Дали бе вистина првата од овие изгубивме 10 разлика кај нив ?
Тотален промашај се овие Радовиш, како собрале до сега 18 бода незнам....
37:33 конечен резултат. Од почетокот па се до крајот Пелистер водеше, цело време резултатот се движеше 3-4 разлика за нас, на 10 минути до крај имавме и најголеми +8 разлика, на полувреме само беше 17:15, Блажевски труп кај нив, не се ни виде, тој добар му беше средниот бек србин највероватно беше српски збораше со број 6, исто и играчот со 69 не му беше лош, другите му се за во отпад...
Кај нас бекојте рапукаја оваа утакмица, Дрогата одличен, Фитиљот конечно изигра и тој добро после 3 лоши утакмици, ама и на оваа утакмица го залепија на 2-3 пати, детето е себично се гледа сака сам да игра или прај пробивање или ќе го залепат, двата заедно со Дрогата постигнаја сигурно околу 15 гола, Папата мислам најефикасен беше неможеше да му се добројат голојте сигурно над 10 даде

Голманот Симоновиќ солиден, има квалитети, да го имавме со Дукла наши ќе беа, фати 2-3 зицери 1 на 1, после второто го сменаја влезе Јовановски(детето со зелените патичиња) алелујааа кој одбрани 1 пенал

па при крајот влезе и Нечков така да сите 3 голмани добија шанса...
Арно дававме голој, ама дури да се вратат нашите во одбрана, тие одма контра ни праеја и примавме брзи голој, зато паднаја 70 гола. Ќани ќе пукнеше од нервоза кога примавме вакви голој, поцрвена целиот


Не сме лоши со оваа екипа, мислам сигурно ќе влезиме во плеј оф !
Како бе Блажевски слаб?
Не заебавај...дечкото машина е...
Само шо нашите индијанци така го испуштија...
Онакво дете да го избркаш треба да си стварно ретардиран,исто и за Јанев,Оса и Чурлето....

Ќе бараме такво дете,брзо,набиено,техничар,знај да извлечи удар од било која позиција,едноставно крило по сите стандарди....
Вчера 6 гола ни бапна,можи имаше некоја грешка,ама она вчера појќе личеше на тренинг отколку на утакмица..
70 гола паднаја на Македонска Лига...

Тренинг....и со 7 играчи во поле ги отепавме...
И Симоновиќ ептен лоши проценки имаше,ама можи не треба да му се замери оти одбраната пред него беше дупе....

Толку да се нема сенс да се излези на играч јас не знам стварно шо мислат?

Му иди играч на 7 метра и дури тогаш му текнува дека треба да се помести малку понапред....
Прво и основно правило,
ИЗЛЕЗИ НА ИГРАЧ ШО ШУТИРА...ај разбирам да се некој бекој од екстра класа па да не можиш да се одбраниш,ама вакви бекој да те решетат е срамота....
Исто и со Охрид,исто и со мочковците на Минчо....
Па во било која екипа да одат да играт надвор нашите,ко ќе видат шо одбрана играт ќе му ги манат клоците...
Ќани ќе ја искршеше тендата над клупата...

како ја зеде еднаш со раката во прво полувреме,си реков ојде си еба пиперо....
Е сега не се тие криви,не можи да играш ти 60 минути,па макар и да си млад ко Фитило и Дрогата,мора одмор...
Појќе се должи на уморот,оти играме со 7,8 души цело време...
Ако има екипа во првенството шо поспоро се трансформира од напад во одбрана јас ќе го сечам...

Шо беше она бе , бркајнца на терен...

Дрогата ме бендисва шо расти во формата од утакмица во утакмица а онај тикварот Фитиљо само стагнира. Очекував обратно да биди , ама како шо глеам нема да го биди то дете.
Има талент , ама празен е во глата ептен. Како некое идиотче ми е ....

Најмалце работел на тренинг , не примал многу совети . Плус на сето то ко ќе му додајш дека секој викенд е со чашата в раце уште на тие години , се знај шо ќе биди.
Не му предвидвам кариера него . Сличен тип ми е на Пецакот . А и од младо влечи повреди нонстоп.
За Дрогата кажав погоре ... Браво!

Се труди ,работи , не се пусти , води здрав живот и шо е најбитно слуша совети и прима критики.
Имал понуди за во други клубој во Македонија , ама нејќел во ниеден друг клуб да игра тука , освен во Пелистер. Највероватно странство ќе бегал на лето во Романија.
До крај на ова сезона останвале сите. Никој не бегал на зима.
Следна утакмица мислам дека е со Зомимак таму во Струмица .
Би требало убо да не издешкат струмичани . И тука во Битола кур-ташак си играја , можеа да не тепат колку сакат.
Таму едно 10че ќе не почастат ваљда а кромидот дома ќе му го дај Пискачо ко ќе се вратат Битола.
Да не ги јади киселини по пат...
Табела
Зомимак М 33 (-1 меч)
Металург 2 24 (-2 меч)
Прилеп 22 (-1 меч)
Радовиш 18
Пролет 18
Пелистер 18 (-1 меч)
Охрид 17
Работнички 13
Преспа 6
Текстилец 0 (-1 )
Фитило влезе во филмој дека е звезда и зато почна да паѓа,предвреме му напраја филм дека е првотимец,дека е главен и му остаја голема слобода во играта...
Ама реално и не треба да му се замери на Фитило,па ни на Ќани и Кире..
Ко нема кој да игра ќе игра Фитило то е..
Иначе реално детето појќе од 20 минути не треба да игра,постепено да се делка,,
Ама со ваква поставеност на екипата,со вакви тренинзи,неблагодарно е да бараме играчи да напрајме...
За млади играчи да делкаш треба многу работа и многу пари...(турнири надвор од земја,јаки тренинзи,јака исхрана,прпфесионализам како шо кажа ти,да не се пустат по меани и Поизтиви)

Ама ко ни е клубот распашана команда,ко немат децата земено плата 4,5 месеци од ко се почнати на кој му е гајле дали Фитило напрајл 10 пробивања,или дека го пуштале по семки во одбрана...
Ако сакаме да личиме на екипа ќе мора да се средат прво основните минимални услови за да тераме:значи прво плата да има редовна,колку толку да земат по некоја банка,да има припреми шо личат на припреми,а не земват онде странци,ги држат со месеци без право за настап,а нашите играчи немат банка земено...

И пред се да се напрај една управа,оти ако останат овие и в лето ќе го клајме катанецот..
Не тераме далеку...
В година влегва Мрк,Борец можи да напрај екипа и ние ќе бидиме први кандидати за да испадниме...
Зато ако не се среди сега овие месеци работата,ништо не прајме.....
П.С.
А за утакмицата со Струмица..
Абе аман не се ништо и тие,обична просечна екипа какви шо има по 10 секое нормално првенство....
Имат само неколку играчи шо делат од нашиот бош-суперлигашки просек(Везенио,Чантурија,Павловски,Јанев,и Пецако би го клал ако е здрав и сериозен,Младеновски не е лош)..
Ова ти се играчи горе долу ко Николиќ,со разлика шо Струмица има неколку такви,а ние иаме само еден,и шо имат тие клупа...
Ние да ги имавме Оса,Чурлето,Пискало,Свежио,Јанев,Бесараб,еден солиден десен,и Папата,Николиќ,Дрогата,Игорче гла сечев дека ќе ги чукневме среде Струмица...
Ама да имавме нормални услови,а не ко лани,купи ден помини....
Не се свесни какви деца си испуштија лани,за да платат дрва ко Вакаруз,Јуравлиов и ги плаќаше тушнико за да играт фудбал со Пискачо по селата....

[DOUBLEPOST=1417946559][/DOUBLEPOST]
Битолскиот Растко Стојковиќ..
