Па добро де така се погоди последно коло Металург да го игра во Битола и овде титула да слави, па и Пелистер на времето се погодило титула да слави во друг град, незнам тука шо е спорно, сега знам шо ви е муабетот дека скопска екипа да не слави титула во Битола, кои порано едвај спасвале жива глава овде кога биле од сите страни летале шишиња, пари, чакмаци, ама сега всала има многу ИНДИЈАНЦИ ! Поминаја тие стари слави кога со специјалци ги носеле играчите до соблекувални особено кога игравме со Вардар.
Титулата се бараше меѓу Вардар и Металуг сезонава и тие два нивни дуели решаваа СЕ, откако Металург ги тепа со 9 разлика во Автокоманда решено беше кој ќе биди нивиот шампион, ниту една друга екипа од нашето првенство неможи да му парира на двете скопски екипи оти се КЛАСИ над другите !
Џабе некој кренаја еуфорија безвеза, само со Циндриќ да ни дојдеше Металург ќе не тепаше, неможиме да му парираме моментално нив имаат огромен буџет и звезди во тимот. Не гледате и сега и со Вардар ко игравме со 40% напор играат играчите, ако сакаја ќе запнат малку и одма 6-7 разлика позитива си прат.
Заслужено се шампиони според прикажаната игра во шампионатот, ние му париравме само 20минути, кога се држевме добро беше нерешено или 1 до 2 негатива. Вугринец не отепа 11 гола од кој 4-5 сигурно од пенал му беа, Манасков на контри и тој не уби, Атман со ударите од чекор бомби мава и то е то неможи никој да ги задржи овие.
Кај нас Дрогата беше добар, Бесараб со одлична утакмица мора да се задржи во екипата и Оса не беше лош ама и неколку топки ги еба. Крилата отсечени ни се на секој меч, мора да се барат тука нови играчи. Свежио прво полувреме ептен слабо, второто фати некоја добра серија се на се 12-3 одбрани ако имаше, го отепа Вугринец со сув лист, не го прочита дека само такви му мава на пеналите. Од другата страна Станиќ се разбрани многу 3-4 пенали фати сигурно, плус 1 и Митревски, буквално не откажаја...
Публиката ме разочара, очекував многу поголема посетеност плус Недела ама ништо позабавно му е да си гледаат на ТВ и Чкембари катастрофа во бројка едвај 50 души се собравме, ама навивањето беше добро.
Интересен ми беше Ванчо Димовски пукна од нервоза првото полувреме дури се држевме резултатски, се скапа нервирање, почна да се моли, се гледа на трибини се чуди, си мислеше лесно ќе се дај Пелистер и без мака ќе тепаат тука во Битола. Абе чекај дебели !! Ние сме клуб во кој играчите си ја бранат честа на клубот, играат за реномето на клубот, колку шо можи ќе се држиме ! Овај си мислеше играт против Тинекс Пролет и ќе тепат 42-18.
Друг интересен момент 6 разлика води Металург, се враќа Пелистер со 3:0 серија, се крена атмосферата и видоја играчите на Металург дека се крши резултатот, немаат игра и Атман оди кај Лино му вика ТАЈМ АУТ, ТАЈМ АУТ

и овај одма картончето на маса го кладе

И Станиќ еднаш му се пушти на клупа кај Јоноски и Велко кога Бесараб со одлична финта седна 3 на газ од Металург цела одбрана му ја помина и му даде гол на Станиќ и овај одма скокна на клупа му се пушти, бараше пожива игра во одбрана да не врват лесно играчите
А за овие децата шо се сликат, толку разбират и присилно нивните родители ги пуштаат да се сликат со Атман, Вугринец или Дибирив, Душебаев. Му викат ајде "тато" оди сликај се со Атман, тие се мали шо разбират и со трчање одат, тие се криви нивните родители бркање од сала. Ако веќе решиле да се сликат, зошто не се сликаат и со нашите, аххх Битола, Битола какви индијанци ни влегват всала сега од најракометна публика сега сме
= 
То е то, порано Атман и Дибиров можеше да ги гледаш на европско за Русија само на ТВ, сега пред очи ти играт во твоето првенство, парите го вртат светот...