург во гости, до последен напад беа во игра за бод, ако не беше Хернандез можеа и да тепаат, а губеа со 6 разлика во 40та минута.
Првите 20 минути бевме доста солидни, после то стигна уморот и не заредија со контри.
Тренерот не е крив шо имавме толку многу технички грешки, не игра тренерот на терен.
Висла играше збиена одбрана, доста компактна и покретна, едноставно така беше поставена играта за да прајме технички грешки, го затворија протокот на топки до пикер, Фитило го чуваа доста добро, си ја сработиле домашната задача..
Скина 3 пенали Мирко, неколку зицери, то е то.
Ништо страшно. одиме понатаму. .
Се знаеше уште од старт дека шансата за бодој ќе ја бараме на дуелите со Загреб и ГОГ, една шанса искористивме, ни останва уште да жалиме за поразот со ГОГ, можеше доста работи да промени тој меч на 24.09., ама не е се изгубено, можиме и би требало да се носиме во гости со нив, а оти да не и со Загреб во гости, па после да пробаме на домашен терен да дајме отпор со ПИК Сегед, а оти да не е и со Висла ко ќе дојдат во Ледената.
 
Дај боже да грешам, ама мислам дека Гарабаја е попара, во напад ништо не играме ко и обично, а одбрана никогаш појаки играчи сме немале а сме решето од 1 и 2 пола голој ги примивме, пробваме некој импровизаци 3 2 1 ама ни то не оди(настрана шо судите ниеднаш ова сезона немат судено барем 50-50)
Та ротација со Хенигман шо ја зборате, не видовте дека Тајник дрес немаше па импровизираја од плав му лепеја бројки, на другите играчи да не прајме муабет дресојте лом уште не излезени... Не мом да сфатам играчите имат само по една гарнитура дресој?
Глупи муабети прајме за некој основни работи.
Сите имаме лош ден, денес Фитиљо беше затворен и не му одеше, ама зато го игравме 50 мин и го цедиме непотребно, а минутажата со Павле и то како можи правилно да се дозира 10мин Фитиљо, 5 мин Павле , и двата ќе се во ритам и двата ќе се одморени.
Исто и за тајмаутите осет никаков кога да се побара, ама ајдее долга е сезоната и да верваме појќе дека можиме со сите оти ако самите не верваме џабе е се
 
Можи нема да се сложите многу од вас, ама мислам дека многу би му легнал Ѓорѓиев на ова екипа одлична игра еден на еден ќе отвора простор помеѓу 6 и 9 за Кузмановски и И Хосни би бил многу корисен 2-3 гола и неколку асиснтемци загарантирани.
 
Го пуштив и уште во првите 15 мин почна на одвратен селско-српски дијалект да изговара - еурофармом ово, еурофармом оно... Цревата ми се превртија во стомакот и го ислклучив.
Намерно и со доза на провокација изборникот пробва да биди уште поомразен во градот и клубот од кај шо излезе од анонимност.
Нека тера и тој со пропагандите скопски, ќе му се удри и него од гла во блиска иднина.

За тој чоек вратите во Пелистер треба да бидат засегогаш затворени!!
 
Деки Манасков игра во страшна форма, моментално најдобриот наш играч. Ама мислам поради егото на селекторот и нивните несогласувања пак наместо него ќе го земи Гуоце Ојлески. Се надевам грешам и си прам филмој...
 
Алал му вера, како не дупат. Ама одма подруго е ко ќе те спонзорира Министерство за спорт и Влада. Малтене третман ко репрезентација добиват.
 
Алал му вера, како не дупат. Ама одма подруго е ко ќе те спонзорира Министерство за спорт и Влада. Малтене третман ко репрезентација добиват.
Pa eve Hosni vie sredete go. Kazi od bairo deka e taman :)))
 
Алал му вера, како не дупат. Ама одма подруго е ко ќе те спонзорира Министерство за спорт и Влада. Малтене третман ко репрезентација добиват.
Работава испаѓа дека ние сме криви и за тоа што си се родил ти ;)
 
Алал му вера, како не дупат. Ама одма подруго е ко ќе те спонзорира Министерство за спорт и Влада. Малтене третман ко репрезентација добиват.
Со што ве дупат бе? Ако исполнува услови човекот зашто да не
 
Pa eve Hosni vie sredete go. Kazi od bairo deka e taman :)))
Кој шегобици се да не пукните ќе ги заебете кумановци за вицој кажвање.
Вака така уше некој ќе се собере ќе направите убав стендап.
Абе да ве обожава чоек уста да отворете.

@chef_cook ајде не мора да се правдате, државјанство се добива после 5 години континуиран престој во државата со адреса на живеење.
Или пак доколку државата има национална корист од одредена личност.

За година и 3 месеци тешко дека некој дава така пасош освен ако некој знае да ги "искористи" институциите.

Создравје да си го користите...
 
Последно уредено:

За украинките поинаков е законот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom