Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Ебе сега читам ви се исполни една од желбите го сменале капитенот на екипава. Димитровски ви е новиот капитен. Инаку каде е на сликава Топич?? Го нема или јас не го гледам?
 
Ебе сега читам ви се исполни една од желбите го сменале капитенот на екипава. Димитровски ви е новиот капитен. Инаку каде е на сликава Топич?? Го нема или јас не го гледам?
11 e topic
 
Ова беше најбитното нешто, ќе треба оваа просторија, до сега ако се вадеја на муабет дека не праеле пресс затоа што немале просторија- ЕВЕ МУ БУЈРУМ ! Макар и во сала на тренинг ќе ги викнам ќе дадам прес, шо треба како треба, уште сега ако не излегваат на прес ќе треба да ги обесиме во просторијата :icon_lol:
 
http://makrakomet.com/borjan-madzovski-e-igrac-na-nedelata-09-11-2015-15-11-2015/

уште прв пат ко видов каков играч е против Прилеп на првата пријателска знаев дека ќе го бива... одличен играч ако се поработи уште малце со него во иднина гледам нов предводник на Пелистер. Нека гледат овие "звездите" наши како се игра од душа. Браво Борјане!! :bravobe:(y)(y)(y)
 
Абе се убо,одамна ни требаше ова(y),ама она таблата шо ја кладоја можеа да ја напрат малку поголема,или некако да клат некој лепенки на ѕидот,толкав ѕид а толку мала табла,личи како во некоја визба да се собрани,а зад нив една сталажа со ајвар и бланко ѕид..:pos:
Иначе уба идеја,секаде прес собите се во рамките на салите,не да дават изјави од пред сендвичари,или во клубот....:tapp:
Уште ИГРАЧИ ДА ДОНЕСЕА НА НИВОТО НА КЛУБОТ ЌЕ НЕМА КО НИВ:icon_mrgr:
 
Утре играме со Прилеп?
Многу неажурни сте бе,никој не пиши ебаго,а ко ќе треба гомна да се јадат по 3 страни за ден полните.:boksix:
 
Денес во 6 е со Прилеп ЧОЕЦИ...:D
Спремајте по 5 бона за Дунката.:zloo:

За инает на Вардар и негојте "фан-ОЈ"од Битола...:kuracc:
Нека патат:icon_mrgr:Денес ќе се видат правите навиЈачи на Пелистер...
САМО ЕДНО ИМЕ ЗНАМ:pipi:
П.С.
Тешка утакмица ќе биди,нема да ме чуди да не чукнат,реално подобра екипа се,и подолга клупа имат,за разлика од нас.....
А покажаја дека знат да играт на гости,за разлика од нас:гик:
Не се само Шаренац и вештеро Рајичиќ....
Имат и други играчи,добри крила во Петковски и Турченко,ете и онај пикеро Србино шо го зедоја се разигра,плус Пеце Георгиевски...
На бек тука се уште и Ангелески,Бозаро и уште еден Србин...
Се на се Томче Мајмуно напрај уба екипа,а и добри резултати имат...
Поопасни се во второ,ете и со Радовиш и со Мрк си тепаја,а губеа во добар дел од мечот,иначе и тие се ко нас нестабилни,и знат да изгубат кај шо не се очекува,како шо беше поразот со Борец во Велес...
Како и да е,по традиција си ги дешкаме во Битола,а според мене мислам дека имаме подобра екипа,ама НЕПРАВИЛНО РАСПОРЕДНА ПО ПОЗИЦИИ:pos:
Мислам дека ќе биди тврда утакмица,со малку голови,за разлика од останатите мечеви на Прилеп кои ги игра на гости..
Ако не се разбрани вештеро мислам дека ќе тепаме,нормално под услов да има барем еден расположен бек во линијата,за пикерите и крилата не берам гајле....:icon_mrgr:
 
