Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
А и оној орелон во позадина на к.р ми одит...
 
Од него ракомет "учат" ако не е тој немаше таму да е и директорчето до сега, сигурно и тој има клаено рака за да играме ЕХФ :P
 
13406834_1009711185802580_8984759997482489662_n.jpg

Само 38 години... :cool:
Јас сум сигурен дека ќе бидиме послаби од лани и ќе го сркниме барем еднаш од на Иве клубчето.
 
Само 38 години... :cool:
Јас сум сигурен дека ќе бидиме послаби од лани и ќе го сркниме барем еднаш од на Иве клубчето.
Шознам...:icon_mrgr:
Не дека сме нешто појаки од лани, ама на Иве клубчето ќе бидат рашлапани двапати во Битола, и то богами со солена разлика ако не се појачат во наредниот период.
Со овај тим шо го имат моментално, лаганица во втора лига ќе си испаднат. :sneaky:
Да почекаме да видиме кој како ќе се појача. :вонзем:
 
Какви епски дуели ќе бидат тие на линијата од 6 метри,Папата версус Фарук.:vozbud:.:duel:
Ако останат вака работите,ние и клубчето на тушнико ќе се бориме за 3,4 и можи 5то место(ако не изненади пак Прилеп и да ишлапат се):icon_mrgr:..
Тушнико според неофицијални информации фрлил 200 К во клубчето,шо за наши услови не е заебанција..
Мите ако е здрав,и ако не го сфатат сериозно голманите можи да изигра некоја партија,Чурлето за наша лига е сосема добар плеј,еден од најдобрите во лигата..
Ако ископат десен бек некој,и голман нема да се лоши,настрана то шо ги нејќиме,ама мора сериозно да се сфатат,ќе ни бидат сериозна конкуренција наредна сезона..
А со кешот шо го имат сигурно ќе пикират некој појјаки странци и ако ги погодат ќе бидат јаки...
Барем во нивното клубче нема да си прат експерименти како шо праеја во Пелистер,играчи од Молдавија и пичкесиматерине.
Ќе видиме,засега сјачваме за нијанса од лани,Колев за наша лига е ТОП ГОЛМАН,иако во поодминати години е голманиште за 90% од голманите во лигата..
Ко шо немавме десен бек,сега со Ивица таму е 100% подобрена работата,ако најдат уште некој странец таму,по можност некој млад за делкање ќе биди топ...
Губиме со Топиќ,и то доста губиме,речиси пола одбрана ја држеше со Папата заедно...
Голема грешка ја напраја со Топиќ,преголема,таман се навикна батето,се уиграа со Папата и го шутнаа,ќе имавме еден од најдобрите тандеми во лигата,ама то е...
Ќе мора еден да се најди шо знај да игра одбрана,касап некој,едно од најслабите места во екипата е ова,со години наназад...
Ако остани Дрогата ќе треба уште еден лев бек за замена,или прва постава па Дрогата да е замена,ако си оди Дрогата два леви бека,клучни позиции во екипата...
На плеј таман сме,а и нема таму слободни играчи шо можи да се земат,нема потреба,ете го Борјанчо е тука,со едно салам делкање можи да се напрај нешто од суртукот скопски:pipi:,посебно шо е играч во два правци...
Пикер замена обавезно,не можи Папата на 34 години сам да турка.Маркудов нека го пуштат на позајмица во РК Лазарови:pos:,или трампа со Вардар за Вилипче:icon_mrgr:...
Крила не мора,таман се,нека заштедат овде,нека фрлат се на бекој и јак дефанзивец(по можност пикер да е):icon_mrgr:
 
Дрогата ќе го примни писмото шо преговарал со клубови а е под договор даден е на арбитража и може да биде суспендиран ама по арно така од колку како фитиљот шо го пријавуваат како повреден во репка за да не бега странство...

Кога веќе читаат на форумот од управата ќе пишев за салата ама ете имаше текст поназад демек ќе се реновира салата шо не вервам оти сите знајме дека не може да се добие простор позади головите но друго ми беше желбата да земат мажоретки барем да има за шо да одиме ние будалите уште шо одиме на ракомет и дунката нека не наплаќа карти кога веќе клубот е само општински шо значи со наши пари се плаќаат играчите стручниот штаб и управата ;)
 
На некој портал прочитав, не се сеќавам кој беше, пишеше за Филип Лазаров и Пецаковски....
Немој да ги лажи умот таа цепејнцата од Лазарови да ја земат :D Пет (5) години беше собирач на топки во Металург на тренинзи, го зедовме тука крена малку од малку чукаше по 6-7 гола, го зеде Вардар, па уште и капитен му беше кај нив :pos::pos: Кој врски ги имаш ти Филипеееее ? :D
Каков Лазаров :kuracc: Нека си оди во Металург пак....

За Пецаковски, уште порано беше поврзуван со враќање во Пелистер, тука тренираше со нас и на крај не потпишуваше, највероватно приоритет му беа понудите од странство, иначе за платата до сега ќе направеа компромис. Сега игра во Тунис, цар си е таму, солено платен, незнам колку би сакал сега да се врати тука, а мислам сеуште е под договор таму....
 
На Wikipiedia ...:icon_lol: (не го земајте здраво за готово:kafence:)

upload_2016-6-24_18-0-33.png

Иначе Томасот вика дека вторник била ждребката за ЕХФ куп, па да се надеваме дека ќе извлечиме некој полесен противник против кој ќе можиме да се преставиме достинствено. Со тој себап и да се корегира малце салата, оти иначе нема ни да ја чепнат ако нема вака некој услов поставен од ЕХФ.
Да се смени паркетот, столчиња и осветлувањето и семафорот да се сменат.
Соблекувалните лани ги реновираја колку шо знам...

Сега да се најди пикер и двата бекој шо ги нашол Касим, да видиме шо играчи се.
За Дрогата како шо знајте сите, даен е на арбитража и треба РФМ да одлучи за неговиот случај. Се збора дека највероватно ќе остани да си го одбработи договорот уште една сеезона тука, пошо Металург нејќат да платат оштета за него а арбитражата највероватно ќе е во наша корист, пошо сите детали од договорот со него биле исполнети. Нема заостанати плати, се било подмирено навреме...

Највероватно чекат да видат вторник кој ќе ни падни противник во ЕХФ за квалификациите, па според то ќе се одвиват и наредните трансфери.

p.s.
Да не знај некој кој ќе му биди помошник тренер на Касим и шо се дешава со младинците, дали ќе пријавиме екипа во кадети и младинци и ова сезона?
 
На Wikipiedia ...:icon_lol: (не го земајте здраво за готово:kafence:)

Прегледај го приврзокот 150991

Секој суперлигаш задолжително мора да пријави младинска екипа :)
 
Мојсо вчера си крчкаше Пајтон :D еден од омилените локали на директорчето, сега дали на повидок е да пукни бомбата или пак на гости си беше кај баба :D
Како и да е мислам Мојсо ќе дојди во Пелистер, ако не оваа, следната сезона со сигурност ќе игра овде...
Се очекува набрзо да се дознај се, бомба бр.104 веќе на виделина :D Наскоро информации:uzi:
 
Ќани ќе биди помошник на Камемица баш штета шо не му најдоа друга работа од партија на Игорче ;)
p. s. Ушлето колку шо знам Касим не го сака туку ќе бара деца...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom