Не оправдувате пцуење, викање, а пишите на јавен форум за некоја "ДЕШАВКА" . да читаат сите индијанци од државата за настанот.
Вака му рекол тој навивачот на Бранче, па овај вака.
И ШО ДА ПРАЈМЕ СЕГА АКО МУ РЕКОЛ?
Абе дали сте свесни дека за овие настани шо ги пишите јавно на форум некој можи серозно да одговара.
Утре некој/на некого можи/ќе му поднеси приватна кривична тужба.
Одговорност можи да има.
Шо се случило и дали се случило нешто е нивна работа, не мора сите да читаат.
Или муабети од типот, го избркале терапевто, Миле економо го избркале.
Вака му рекол, така му рекол.
И ШО ДА ПРАЈМЕ СЕГА?
Пола Битола без работа останаја луѓето, па никој не урлаше толку.
Има кој да води сметка во и околу клубот.
Шо се случило, како се случило и дали се случило нешто е и треба да си остани интерна тајна на клубот.
Си има работникот права, си има клубот како работодавач права.
Си пишите овде, а и на социјалните мрежи ( на официјалната страна на клубот) шо ќе ви текни.
Утре некој ќе ви стегни граѓанска тужба за клевета и навреда, па ќе се чудите после ко ќе се испрајте на суд.
После по тие опомени пред тужби, ќе има извинвање , АБЕ ИЗВИНЕТЕ, НЕ МИСЛЕВ ТАКА, мајтап праев.
И порано имало карање, плукање, по тренери, играчи.
Со јајца се фрлаше едно време
Ама никогаш не било вака.
Да се хејта само.
Дојде странец тренер, уште првио месец го жигосаја.
Ваков, таков.кој те дојсе тебе?
Сите од трибини тренери.
Клај го Кизиќ, клај го Ненад.
Странците, децата, вака да биди, така да биди.
Си има тренер клубот, тој си одговара за успех/несупех.
И еве ги кладе вчера и Ненад и Ќизиќ.
И шо?
Се смени нешто? НЕ.
Кизиќ фати то шо му дозволија да го фати.
Такви проектили и шутој од надвор не се бранат така лесно, тешка артилерија е Алборг, еден од најсериозните кандидати за Ф4 според мене..
Ненад љуфна 2 чисти зицери.
Толку беше силата, изиграа машки, против екипа од светски ранг и нема шо да им се замери за вчера.
Дадоа максимум и не се избламираа, то е то шо се бара.
Да излезат на терен и да влезат со цела сила во утакмицата.
Никој нема да им замери и порази.
И да не се освои титула не е ништо страшно, доколку се оди со целосен фокус и полна мотивација на секој меч.
Срамно ќе биди да не дајме се од себе, во тој обид да се одбрани титулата.