ako nema novi karti ne plakam neznam so da e[DOUBLEPOST=1448206489][/DOUBLEPOST]http://tera.mk/dimitrovski-nov-kapiten-mozhni-vrakana-na-petsakovski-i-boseovski-vo-pelister/[DOUBLEPOST=1448209240][/DOUBLEPOST]Исто така индиректно Пелистер покажа интерес за ракометарите на Макс Струмица кои потекнуваат од школата на клубот. „Точно е дека имаше шпекулации врзани со имињата на Босеовски и Пецаковски. Јас можам да ви кажам дека нема никакви преговори, бидејќи ракометарите се под договор со Макс Струмица. Ние по никоја цена не сакаме да навлегуваме во нивните проблеми, ниту да ги влошиме односите со струмичкиот клуб. Ракометарите ги познаваме многу добро, Босеовски е наш ракометар на отстапка во Струмица, а за Пецаковски не треба да се трошат зборови. Доколку се слободни и се укаже шанса, ние ќе бидеме подготвени“, истакна Стевче Стефановски.
- samo taka oti nie ko imvme problemi ne ni gi zedoja skoro site rakometari ... zemajte duri mozite i + canturija barajte go
 
Последно уредено:
Пелистер-Прилеп 26-28
Џабе и судиска помош имавме,Прилепчани поштено си победија.Мислам дека ги изгубивме шансите за плеј-оф,не ни заслуживме да бидиме таму,нека се кршат во плеј аут.:blablab:
 
Очекувано,додека останатите го "бодреа"брендот на националниот сервис,околу 300"улај луѓе"денес бевме сведоци како Пелистер стигна да губи од Прилеп,и то како изгубивме,машки,лекција по ракомет ни одржа Прилеп..:bravobe:
Како шо очекував,го разбранивме вештеро и на здравје..
Греој сме ние бе,поотепана екипа нема од нас(Борец и Металург не влегват во изборот):icon_mrgr:
Едно 10 чисти зицери му фати,еден на еден чисти шутој,алал нека му е,пак нека му шуткат горе...:tapp:
Обично си се поставува дечкото,се шири голмански овие дирек во него,па да го годеа намерно немаше толку пати да го погодат...
Во напад Прилеп беше небаре ПСЖ за нас,како само си играа паметно,секоја чест,и то да потсетам играја без еден од најдобрите,без Бозароски...
Нека учат нашите како се игра во напад...
Ејјјјјј,да не знајш обичен вишок да напрајш,да искористиш играч плус,е па нема шо да се прај муабет..
Шо сакавме не знам денес појќе,не знам стварно..
Преку 10 и кусур исклучвања имаше Прилеп,секоја втора акција со играч плус бевме,уште гол да клаеја Начевски и Николов за нас,ко не знат нашите...:tapp:
Онакво НЕЗНАЕЊЕ не е случајно...
Џабе дерење по играчи,џабе по судии,кај нас не чинат работите..
Да немаш ти акција никаква,а играш скоро пола меч со играч појќе,ејјјј...
Играме демек одбрана,со два фластери на Шаренац и на тој кепецо со бр 4,и 4на 4 ни играја со нашите,на моменти и 2 на 4 и си шуткаја како сакаја,како на тренинг,овие нашите слепците на линија бранат бе..
Е шо мислите,нема да се осмелат да шутнат?Ко вас се?незаналици едни..
Освен Богдан,мсе друго во напад беше очај невиден..
Дрогата јаде најмалце 5 банани само во второ,да не прајме муабет колку топки над гол ги мана..
Борјанчо малце подобар,ама и тој еден куп грешки..
Чалето не знај кај тера и тој,џабе го мачат,пак не заврши меч,го зедоја в нога денес,мајката си ја кара шо дојде овде,го отепаја...
Не можам уште да се изначудам како е можно да не знајш обична акција да не можиш да напрајш бе,ејјј,резили невидени,шо тренират овие бе џабе не знам,џабе термини фаќат:ban:..
Време е Ќани и Кире да си ги спаковат куферчињата и нека си се фатат со работа со младинците,реално за таму се,нема шо да се кажи друго,и така сезоната е одамна изгубена...
Се изгубија и тие тотално,се дерат по играчи,му се дерат на Арсиќ,го понижват онде,демек ИЗЛГЕВАЈ ВРСКА НЕМАШ,е шо да прај тој ко никој не изглегва на играчот,слободно си шуткат од кај стигнат,не се криви играчите,тие се играчите,криви се тие шо ги дојсоја(читај координаторот):tapp: и тие шо ве кладоја вас.шо му давате неограничени кредити на Дрогата,незаслужено и шо не знајте две акции да му кажите:tapp:....
Нека седнат малце нека ги изгледат тие стримојте на You Tube,од утакмиците на Охрид,Прилеп,Радовиш,да видат како се прај една екипа,сигурно тие немат поголеми буџети од нас,а за нас во моментот се како од друга планета,а овие нека се замислат до кај ќе терат вака...:tapp:
Не можам да се изначудам како е можно да сме толку слаби,очајни,греој сме...:ban:
ВРЕМЕ Е ЗА МЕТЛА,И ТО САЛАМ МЕТЕЊЕ ТРЕБА,ВО СИТЕ СТРУКТУРИ....
 
