Голема штета за синоќа.
Резултатот не е реален.
ПСЖ ( од 2012 година и арапскиот наплив на кеш) никогаш послаб, а ние ја изигравме најконкурентната утакмица со некоја јака екипа во гости.
Со малку појќе свежина и концентрација во последните 6,7 минути, можевме да извајме нешто.
Тој зицер на Петар, фрлената топка на Никучо, 2 фаули во напад на Жаре, 2,3 многу чудни одлуки околу судење на пенали за нас, исклучвањето на Жаре, толку треба со големи екипи да се распадниш.
Ама мора да сме реални и кондициски паднавме на крај.
Фитило не моеше да оди последните 10 минути, Хосни исто.
На то се должат тие падови во последни минути, не можиш ти 50+ минути два правци да бушиш и да не ти падни концентрација.
Тука е проблемот, шо пак не ротираме доволно.
Според мене, требаше и мораше појќе да се ротира во второ, да се измеша поставата на бек, да се дај шанса и на Павле, на Цехте на десен.
Да се чуват силите за крај.
Ние се испукуваме во тие први 20 минути кога стварно изигравме топ, и после, ко требаше најпојќе паднавме, то се должи на уморот.
То е, не треба да се жали, изиграа машки, со над 100 % од силите, то е то шо се бара.
Ќе има друга шанса да се скини некој голем скалп, посебно во Ледената, со ваква игра ќе падни некоја ГОЛЕМА ГЛА
Ко сме кај ротацијата.
Неочекуван и пред се непотребен проблем.
Навистина огромна штета ќе биди ако не се реши проблемот со Видомски.
За ваков играч ќе жалиме ако си оди, дечкото е страшен потенцијал.
Никогаш сме немале пред нос ваков играч и ако го испуштиме ќе биди голема штета.
Долга е сезоната, Цехте е склон на повреди, исто и Хосни.
А, бекојте се ударна сила во модерниот ракомет.
Мислам дека за ЛШ е изгубен дечкото, сега и да сакат не можат да го пријават, ама за наша лига можи до крај на Февруари 2026 година.
Несериозно е да објавуваш 5 месеци пред крај на прошла сезона дека потпишваш на 2 години играч, изјави се даваја, очекувања од сезоната, а сега, по 2 месеци од старт на припреми да не можиш да го регистрираш играчот.
А не чека долга и тешка сезона на сите фронтој.
Се надевам дека ќе се реши проблемот, ако треба да се плати нека платат, се освен то решение ќе биди чекор назад.
Без бекој, ништо не прајме.
Недела не чека важна утакмица.
Алкалоид е во слаба форма, ама се одморни, ние сме во налет, но со хендикеп- УМОР.
Тука ако балансира Рубен, да ја регенерира екипата и да изротира појќе играчи ќе биди ок.
Ако играт како вчера би требало да тепаме.
Сега имаме одбрана да парираме на нивниот напад, не е како до лани.
Многу важен меч за понатамошниот расплет во лигата, иако е старт на сезоната,ама оваа сезона е сменат форматот, се пренесват сите бодој во плеј оф, така да нема простор за киксој ко лани, не се пренесват бодој.