Добро изиграја, без победник на крај можи и најреален исход иако пријателски, заебани се Тримо, се гледа дека Тамше работи паметно со нив, од со Раде се за класа подобри....
Игравме без Фитиљо (Мишевски на почетокот кажа дека се работи за вирус), Митревски, Хосни одлука на тренерот, па и Пешевски кој изигра едвај 10 минути, се надевам го штедеше Гарабаја кога виде каква земзела добивме на пикер, каков хабиби, не да ги плукаме и одма да се хејта со лоши коментари, пак е прв меч и не треба да судиме, ама од ова шо го видов во овие 60 минути од него е најслабото "засилување" дај Боже да ме демантира во иднина и да искини и напад и одбрана, ама денес беше катастрофа, напад 1 гол дали даде или 2, одбрана ако не беа Абутовиќ и Хенигман денес имаше 45 гола да примиме.
Хенигман топ, добро е шо е во форма искина и напред и назад, доби солидна минутажа и напред оти го немаше Фитиљо, ќе брка работа и напред да го одмара по некој напад Фитиљо, за назад касап, си доби Илија партнер за


Лево крило мислам Гарабаја ќе си го зацементира Манасков и тоа заслужено ќе е, Петар точно се враќа после повреда, ама не можи онакви зицери да се љуфкат, ај овде подготвителен турнир, ама лш и лигата можи да не кошта многу, одбрана е солиден, по то се познати и со брат му, пргави и жилави мават корнат.
Павле ќе треба повеќе и напред да го користиме, Пољакот има финта и шут, брз е, даде 4-5 гола добри, можи ќе го биди млад е, само не знам колку би добил шанса пред Цехте и Хосни

со послабите противници ќе ги ренда и на крај ќе има иста епизодна улога како Павле Петровиќ како шо мислев.....
Хекбер поделија по едно полувреме со Богдан, освен една контра на која даде гол, реално и не стигна друга топка до него.....
Нинџа очекував повеќе, висок голман долги раце и нозе, се мислев ќе скини некој пенал ама ништо, не е пеналџија ама ич, а тртлавите газиња скопски судија 12 пенали на Тримо, барем да го пуштеше Брестовац на пеналите....
Исто да се напомени дека второто губевме и со 5 гола еден период, па ја свртивме и на крај нерешено....
Ќе видиме со РК Министерство за спорт на РСМ утре со кој состав ќе излезиме, ако не игра пак Фитиљ барем останатите нека ги ротира.