Мислам дека на обичен човек му треба 7 години континуиран престој за да аплицира за државјанство.
Тоа за 5 години, мислам дека е од УЕФА за да некој може да заигра за твоја репрезентација (може да има државјанство и претходно, ако државата му даде, ама му треба овој услов за да игра за репрезентација). Во ракомет ко да беше помал периодот за контуирано живеење, плус 2 години да не играл за друга репрезентација (ако не го смениле ова).
Сепак, постои посебен закон за давање државјанство од економски, спортски, културни и други причини. Овие услови не се точно прецизирани, односно се даваат ако државата има некаква полза од странецот. Знам едно време даваа државјанства на секој што ќе инвестира 200.000 евра во една година.
Кај спортистите даваат кај некој што има шанси да заигра за репрезентација. Во кошарка на америве им имаме дадено десетина пасоши, без ден резидентност во Македонија.
Може го спремаме Хориха за репрезентација, бидејќи на последниве квалификации не го земаа за Украина