vasicot
Soli contra omnes
se e ok s 90% si realen so statusoОд се ова што си цитирал, горе доле не се сложуваме само за ланската сезона
Ако си уште активен на форумов, ќе видиш дека во сите сезони тврдев дека имате подобар состав, особено во минатата сезона и очекував дека ќе освоите. Пред три сезони болен паднав во поразот од Алкалоид, толку беше од сезоната после тоа, да победевме во Автокоманда сигурно немаше да играме ревијално до крај.
Сум заборавил веќе на таа сезона, ама и тогаш за тој дуел ни фалеа некои играчи што ни ја отежна работата во Автокоманда. Сепак, цела вина беше кај нас тогаш.
Сезоната после таа, веројатно имавме најслаб состав низ годиниве. Ни се погоди јапонецот, одигравме топ во Автокоманда, секаде тепавме. Титулата ја изгубивме со Тиквеш, по наша вина. Ако се вратиш во тие сезони, баш ќе најдеш коментари дека ги фалам Тиквеш дека играа машки против вас, безразлика на блискоста на навивачките групи (само последната сезона играа ревијално со вас или толку им беше силата). Не сме излегле со калкулантски состав, туку имавме огромен малер цел тим да ни биде повреден. Беше повреден јапонецот, Николиќ заработи повреда на самата утакмица уште на сам старт Петриќ исто не играше, а ако добро памтам и Јагуриновски се повреди. Па играта ни ја организираше Марко Мишевски. Нема врска Бутинот со тој пораз, господ да се симнеше немаше да победиме.
Повредите се дел од спортот, ние може да жалиме затоа што на полусезона имавме бод предност и ве тепавме во Скопје, тепавме во Автокоманда, ама ете претходно се случи несреќната повреда на Јасухира на азиското првенство и загубивме златни бодови.
За ланската сезона, од старт тврдев дека шансите ни се минимални, особено откако влеговте со бод предност во крајната фаза. Цел фан клуб ме обвинуваше дека сум пресимист
Ме мрзи да пребарувам, ама еве неколку што ги најдов со срчање на Фитиљот
Имаше и некои подолги постови, после СП што ги пишував, ама не можам да ги најдам.
Како и да е, после овие постови вие имавте страшен пад во формата, буквално бевте мртви. На страна победата во Битола, ни се погоди денот, во купот ве тепавме рутински. И најважното останавте без најдобриот дефанзивец. За куп финалето, Кузмановски ги отера цел тим во курац, раздор имавте невиден, публиката за прв пат се сврте против него.
И на крај лабаво тепате во Автокоманда и кај нас, каде што патем имате тепано само еднаш во последни 20 години
Ти кажав, никогаш не сум пишувал теории на заговор, едноставно за овој натпревар имам инсајдерско инфо и уште илјада пати да напишете, нема назад.
Не можам да објаснувам многу, не сакам да се крши статусот на еден екс играч меѓу публиката.
Поразот нема многу врска со вас, едноставно е направен за доброто на партијата, затоа што ако останеше Македонија без ЛШ, ќе се збогувавме за навек од ова натпреварување. А никој не сака да се памти дека во негов мандат се случило тоа.
Кој наместил?
Ја знаеш приказната во Вардар. Михо е еден сопственик, друг индиректно е Борко. Дел од спонзорите беа најдени од него и тренерот беше под негови спонзори. Наредбата за пуштање доаѓа од партијата, Михо е против. Еден од тие на клупа кои веќе не е во клубот е фамилијарно изгорен вмровец. Вардар води 5 разлика, одеднаш на терен остануваме со Танкоски напред назад 30 минути, Томи, Хориха, Георгиевски, Гогов, Мечка и Срдановиќ. Се крши титулата, ние играме со 5/7 македонци, од кои тројца играат како да се хендикепирани (океј, едниот стварно е и уште е во клубот). И нормално вас ништо не ви е сомнително во ситуацијава, не е сомнително што некој веќе не е во клубот, тренерот добива шут карта, дел од тие што беа на теренот исто, а поради комплицираната ситуација со различните струи, не стигнува ни помошта од ветените спонзори, затоа пак каснат плати, не донесовме асални играчи итн.
Види ги тајм аутите, кој не се замара, како нема жар на крајот, ни на судиска одлука се бунат, ни бутур. Не ти е мааааалку чудно ко за натпревар кој решава титула?
На најважен натпревар не му даваме шанса на најдобриот пикер (Коиј)?
Како што кажав, не верував на муабетите што се правеа на собир од наши постари членови блиски со ваши постари членови, ама после тоа се одмота клопчето и не би навлегувал во детали.
Титулата си е ваша, секако изигравте топ сезона и тоа е тоа.
Пресмешни сте со тие форсирања од влади, државни пари, едно друго. Сите спонзори се најдени под притисок на партии. Да не добиваат гаранции од партиите, мало сутра што ќе вложуваат пари. Борко не дава пари од џеб, даваат пари фирми што за возврат ќе добијат некоја бенефиција од државата.
Не знам и за судиите што се обидуваш да спинуваш, кога повеќето се согласија дека добро беше судењето за супер купот.
Еве го моето мислење![]()
pak ne se slozvam i nemozam da se slozam oti rekla kazala pisis muabeti ( ne deka si ti kriv nekoj te lazi ocigledno)
dali seriozno mislis deka na nekoja partija mu e gajle dali mkd ke ima tim vo ls ?
i eve mestena bese ok ajde.. zosto imase bina namesteno za slavje i vlado janevski bese kaparen da pej ? plus borko imal predvideno 7M denari od budzeto na ministerstvoto da vi daj za nagrada kako za sampioni
ne mi e jasno ok ..