Џабе е метла кај нас кога не се знај шо ќе биди после избори... Да имавме независна (од политика) управа па ајде овде да се думавме кој тренер да се донеси кои играчи да се приберат. За жал ние зависиме од ''добрата'' воља на оној лигушот и пајташите околу него, и се дури е така ќе се тресиме дали клубот ќе опстој наредна сезона. Ако гледаме на назад се шо фатил исушил, лани до последен момент се надевавме за фудбалот дека ќе се спасат а у... Си ги испраја парите и збогум со здравје, го нема нигде оваа сезона да кажи нешто, некој коктел да напрај.
Истото е и со ракометот... Од сите оние силни најави, еве декември дојде ние не шо немаме една постава коректна во однос на името РК Пелистер, ние немаме ни еден комплет опрема да личиме на нешто барем, ни оптичка варка не му сме на другите екипи.
Ако 6 месеци го варосваја она одајчето и се думаја кај да го клат бирото и панелот со сите тие силни спонзори кои ебан денер не даваат тогаш фала ама без управа сто пати поарно ни беше, барем не се надевавме на ништо.
Не е работата шо сме на дното од табелата или шо не можиме никој да победиме... Проблемот е како се работи кај нас, oдносно не се работи. Се трупат играчи без врска колку само да се кажи нешто во весниците кај нас, а секој еден малце од малце шо разбира ракомет му е јасно дека требат уште цел комплет бекови и две десни крила. Ајде Пискачо и тој другар му не разбират, ама Цревото? 100 години е во ракометот, не е некој вчера шо се појавил... Знај да излези кај Зоки и да цепидлачи кој од халфојте заспал а кој напрајл безвезен фаул, а не знај дека ние не знајме кај тераме со селектирањето на играчите.
Па уште и нејќеле да се мешат во проблемите на Мац. Во превод немат пари да му дат на Пецако да се врати или тој ги заебава му бара поголема плата од таа во Струмица шо ја зема. Босеовски е сувишен кога ги имаме веќе Коко и Игорче, или добро треба да се спремиме со по 5 крила и 5 пикери за плеј аутот. :X3:
Нема да ми е жал за оваа сезона, нема ни за наредните 2 да ми биди ако знам дека цело тоа време организациски се засилуваме и дека играчите напредват и дека за 2-3 години ќе имаме екипа која ќе му се качи на врат на Вардар.
Ама пак да се вратам на почетокот, ни Господ не знај дали како клуб ќе опстоиме после изборите, така да џабе се сите планој и сите нервози моментално...
 
Сериозно изгубивте од Прилеп бе ало? :cautious:
Ни ги уништивте сите надежи за плејоф на "Џуниорите" :вонзем:
Сте ја наместиле сто посто :чда:
 
Незнам оти очекував и се надевав на четири победи со ред но по поразот од Прилепчани очекувам потоп кавги поделби и префрлање на одговорноста па така наместо прво ќани да го сменат тие се фатија за голманот :confused: а шо може да се очекува после коментарот на фб
РК Пелистер АД.
Во иднина сите недолични коментари, и коментари кои содржат и потикнуваат омраза ке бидат избришани. Оваа е информативна страна и е дозволена секаква дискусија но онака како што доликува.
Спортски поздрав!!!

Ова е врв !Наместо да ја признаат грешката и вината тие ќе бришеле коментри па уште малку и влез да му забранат во салата на тие шо критиковаат ќе фали :mad: резил бе то двојче кај се фати се исуши !
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom